НА ТРКА СО РОЛЕРИ

На 5 ноември 2026 година, на кејот на реката Вардар се одржа трка со ролери, организирана по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Гази Баба, од страна на ОСУСГБ и Скијачката федерација, под мотото „Патот до Олимпијада“.
На трката учествуваа и ученици од нашето училиште од 5, 6 и 7 одделение, кои се претставија со одлични резултати:
Ања Мицевска – 7 одделение, освои второ место во женска конкуренција.
Јунес Белул – 5 одделение, го освои третото место во машка конкуренција.
За подготовката и учеството на учениците беа задолжени наставниците Јовица Димески и Дарко Спировски.
Честитки до Ања и Јунес за освоените места, а пофалби и до сите ученици кои беа дел од ова спортско дружење. Убаво е кога спортот носи нови искуства, дружење и причини за радост!

БРЗИНА, ВЕШТИНА И СПОРТСКИ ДУХ!

Учениците од III одделение од нашето училиште учествуваа на спортски полигон во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, кој се одржа во ООУ „Вера Јоциќ“ – Хиподром.

Нашите ученици се истакнаа со одлични спортски вештини и го постигнаа најдоброто време во првиот дел од натпреварувањето!

Под раководство на одговорниот наставник Томислав Спасовски, нашите мали спортисти покажаа труд, тимски дух и вистинска спортска енергија.

Браво за сите! Продолжете да нижете успеси!

„Кошарката моја игра“ – спорт, тимска игра и успех!

На 17.12.2025 година, во училишната спортска сала „Бобан Ивановиќ“ при ООУ Кирил и Методиј – Стајковци, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба, се одржа спортската активност „Кошарката моја игра“ за учениците од 5-то одделение.

На настанот учествуваа ученици од сите основни училишта од Општина Гази Баба, со цел развивање на психомоторните вештини и поттикнување на љубовта кон спортот уште од најмала возраст.

Пласман:

ООУ „Кирил и Методиј 1“

ООУ ,, Дане Крапчев”

ООУ „Крсте Мисирков“

Честитки до учениците од нашето училиште за освоеното место!

Благодарност и честитки и до одговорниот наставник Томислав Спасовски за посветеноста, поддршката и одличната подготовка на учениците!

Продолжуваме со спортски дух и нови успеси!

„Полигон“ за ученици од III одделение

Денес се одржа натпревар во „Полигон“ за ученици од III одделение, на кој учествуваа 12 училишта од Општина Гази Баба – Скопје.

Учениците од нашето училиште покажаа одлична подготвеност, тимска работа и вистински спортски дух, со што го освоија 3. место во првиот дел од натпреварувањето.

Честитки до нашите ученици за трудот, залагањето и успешното претставување на училиштето!

Одговорни наставници: Јовица Димески и Томислав Спасовски

Успех на нашите ученици во футсал

Во рамките на меѓуучилишните општински натпревари, во првите две кола од футсал лигата за VIII и IX одделение, екипата на ООУ „Дане Крапчев“ покажа одлична игра и голема борбеност.

Резултати:

I коло:

ООУ „Григор Прличев“ – ООУ „Дане Крапчев“

1 : 3 – победа за нашето училиште!

II коло:

ООУ „Дане Крапчев“ – ООУ „Наум Охридски“

3 : 2 – уште една заслужена победа!

Браво за нашите ученици!

Горди сме на вашиот труд, тимски дух и спортско однесување. Продолжете со исто темпо – напред „Дане Крапчев“!

ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ 2025/26

На 18 ноември 2025 во спортската сала при ООУ „Вера Јоциќ“ беше означен стартот на новата сезона од Училишните спортски лиги. Претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба Ивица Петрушевски упати инспиративна порака за фер игра и спортски дух.

Нашите екипи успешно ги одиграа првите кола:

Одбојка – девојчиња (VIII и IX одделение)

Кошарка – машки (VIII и IX одделение)

Учениците покажаа борбеност, енергија и тимски дух.

Честитки за победниците!

Со нетрпение ги очекуваме следните кола – спортскиот дух продолжува!

ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ 2025/26

На 18 ноември 2025 во спортската сала при ООУ „Вера Јоциќ“ беше означен стартот на новата сезона од Училишните спортски лиги. Претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба Ивица Петрушевски упати инспиративна порака за фер игра и спортски дух.

Нашите екипи успешно ги одиграа првите кола:

Одбојка – девојчиња (VIII и IX одделение)

Кошарка – машки (VIII и IX одделение)

Учениците покажаа борбеност, енергија и тимски дух.

Честитки за победниците!

Со нетрпение ги очекуваме следните кола – спортскиот дух продолжува

Горди на нашата ученичка!

Нашата ученичка Михаела Филиповска од IX-4 одделение постигна првo место на Државното првенство во карате и со тоа обезбеди учество на Европското првенство во Кипар!

Честитки за големиот труд, дисциплина и посветеност!

Браво, шампионке – продолжи да блескаш!

ПЛАНИНАРСКА ТУРА „ПЕШАЧИМЕ ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА“

На 12 мај 2025 година нашите ученици учествуваа во планинарската тура на Скопска Црна Гора – с. Раштак, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба и Грин спорт.

Дополнително беше спроведена и еко – акција за расчистување на околината што беше одличен пример за подигнување на еколошката свест.

Настанот помина во позитивна атмосфера, исполнета со енергија, заедништво и прекрасна дружба во природата.

Одговорен наставник за активноста- Ивица Петрушевски.

Игравме со срце за АЛЕК

 

На 07.05.2025г. ученици од III одд. од 11 училишта во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба реализираа втор полигон, игри од натпреварувачки карактер.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ,,Вера Јоциќ”.

Честитки за нашите ученици и наставници кои и овој пат се меѓу најдобрите во општината.

1 место -ООУ,,Вера Јоциќ”.

2 место ,,Крум Тошев”.

3 место,,ООУ Дане Крапчев”.

Aктивноста имаше меморијален карактер во чест на нашиот другар Алек.

Одговорен за активноста: Томи Спасовски- наставник по физичко и здравствено

образование.