Успех на државниот натпревар по француски јазик – Олимпијади 2026

Денес се одржа државниот натпревар по француски јазик Олимпијади 2026 на кој ученичката Меланија Георгиевска 8-2 се пласираше на високото 6 место а ученичката Нина Томова Ташков од 8-1 доби пофалница.

Браво за двете за вложениот труд и постигнатите одлични резултати.

Учениците беа раководени под менторство на наставничките по француски јазик Анета Митевска и Наташа Апостолова.

Следна станица: Светско првенство во роботика

Учениците од нашето училиште ги пакуваат куферите и своите роботи.

Македонија има свои претставници меѓу најдобрите во светот.

​Напорната работа во кабинетите се претвори во светска виза. Подготвени за новиот предизвик!

ГОРДИ НА НАШИТЕ МЛАДИ ЛИНГВИСТИ!

Љубовта кон македонскиот збор и посветеноста на нашите ученици уште еднаш донесоа резултати со кои сите се гордееме. На Регионалниот натпревар одржан на 25.04.2026, нашите ученици покажаа дека знаењето е најмоќната алатка!

​Резултати по категории:

​VI одделение

Илина Нестороска – I место

​ Леона Арсова – III место

​ Ментор: Катица Стојчевска

​VII одделение

Ана Трајкоска – III место

​ Ментор: Марија Шереметкоска

​ Анастасиа Пислевиќ – Пофалница

​ Ментор: Елена Малинова

​VIII одделение

​ Ангелина Трпковска – II место

​ Ментор: Марија Шереметкоска

​IX одделение

​ Калина Караџоска – III место

​Елена Наумова – III место

​ Ментор: Елена Малинова

​Честитки до вредните ученици и нивните ментори! Продолжуваме со ист силен дух и на Државниот натпревар. Среќно!

УСПЕХ НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА!

Нашите ученици постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар одржан на 16.04.2026 година:

​VII одделение:

​Ана Трајкоска – Пофалница

​Јана Ангелова – Учество

​VIII одделение:

​Ивана Ивановска – II награда (пласман на Државен натпревар!)

​Ангелина Трпковска – Пофалница

​Упатуваме големи честитки до сите ученици и до нивниот ментор Елена Томевска.

На Ивана ѝ посакуваме многу среќа и успех на претстојниот Државен натпревар!

ИГРАМЕ ОД СРЦЕ ЗА АЛЕК – ПОБЕДА СО ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ!

На 28.04.2026 г. во ООУ „Вера Јоциќ“ се одржа петтиот меморијален турнир „Играме од срце за Алек“, во организација на Општинскиот сојуз на училиштен спорт – Гази Баба. Со овој настан уште еднаш покажавме дека Алек засекогаш останува дел од нас.

​Во конкуренција на 12 училишта од општина Гази Баба, нашите третоодделенци покажаа одлична подготвеност на натпреварот во „Полигон“ и заслужено го освоија:

​ ПРВОТО МЕСТО!

​Честитки до нашите мали атлетичари и нивниот одговорен наставник Томислав Спасовски.

​Оваа победа ја посветуваме на пријателството и спомените кои не се забораваат

Хуманост, знаење и тимска работа – во духот на Црвениот крст

На 24.04.2026 година, во нашето училиште, во организација на Општинска организација на Црвен Крст – Гази Баба, се одржа Општинскиот натпревар по прва помош, каде учениците од нашето училиште ги покажаа своите вештини преку практични вежби и реални ситуации.

Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со посветеност, тимска работа и хуманост.

Честитки до учениците за нивниот труд и ангажман, како и голема благодарност до менторите Весна Димитровска и Бранкица Наумовска за поддршката и вложениот труд.

Првата помош е знаење што спасува живот

ПРВО МЕСТО И ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕ

​На денешната „Ученичка квизотека 2025/26“ во ДКЦ „Карпош“, нашиот тим покажа одлично знаење и заслужено победи!

​Честитки до нашите шампиони:

Калина Караџоска (9-1)

Тео Бојанчев (9-1)

Ангелина Трпковска (8-1)

​Во конкуренција со училиштата од Стајковци, Петровец, Центар и Карпош, нашите ученици го освоија првото место и обезбедија пласман во големото финале!

​Браво за трудот и успехот! Горди сме на вас!

Посетен Саемот на книгата

Мирисот на нова книга, љубопитни погледи и многу инспирација – така изгледаше нашата посета на Саемот на книга 2026!

Учениците од 4 одделение и учениците од предметна настава од 6 до 9 одделение имаа можност да прошетаат низ светот на книгите, да откријат нови наслови, да се запознаат со автори и да ја почувствуваат магијата што ја носи пишаниот збор.

Секој штанд криеше нова приказна, а секоја книга – нова авантура. Посетата беше прекрасна можност да ја поттикнеме љубовта кон читањето и да покажеме дека книгата секогаш останува најдобар пријател на знаењето.

22 Април – Ден на планетата Земја

По повод 22 Април – Денот на планетата Земја, учениците од нашето училиште реализираа низа креативни и едукативни активности посветени на зачувување на природата и подигање на еколошката свест.

Преку цртежи, пораки, еко-работилници и квизот „Колку ја познавам планетата Земја?“, учениците учеа за значењето на чистата животна средина и важноста од грижата за нашата планета.

Со својата креативност и ентузијазам, тие испратија силна порака дека секој мал чекор придонесува за почиста и поздрава иднина.

Да ја чуваме природата, да рециклираме, да садиме дрвја и да создаваме подобар свет за идните генерации.