Посетен Саемот на книгата

Мирисот на нова книга, љубопитни погледи и многу инспирација – така изгледаше нашата посета на Саемот на книга 2026!

Учениците од 4 одделение и учениците од предметна настава од 6 до 9 одделение имаа можност да прошетаат низ светот на книгите, да откријат нови наслови, да се запознаат со автори и да ја почувствуваат магијата што ја носи пишаниот збор.

Секој штанд криеше нова приказна, а секоја книга – нова авантура. Посетата беше прекрасна можност да ја поттикнеме љубовта кон читањето и да покажеме дека книгата секогаш останува најдобар пријател на знаењето.