ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

По повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември, во нашето училиште беа реализирани низа интересни и креативни активности со цел да се истакне богатството на јазиците, културите и различностите што ја обединуваат Европа.

Учениците од предметната настава спроведоа анкета со случајни минувачи, поставувајќи им интересни прашања поврзани со европските јазици. Преку оваа активност учениците имаа можност да комуницираат со граѓаните, да стекнат нови искуства и да ја истакнат важноста на изучувањето и познавањето на странските јазици.

Посебно внимание привлече рецитирањето на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на повеќе јазици, со што учениците ја претставија убавината на македонскиот јазик и литература, но и јазичната разновидност во Европа.

Учениците од V одделение придонесоа со прекрасна музичка изведба, пеејќи детски песнички на повеќе европски јазици.

Со овие активности испративме порака дека јазиците нè поврзуваат, ја збогатуваат нашата комуникација и ни овозможуваат подобро да ги запознаеме другите култури.

Да ги негуваме јазиците, да ги почитуваме различностите и да градиме мостови преку зборовите!

22 Септември – ЕВРОПСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Нашите петтоодделенци денес го одбележаа 22 Септември – Европскиот ден без автомобили со многу идеи, креативност и активности.

Креираа пораки и ликовни изработки,

разговараа за придобивките од пешачењето и велосипедот,

размислуваа за почист и побезбеден сообраќај,

а преку практична активност ги споделија своите пораки за почиста животна средина.

Малите чекори создаваат големи промени.

Повеќе пешачење, повеќе велосипеди, помалку автомобили – ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ И ПОЗДРАВО УТРЕ

Кога децата ќе земат боички во раце, сè станува поедноставно….

​Денес училниците ни замирисаа на креативност и добрина. Се собравме, разговаравме за тоа што значи да си добар другар и зошто ни е важен мирот, па децата ја преточија целата таа енергија во овие прекрасни цртежи и пораки.

​Секој исечен гулаб, секој нацртана дланка и секој напишан збор беа нивен мал начин да кажат дека светот може да биде подобро место.

​Искрено….овие нивни мали уметнички дела и искрени мисли денес ни го стоплија срцето на сите. Погледнете ги фотографиите на фб, да видите што направија

ЖАБЕЦ – УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА И КРЕАТИВНОСТ

Преку креативна работилница, денес нашите ученици со едукативниот центар „Жабец“, го создаваа својот училишен еколошки двор!

Истражуваа, креираа, играа и со многу фантазија ги претвораа своите идеи во мали LEGO креации. Преку заедничка работа, учеа за значењето на зелените и уредени училишни простори.

Ден исполнет со детска љубопитност, насмевки и креативни идеи

16 СЕПТЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА

Вредните раце и љубопитните умни глави од III-2 одделение денеска ​преку креативни изработки, цртежи и едукативни активности научија:

​Што претставува озонската обвивка и зошто е важна за Земјата

​Кои се штетните сончеви зраци и како правилно да се заштитиме

Како нашите секојдневни навики помагаат во зачувување на планетата

​ ​​Ја чуваме озонската обвивка – ГО ЧУВАМЕ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ИДНИНАТА

Прием кај Претседателката за нашите СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОНИ!

Денес, нашите талентирани ученици беа дел од свечениот прием во Вила Водно организиран од претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование Весна Јаневска.

Горди сме што успехот и второто место во светот на нашиот тим се препознати и вреднувани на највисоко државно ниво!

ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА НАЈУБАВАТА ПРИКАЗНА!

​Со насмевки….шарени балони и топли прегратки, ги отворивме вратите за нашите нови првачиња!

​УЧИЛИШТЕ. ЅВЕЗДА. ПРИКАЗНА. ДРУГАРСТВО. РАСТЕМЕ ЗАЕДНО.

​Нека овој ден им биде почеток на незаборавна авантура исполнета со радост, љубопитност и успеси.

​Добре дојдовте во ООУ „Дане Крапчев“!

ВТОРО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ испишаа историја и го освоија ВТОРОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра!

Во конкуренција од 55 држави и над 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови кои можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите.

Ова не е само успех.

Ова е доказ дека трудот, знаењето, упорноста и љубовта кон науката создаваат шампиони!

Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон, поминуваа низ предизвици, учеа, создаваа, веруваа и не се откажаа ниту еден момент. Сега нивниот труд блеска пред целиот свет!

Искрени честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со огромна посветеност, знаење и љубов седум месеци го водеше тимот кон овој историски успех.

Честитки и до неуморните менторки Лиле Сарвановска, Билјана Стојановска и Данче Костовска Јакимовска кои со својата енергија, организација и визија секоја идеја ја претвораа во реалност.

Големо БРАВО и за родителите, кои беа најсилната поддршка, мотиватори и ветер во грб на овие деца на патот кон светскиот успех.

БРАВО за сите ПРИЈАТЕЛИ и ПОМАГАТЕЛИ на тимот Осетра од кој добивме финансиска помош.

Браво за нашата ДИРЕКТОРКА која силно верува во нас и го донесе овој проект во училиштето!

Браво за нашиот ГРАДОНАЧАЛНИК Бобан Стефковски за искрените желби за успех и финансиската поддршка.

Ова е победа на знаењето.

Ова е победа на младите.

Ова е победа на Македонија!

Нека овој успех биде мотивација за сите млади луѓе да веруваат во себе, да сонуваат големи соништа и храбро да чекорат кон нивното остварување.

По големиот успех на светскиот натпревар, тимот OSETRA беше топло пречекан во просториите на нашата амбасада во Атина, каде заеднички го прославивме нивниот извонреден резултат.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА – ДРЖАВНИ ПРВАЦИ

Успехот не е случајност, туку традиција која цврсто ја чуваме! ООУ „Дане Крапчев“ е повторно на самиот врв!

​Нашиот хор, под водство на неуморниот наставник Ванчо Јовчев , уште еднаш докажаа дека сме ДРЖАВНИ ПРВАЦИ, а ПРВАТА НАГРАДА е најубавата мелодија што ја донесовме од Кавадарци!

Победничката низа на ООУ „Дане Крапчев“ продолжува! Нашиот мандолински оркестар на државниот натпревар во Кавадарци уште еднаш потврди дека му припаѓа на самиот врв

ПРВАТА НАГРАДА Е ВО НАШИ РАЦЕ!

​Ова е заеднички успех на сите нас:

На неверојатните ученици – нашите музички виртуози !

На наставникот кој секоја нота ја претвора во шампионска магија!

На родителите кои безрезервно веруваат во нас и нè поддржуваат во секоја нова авантура.

​Не е лесно да се стигне до врвот, но уште потешко е да се остане таму.

Ние успеавме – повторно сме најдобри во државата!

​Продолжуваме да ја пишуваме музичката историја на нашето училиште како ДРЖАВНИ ПРВАЦИ!