Нашиот тим во подготовка за FIRST LEGO League!

Нашите програмери Стефан, Давид, Андреј и Марко го презентираа роботот и мисиите за претстојниот натпревар по роботика и иновации. Во процесот тие стекнаа силни СТЕМ вештини, совладувајќи алгоритамско размислување, логичко решавање проблеми и тимска соработка.

Проширениот тим продолжува да ги следи мисиите од роботската игра и да истражува како модерната технологија помага во решавање реални предизвици во археологијата. Со голем ентузијазам ќе работат на нови идеи кои придонесуваат за заедницата и околината.

Наскоро ќе биде избрано идејното проектно истражување на годинешната тема:

“UNEARTHED! – Влијанието на модерната технологија врз археологијата и како минатото нè води кон иднината“

Им посакуваме успешна и инспиративна работа!

Горди на нашата ученичка!

Нашата ученичка Михаела Филиповска од IX-4 одделение постигна првo место на Државното првенство во карате и со тоа обезбеди учество на Европското првенство во Кипар!

Честитки за големиот труд, дисциплина и посветеност!

Браво, шампионке – продолжи да блескаш!

Натпревар по противпожарна заштита – Општина Гази Баба

Во нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по противпожарна заштита за основните училишта од Општина Гази Баба во организација на Противпожарниот Сојуз на град Скопје.

Натпреварот помина во дух на другарство, тимска работа и спортски натпреварувачки дух. Организаторите ја потенцираа важноста од вакви активности кои ги поттикнуваат учениците на одговорно однесување, подготвеност и стекнување практични знаења.

Нашите претставници:

Калина Караџоска – 9-1

Тео Бојанчев – 9-1

Емил Адемовски – 9-4

Ангелина Трпковска – 8-1

Небојша Новоселов – 8-2

Меланија Ѓоргиевска – 8-2

Горда вест! Учениците од 8 одделение го освоија ВТОРОТО место на натпреварот!

Голема честитка за нивниот одличен резултат и покажана подготвеност!

Честитки за сите натпреварувачи за одличното претставување!

Со љубов за нашето Скопје!

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, учениците од нашето училиште реализираа креативни активности посветени на нашиот главен град.

Со песна, боја и збор ја изразија љубовта кон Скопје – градот на храброста, топлината и спомените.

Нека овој ден нè потсети да ја чуваме слободата и да го сакаме градот во кој растеме!

Одговорни наставници: Емилија Блажевска, Роза Јаневска и Весна Стојковска

Малите чекори водат до големи соништа

Во рамките на “Месецот на штедењето”, на 07.11.2025 година, учениците од III одделение беа домаќини на претставници од НЛБ Банка.

Преку интересна и едукативна средба на тема „Штедиме и мечтаеме“, децата научија дека секое денарче има своја моќ – кога се штеди со љубов и цел, може да се претвори во исполнет сон!

Активноста ја реализираа наставниците од активот на III одделение.