Цвеќиња за детски насмевки на 20 ноември
🧤 Што може да биде поубаво на 20 ноември од раце извалкани од земја, полни со ентузијазам и детски џагор во дворот? 🌱😊
🌻 Малите членови на еко тимот, заедно со наставничката Билјана Јовчева, го претворија одбележувањето на денот на детето во вистинска мала еко авантура! 🌿
Во гуми претворени во шарени жардиниери и во полни саксии никнаа есенски бои што го разбудија училишниот двор 🍂🌼💛❤️ – затоа што и природата има потреба од внимание, исто како и секое дете што сака да биде слушнато, сакано и поддржано 🌈.
Со секое засадено цветче се раѓа и по една мала лекција за трпение, блискост и грижа еден за друг 🤝🌸.
Детето расте кога има простор да создава, да зборува слободно и да чувствува дека неговиот глас се слуша и се почитува 🌟.


















Поврзани содржини