Денес во нашето училиште имавме едно поинакво дружење!
Аквадон, Пет и Еко ни донесоа многу смеа, песна и забава, а нашите ученици со радост се вклучија во музичката авантура. Се пееше, се танцуваше и се уживаше во секој момент! ![]()
Убаво е кога училишниот ден ќе се претвори во ваква весела дружба, исполнета со детски насмевки и позитивна енергија.
Благодарност до „Артленд & Бејби Арт Продукција” за убавото доживување!



