Децата не се раѓаат со предрасуди

                   Во рамките на проектот “Децата не се раѓаат со предрасуди“ на 25.11.2021г. се одржа онлајн средба помеѓу претставници од Здружението СОЛЕМ и учениците од 6-2одд., 6-4одд. и  наставници од ООУ “Дане Крапчев“-Скопје. Учениците се запознаа дека  оваа организација  заедно со возрасните лица со интелектуална попреченст  работи за нивно информирање, охрабрување  и оспособување, со цел остварување на нивните човекови права и поголема вклученост во заедницата.

 Се запознавме со Ива и Александар кои ни се претставија, ни кажаа каде го завршиле нивното основно и средно образование и со што се заниваат.  Ива ни ги презентира активностите на лицата  во ова здружение  на граѓани.

Од страна на Здружение СОЛЕМ е основано првото социјално претпријатие „Handicrafts4u“ каде што тие  и возрасни лица со интелектуална попреченост изработуваат производи за секојдневна употреба кои може да се брендираат и да бидат уникатни согласно барањата на клиентите – организации, компании. Преку оваа работа тие ги развиваат вештини со кои можат активно да придонесуваат во нашето општество.

Ива ги запозна учениците со Конвенцијата за правата и потребите на лицата со посебни потреби.

Во понатамошниот тек на средбата следеа прашања од учениците за “Глада Худик Театар” и соработката со Здружението СОЛЕМ и прашања кои беа поствени кон Ива и Александар за нивните  активности, интереси, желби, хоби, но следеа и обратни прашања на кои одговараа и учениците.

                На оваа средба секој  научи нешто ново, запознавање и ново пријателство кое ќе трае и ќе има понатамошни дружби за споделување на мислења и идеи и постигања.

Направи со мене, а не за мене

На 16.11.2021 год. во Даут-пашиниот амам, од страна на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје беше промовирана збирка со литературни творби со наслов „Направи со мене, а  не за мене“ напишана од ученици од повеќе општински училишта. Наши ученици и нивните ментори преку своите литературни творења како и преку учество во online работилници дадоа свој придонес кон градење на инклузивната клима и подигање на свеста за прифаќање и почитување на различностите,  особено во делот на врсничка соработка. Делата на Христијан Гочевски-Иваноски, Ања Јовановска и Гораст Стојановски од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се едни од делата кои ја збогатуваат оваа збирка. Овие ученици на еден креативен и инспиративен начин ја отсликуваат потребата од промени кои се случуваат во општеството кон постигнување на еднаквост и рамноправност на секој поединец.

ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје доби благодарница за хуманост и соработка.

Сертификати за учество на конкурс за избор на најдобра литературна творба доделени на учениците:

Ања Јовановска

Христијан Гочевски-Ивановски

Гораст Стојановски

Ангела Анѓелкоска

Ангела Илиевска

Илина Нестороска

Ева Наумовска

Михаела Димчова

Бојана Филипова

Признание за учество на литературен конкурс доделени на наставниците – менори:

Катица Стојчевска

Ивона Миленкова

Билјана Трајановска

Лидија Ѓорѓиева

Објавените творби во збирката на учениците од нашето училиште може да ги прочитате на линкот од блогот „Дружината на Дане Крапчев“

22 Ноември-Ден на албанската азбука

Денес се навршуваат 113 години од денот кога во Битола на 22 ноември 1908 година, во зградата каде што бил сместен клубот „Башкими“ се одржа Конгресот за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

Битолскиот конгрес за создавање на една, единствена азбука на албанскиот јазик се одржа во периодот од 14 до 22 ноември во Битола со учество на, како што се наведува во документираниот повик, Албанци геги, тоски, странци и посебно филозофи кои биле заинтересирани за отвореното прашање. За албанскиот народ, „Битолскиот конгрес“ беше најважниот настан во почетокот на XX век, каде од неговите резултати на 28 ноември 1912 година е прогласена и независноста на Албанија. Со ова, 22 ноември останува ден за помнење за албанскиот народ, познат како „Ден на азбуката“.

Денес е Светскиот ден на детето

Денес е Светскиот ден на детето! Одбележуваме точно 32 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите Нации. Точно 32 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права.

Но и денес светот се соочува со истите предизвици, како и на почетокот. За жал се уште има деца кои живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна, без пристап до чиста вода за пиење, без можност за образование, здравствена заштита. Има деца кои се жртви на насилство и злоупотреба.

Токму затоа, не само 20 ноември, туку секој ден треба и мора да биде ден на детето. Нека бидат среќни секој ден. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги. Ако вашиот син сака да биде полицаец, а вашата ќерка сака дабиде балерина, почитувајте го тоа и поттикнувајте ја нивната љубов кон тоа. Охрабрувајте ги и носете ги на места каде што ќе може да се запознаат со работите за кои чувствуваат страст. Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот.

Борбата за унапредување на детските права продолжува.

За нас секое дете е важно!

Се грижиме!

– Најдобро се открива душата на општеството преку начинот на кој таа се однесува кон своите деца – Нелсон Мандела.

– Нема седум чуда во светот во очите на детето. Има седум милиони – Волт Стрејтиф.

Нека е честит Светскиот ден на децата!

13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

На 13 ноември пред 77 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

„Ладно есенско утро, 13 Ноември, 1944-тата година. Партизаните се подготвуваат за борба. Срцата бијат како едно, мислата е насочена само во слободата и другарите, со кои можеби ова ќе биде последната средба“ – на ова се сеќава Пенка Кралевска, тогаш една од најмладите партизанки во 12-та Ударна бригада, која учествувала директно во ослободувањето на Скопје.

„Со бригадата бевме стационирани на Водно, се спуштивме кон Офицерскиот дом. Се сеќавам на најзначајниот момент во мојот живот, кога по долга борба низ скопските улици, татнежот на оружјето и стравот во душата, го поставив знамето на врвот од Офицерскиот дом. Драга, мојата другарка, го даде својот живот и до последната минута им помагаше на ранетите. Таа како болничарка се обидуваше да помогне на ранет војник пред училиштето „Гоце Делчев“, кај денешното Друштво на писатели, но тоа беше нејзината последна задача.

Токму тука загина Драгана. Со неа заминаа уште многу наши соборци, другари, роднини, сограѓани кои исто колку нас го сакаа градот и живот што пулсираше низ него, сè додека војната не го зави во мрак. Драга, мојата другарка беше погодена од непријателскиот куршум, во обид да го спаси својот соборец. Таа загина, а тој ранет успеа да се избори со смртта.

Тогаш ми се мешаа чувствата, емоциите и желбата да се успее во намерата да се ослободи градот од окупаторот. Кога стигнавме пред Офицерскиот дом, едвај ја разбивме вратата, но успеавме да стигнеме на врвот. Знамето се вееше гордо и праќаше порака: СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!

Наст. JРоза.

Еко акција по повод денот на Општина „Гази Баба“

По повод  денот на Општината 3 Ноември и 45 години од формирањето на Општина Гази Баба,  ученици  од нашето училиште Дане Крапчев ,заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба  засадија 45 борчиња во паркот Ченто.

Учениците со големо задоволство се вклучија во еко акцијата за садење на садниците. Преку изработени еко пораки  и еколошки песни тие потсетија на важноста од одржување и негување на животната средина.