ВТОРО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ испишаа историја и го освоија ВТОРОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра!

Во конкуренција од 55 држави и над 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови кои можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите.

Ова не е само успех.

Ова е доказ дека трудот, знаењето, упорноста и љубовта кон науката создаваат шампиони!

Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон, поминуваа низ предизвици, учеа, создаваа, веруваа и не се откажаа ниту еден момент. Сега нивниот труд блеска пред целиот свет!

Искрени честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со огромна посветеност, знаење и љубов седум месеци го водеше тимот кон овој историски успех.

Честитки и до неуморните менторки Лиле Сарвановска, Билјана Стојановска и Данче Костовска Јакимовска кои со својата енергија, организација и визија секоја идеја ја претвораа во реалност.

Големо БРАВО и за родителите, кои беа најсилната поддршка, мотиватори и ветер во грб на овие деца на патот кон светскиот успех.

БРАВО за сите ПРИЈАТЕЛИ и ПОМАГАТЕЛИ на тимот Осетра од кој добивме финансиска помош.

Браво за нашата ДИРЕКТОРКА која силно верува во нас и го донесе овој проект во училиштето!

Браво за нашиот ГРАДОНАЧАЛНИК Бобан Стефковски за искрените желби за успех и финансиската поддршка.

Ова е победа на знаењето.

Ова е победа на младите.

Ова е победа на Македонија!

Нека овој успех биде мотивација за сите млади луѓе да веруваат во себе, да сонуваат големи соништа и храбро да чекорат кон нивното остварување.

По големиот успех на светскиот натпревар, тимот OSETRA беше топло пречекан во просториите на нашата амбасада во Атина, каде заеднички го прославивме нивниот извонреден резултат.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА – ДРЖАВНИ ПРВАЦИ

Успехот не е случајност, туку традиција која цврсто ја чуваме! ООУ „Дане Крапчев“ е повторно на самиот врв!

​Нашиот хор, под водство на неуморниот наставник Ванчо Јовчев , уште еднаш докажаа дека сме ДРЖАВНИ ПРВАЦИ, а ПРВАТА НАГРАДА е најубавата мелодија што ја донесовме од Кавадарци!

Победничката низа на ООУ „Дане Крапчев“ продолжува! Нашиот мандолински оркестар на државниот натпревар во Кавадарци уште еднаш потврди дека му припаѓа на самиот врв

ПРВАТА НАГРАДА Е ВО НАШИ РАЦЕ!

​Ова е заеднички успех на сите нас:

На неверојатните ученици – нашите музички виртуози !

На наставникот кој секоја нота ја претвора во шампионска магија!

На родителите кои безрезервно веруваат во нас и нè поддржуваат во секоја нова авантура.

​Не е лесно да се стигне до врвот, но уште потешко е да се остане таму.

Ние успеавме – повторно сме најдобри во државата!

​Продолжуваме да ја пишуваме музичката историја на нашето училиште како ДРЖАВНИ ПРВАЦИ!

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК – 7 ОДДЕЛЕНИЕ

Денес, 28 ноември, се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за седмо одделение. Нашето училиште со гордост го претставуваа учениците:

Мелани Спасовска (7-1) – со ментор Анета Митевска

Михајло Миливојевиќ (7-2) – со ментор Анета Митевска

Алексеј Златановиќ (7-3) – со ментор Наташа Апостолова

Сите ученици покажаа одлични знаења и висока мотивираност.

Особена чест ни е да објавиме дека Михајло Миливојевиќ освои 3. место и се пласира на државниот натпревар!

Му посакуваме многу успех и среќа во понатамошното натпреварување!

CULTURAL RAINBOW – ЕВРОПСКА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ!

Денес нашето училиште блеска уште посилно!

Го добивме престижното Европско Признание за Квалитет за eTwinning проектот „Cultural Rainbow“!

Проектот е креиран и реализиран од наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, и талентираните ученици од 8 одделение.

Реализиран во учебната 2024/25 година, во партнерство со ученици и наставници од 8 држави:

Турција • Грција • Унгарија • Србија • Литванија • Полска • Бугарија • Грузија

Големи честитки за наставничката и учениците!

Со овој успех, нашето училиште уште еднаш се потврдува на меѓународната сцена!

Да ни се множат успесите и да продолжиме со модерни, иновативни и инспиративни проекти!

ФРАНКОФОНСКИ КАМП ВО СТРУГА

Во периодот од 15 до 20 јуни 2025 година, во прекрасниот амбиент на Солферино во Струга, се одржа Франкофонски летен камп, организиран од фондацијата Бел идеал од Париз.

На кампот учествуваа ученици од основни и средни училишта од повеќе македонски градови, победници на дел од државните натпревари по француски јазик; на натпреварот за француска шансона како и добитници на награди од националната франкофонска вечер во Свети Николе.

Меѓу наградените учесници на кампот беше и Ивана Ивановска од VII оддление, која заедно со другарите уживаше на брегот на Охридското Езеро.

Исто така и Анстасија Пислевиќ од VI одделение требаше да учествува на кампот, но од лични причини го откажа присуството.

Во продолжение погледнете го видеото од активностите на кампот

УБАВИ ВЕСТИ и од ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!!!

Анастасиа Пислевиќ 6-1 – II место ментор Елена Малинова.

АнгелинаТрпковска 7-1 одд. II местo  ментор Марија Шереметкоска.

Калина Караџоска 8-1 одд. II место , ментор Елена Малинова.

Тара Спасиќ 9-2 -III место. ментор Катица Стојчевска.

ПОФАЛНИЦИ:

Стефанија Спасовска 8-4 – ментор Елена Малинова.

Јана Србиновска 7-1 – ментор Марија Шереметкоска.

Им честитаме на учениците и менторите за посветеноста, трудот и постигнатиот успех.

Овој резултат е поттик и инспирација за сите наши ученици да ја негуваат љубовта кон македонскиот јазик.

ДРЖАВНИ ПРВАЦИ СМЕ!!!

Оркестарот на Дане Крапчев предводен од наставникот Ванчо Јовчев го освои првото место со максимални 100 бода.

БРАВО за вредните ученици кои благодарение на нивната заложба за музичката уметничка интерпретација постигнаа највисок резултат во земјава.

Честитки од целиот колектив за нашите музички виртуози…

ОСТАНЕТЕ НА ВРВОТ!

НАГРАДЕНИ ученици на ДРЖАВНИОТ натпревар по АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На 10 Мај се одржа државниот натпревар по англиски јазик. Нашите ученички:

Ема Ивановска 5-1 одд. освои 83 поени , III награда. Ментор: Андријана Недевска.

Каја Стојковска 7-2 освои 80 поени, III награда. Ментор: Весна Кочова.

Честитки за двете наши ученички!

Државна изложба на ,,Кинолошкиот клуб-македонски паничар”

ДВЕ НАГРАДИ за наши ученици на третата државна изложба на ,,Кинолошкиот клуб

македонски паничар” која се одржа на 11.5.2025 г. во паркот на општина Ѓорче Петров.

На оваа манифестација на литературниот и ликовен конкурс учество земаа ученици

од 41 училиште од државава.

Наши наградени ученици на литературниот конкурс се: Петар Стефановски од 7-2 одд.

освоено I место и Меланија Георгиевска од 7-2 одд. освоено III место.

Честитки за нашите ученици!

Активност организирана од наставник по македонски јазик – Марија Шереметкоска.

На ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАТЕМАТИКА III место за нашата ИВАНА

На 03.05.2025 г.се одржа Државниот натпревар по математика за основно образование на

Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нашата ученичка Ивана Ивановска од 7 одд. освои трета награда

под менторство на наствник- Билјана Стојановска.

ЧЕСТИТКИ, нека следат успеси и во иднина !