Ретко е да си редок

Денес на Меѓународниот ден на ретките болести под мотото “Ретко е да си редок” реализиравме работилници и дадовме поддршка на лицата со ретки болести.

Учениците од V-3 и V-4 одд. заедно со одделенските наставнички Анета Менчова и Весна Димитровска образовниот асистент -Жаклина Цветковска и специјалниот едукатор и рехабилитатор Катерина Банџо на симболичен начин поддадоа рака на дечињата со ретки болести.

Нашите срца секогаш се отворени за сите луѓе на планетава.

ДЕН за ПОЧИТ кон МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК!

Големиот одмор, денес посветен на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик под мотото: ,,Јазикот сум јас, јазикот си ти, јазикот сме ние!”

Со топол чај, творби и пораки за јазикот, учениците од предметна настава со своите наставници по Македонски јазик и учениците од второ и петто одделение го одбележаа Денот на мајчиниот јазик.

Говорете го правилно и негувајте го мајчиниот јазик!!!

Само така мајчиниот јазик ќе звучи силно, чисто и ќе биде вечен!

Спортуваме заедно

Колку е важно да се занимаваш со СПОРТ? Колку е важно да си дел од ТИМ?

Денес ученици од 5 одделение од ООУ,, Дане Крапчев”, ООУ,, Крсте Мисирков” ООУ ,, 25 Мај” беа дел од заедничка спортска активност. ТИМОТ беше приоритет!

Затоа што тимските игри ги учат децата:

– да почитуваат правила и авторитети;

– да работат на остварување на заедничка цел;

– да градат тимски дух;

– да практикуваат фер игра;

– да го почитуваат соиграчот и противникот;

-да ги контролираат емоциите кога губат;

-да бидат горди на себе и тимот кога победуваат;

Овие активности ќе продолжат и во иднина , затоа што СПОРТОТ ОБЕДИНУВА – СПОРТОТ УЧИ!!!

Ученичка квизотека

На 13.02.2025г. (четврток) учениците Тара Спасиќ, Александар Маџовски од 9-2 одд. и Калина Караџоска од 8-1 одд. со придружба на наставничката по Географија Маја Величковска, учествуваа на ,,Ученичката квизотека 2024/2025” која се одржа во просториите на Детскиот културен центар – Карпош.

Квизот опфаќа тематика од наставно- образовниот процес, но и прашања со елементарен контекст (култура, спорт, уметност, актуелности).

Учениците се натпреваруваа со ученици претставници од ООУ,,Панајот Гиновски” – Бутел , ООУ ,,Григор Прличев”- Гази Баба и ООУ,,Круме Кепески”- Кисела Вода, го освоија второто место и го поминаа елиминацискиот дел.

ВАЖНОСТА на ЗДРАВАТА ИСХРАНА, ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ и СОНОТ

Училиштето е место каде учениците треба да се информираат како да водат грижа за своето физичко и ментално здравје.

Со таа цел психологот на училиштето одржа работилница со Ученичкиот параламент со игровни активности на тема: “ВАЖНОСТА на ЗДРАВАТА ИСХРАНА, ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ и СОНОТ”.

Целта на оваа работилница беше учениците да станат свесни за своите животни навики:

– редовна физичка активност;

– правилна исхрана;

– доволно спиење;

– корегирање на лошите навики  поврзани со физичка активност исхраната и сонот.

Учениците имаа можност да ја согледаат потребата од практикување на здрави животни навики, грижата за физичкото и менталното здравје и својата добросостојба во период на адолесценција.

Активноста ја реализираше психолог- Марина Пазаркоска

Практично учење преку игра за подобрување на вештините за сајбер безбедност

И во саботата, рано наутро бевме подготвени за нови предизвици.

Имавме работилница во рамките на проектот SHIELD, со активност:

,, Практично учење преку игра за подобрување на вештините за сајбер безбедност”.

Раскажување приказни и користење на вештачка интелигенција за почетно креирање едукативна игра.

Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност.

Инспиративни излагања за користење на игрите во процесот на учење;

Креативна методологија за користење на предностите на вештачката интелигенција;

Раскажување приказни и пристап на учење преку игра за продлабочување на знаењата

на учениците за сајбер безбедност;

Интересните и интерактивни активности предизвикаа задоволство кај сите учесници.

Кај учесниците остана желбата и ентузијазмот оваа работилница да има продолжение…..

Одговорен за активноста Марина Пејковска-наставник по информатика.