Денови на електротехника во СЕТУ,, Михајло Пупин”.

На 23 Април ученици од IX одд. земаа учество на натпревар по електротехника.

На 24 Април ја посетија хидроцентралата,, Вруток”.

Денес присуствувавме на прогласување на најдобрите и доделување благодарници и дипломи.

Ученици кои учествуваа на манифестацијара се: Софија Мијалковска, Анастасија Ивановска

и Матеј Макрешански.

Ментор : Александра Стојчевска- наставник по физика.

Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Втората работилница се одржа во ООУ „Дане Крапчев“ во училишната библиотека каде имавме можност да се запознаеме со книжниот фонд на библиотеката, видови на литература, познати книги и автори, а се запознавме и со дел од читателите кои позајмуваат книги во библиотеката.

Оттука добивме идеја за создавање на наша КНИГА во која ќе оставиме свој личен печат.

Голема благодарност за споделените искуства кои ги дознавме од библиотекарката Жаклина Атанасовска.

Следната активност се случи во училницата по историја каде повторно заедно читавме, ги споделивме нашите творби со другарчињата, преведувавме и научивме по некој збор на друг јазик.

Следно беше кршење со јајца каде на своите другарчиња им ги покажавме обичаите за прославување на празникот Велигден, а потоа правевме дизајни за насловна страна на нашата КНИГА преку ликовен цртеж.

И на крај до сите вас-нашата домашна задача е да објавиме конкурс со кој ќе ве поканиме и вас кои сте заинтересирани да ни се приклучите во проектот со ваша лична творба.

Информациите ќе бидат објавени на веб страните на двете училишта.

Учесници во проектот – наставниците Роза Јаневска и Дитурие Сејфедини со ученици од V, VI и VIII одд.

Во чест на 22 Април – Денот на планетата Земја!

Учениците од 9 одделение преку цртежи и еко пораки потсетуваат колку е важно да ја чуваме нашата планета Земја.

Сите наши постапки се важни за нејзино зачувување, бидејќи немаме резервна планета!!

Да не заборавиме дека треба

  • да садиме дрвја,
  • да не фрламе насекаде отпад,
  • да селектираме, да рециклираме,
  • да ја намалиме употребата на пластика.

Наши мали чекори прават големи разлики кога природата е во прашање!

Одговорен наставник: Душанка Китановска.

Мултикултурализмот во образованието

Стартуваме повторно со Проектот „Мултикултурализмот во образованието“ со нашите долгогодишни другарчиња од ООУ „25 Мај“.

Првата работилницата се одржа на 17.04.2025 година во просториите на ООУ „25 Мај“ организиранa од страна на наставничката Дитурие Сејфедини и учениците од 5-то одделение и

наставничката Роза Јаневска и ученици од 8-4 и 6-2 одделение.

Активност 1 – Творење – пишување на поезија и Избор за наслов на заедничка тема како мото за создавање на книга

Учениците се запознаа, дискутираа меѓу себе, твореа лични творби на тема „Другарство“, потоа читаа на двата мајчини јазика-албански и македонски и ги искажуваа своите мисли и идеи.

Споделија пред другарчињата кои книги ги имаат прочитано, колку книги имаат прочитано, која им е омилена книга и автор и дојдоа до заклучоци и потреба да создадат своја креација КНИГА која ќе се состои со нивни лични креации, ќе ја промовира мултикултурата, другарството и соработката и ќе биде напишана на албански и македонски јазик.

Овие активности ќе придонесат учениците да развиваат свест за прифаќање на различноста и љубов и почит кон читањето и на друг јазик; да бидат креативни, да разменуваат мислења и дружењето и соработката да продолжи и во иднина.

Полуфинале на Ученичка квизотека

И денес сме ГОРДИ на ПРВОТО МЕСТО  на нашите ученици!!!

Покажаa врвно знаење во Детскиот културен центар – ,,Карпош“, на ,,Ученичка квизотека” – 2024/25 година.

Учениците: Тара Спасиќ 9-2 одд. Александар Маџовски, 9-2 одд. и Калина Караџоска од 8-1 одд. го освоија ПРВОТО МЕСТО и обезбедија пласман во финале.

Учениците се натпреваруваа со екипи од:

ООУ Блаже Конески – Аеродром,

ООУ Петар Поп Арсов – Карпош,

ООУ Ацо Шопов -Бутел,

и ООУ Кузман Шапкарев – Кисела Вода;

Бидете одлични и во финалето!!!

Одговорен наставник на активноста: Маја Богојевска Величковска.

ДЕНЕС е ден за ПЕХАР!!!

На 45-от Општински НАТПРЕВАР за ПРВА ПОМОШ нашиот тим докажа дека е спремен да укажува помош кога е потребно.

Тимот составен од: Јана Ангеловa, Христијан Деспотовски, Тео Бојанчев, Анастасија Ивановска Јасна Филевска и Вероника Златкова, го сместија нашето училиште помеѓу најспремните.

Тие го освоија III место на натпреварот.

Благодарност до Адриана Стоилевска која помогна  во подготовките.

Одговорни наставници на ,,Тимот за црвен крст”-

Бојана М.Личева и Весна Димитровска

„Вкусна“ и интерактивна работилница „Откријте ги вкусовите на франкофонскиот свет!“

Во вторник, 15 април 2025 година, во 11:15 часот, во библиотеката на Катедрата по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа „вкусната“ и интерактивна работилница „Откријте ги вкусовите на франкофонскиот свет!“ на која учество земат студенти по француски јазик, ученици од средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ и од основните училишта „Дане Крапчев“ и „Невена Георгиева Дуња“ од Скопје. Целта на работилницата е откривање на француските специјалитети, подготвени од самите учесници, преку размена на рецепти и разговор за вкусови и состојки, игри и гатанки.

Работилницата ја анимираа лекторките м-р Анита Кузманоска и Анита Иванова.

Од нашето училиште учествуваа ученици од 7 и 9 одделение кои подготвија и презентираа рецепти за палачинки, чоколаден мус, еклери, француски тост (благи пржени лепчиња), популарниот сендвич Croque monsieur, профитероли, киш, клафути но пробаа и многу други специјалитети

Одговорни наставници – Анета Митевска и Наташа Апостолова