Училиштето учи – природата инспирира!

Денес нашите љубопитни третооделенци тргнаа во мала авантура – посета на Природнонаучниот Музеј во Скопје!

Со широко отворени очи откриваа тајни за животните и нивните коски – вистинска лекција од природата што не се заборава!

Најважната поука беше дека најубаво се учи кога истражуваме и откриваме заедно.

Ви пренесуваме дел од денешната детска радост и љубопитност преку слики на нашата фб страна

Ученички парламент 2025-2026г

УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ подготвен за нови предизвици, дебати, дискусии, акции.
Новиот состав ќе го предводат:
Тео Бојанчев- претседател
Јована Младеновска- заменик претседател
Анастасиа Пислевиќ- секретар.
За претставници на учениците на состаноците на Наставнички совет , Совет на родители и Училишен одбор се избрани учениците :Тео Бојанчев и Јана Ангелова.
СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА!!

Запознавање со различни професии

По предметот Општество во III одделение предвидена е содржина за запознавање со различни професии. Поради тоа беа повикани родители кои ги запознаа учениците со своите професии овозможувајќи им поблизок пристап до посакуваните професии.

Одбележување на Европскиот ден на јазиците – 26 Септември

На ден 26 септември, во нашето училиште свечено беше одбележан Европскиот ден на јазиците. Настанот беше организиран од учениците во предметна и одделенска настава со поддршка од предметните наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик и одделенските наставници.
Целта на активноста беше да се истакне значењето на јазиците и да се охрабри почитта кон јазичната и културната различност во Европа и светот.

Настанот помина во весела и едукативна атмосфера. Учениците уживаа додека учеа нови зборови, се запознаваа со други култури и го изразуваа своето почитување кон различноста. Со ова одбележување, уште еднаш ја потврдивме важноста на учењето јазици и отворањето кон светот..
Настанот заврши со заедничка порака:
„Секој јазик е богатство – да го чуваме и почитуваме!“

22 септември-Меѓународен ден без автомобили

Учениците од актив петто одделение заедно со Еко-тимот реализираа активности по повод овој значаен ден.

Со порака:

„Да дишеме почист воздух!“

„Да чекориме повеќе, да возиме велосипед, да ја чуваме нашата планета!“

Нашите мали еко-херои покажаа дека секој чекор кон поздрав живот и почиста средина е важен.

16 СЕПТЕМВРИ- Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан Светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците изработија пано за озонската обвивка , преку кое ја истакнаа нејзината важност со цел да се подигне еколошката свест за почиста, позелена и поздрава иднина. Озонот е одговорен за спречување на околу 98% од УВ зрачењето. Иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата,што севкупно влијае негативно на озонот.

Во активноста се вклучија учениците од еколошката секција и ученици од 9-3 одд.

Одговорен наставник: Душанка Китановска

“Градиме нови мостови” – Завршна манифестација

На 16 септември 2025 година, општина Бутел и ООУ “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од двегодишниот проектот “Градиме нови мостови” чиj носител е мисијата на ОБСЕ, со поддршка на Министерството за образование и наука, Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург.
Проектот е продолжение на претходните активности на Мисијата, насочени кон меѓуетничка интеграција во образованието, унапредување на демократијата и на социјалната кохезија во државата. Беа вклучени околу 30 училишта и 2600 ученици кои имаа заеднички активности – часови, спортски настани и дружење.
Со пораки за толеранција, заедништво и соработка меѓу учениците од различни етникуми, се обратија амбасадорот на ОБСЕ во РСМ, г. Килиан Вал, министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорките на Соединетите Американски Држави и Норвешка, Анџела Агелер и Кристин Мелсом, кои за успешната работа и нашата посветеност врачија плакети на претставниците на училиштата кои учествувале во проектот.
Ова признание е доказ дека преку образование, почит и заеднички ангажман, можеме да изградиме иднина во која различностите нè зближуваат, обединуваат и создаваат посилна заедница.
Нашето училиште со гордост учествуваше во завршниот настан од проектот за меѓуетничка интеграција, каде што беа презентирани активностите и резултатите кои ги реализиравме со учениците. Затоа, посебна благодарност упатуваме до координаторот на Тимот на МИО, Роза Јаневска и наставничката по природни науки и биологија Бојана М.Личева за вложената енергија, труд и ентузијазам, како и до директорката Андриана Младеновска која со својата визија и поддршка овозможи успешна реализација на активностите. НАЈГОЛЕМО БРАВО за учениците од 6-4 одделение кое две години неуморно и со голем труд работеа на овој проект заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева. Благодарност и до нашите партнер училишта ООУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „22 Ноември“, на учениците од VI-в одделение и нивниот ментор Анида кои беа вклучени во сите заеднички активности.

ФРАНКОФОНСКИ КАМП ВО СТРУГА

Во периодот од 15 до 20 јуни 2025 година, во прекрасниот амбиент на Солферино во Струга, се одржа Франкофонски летен камп, организиран од фондацијата Бел идеал од Париз.

На кампот учествуваа ученици од основни и средни училишта од повеќе македонски градови, победници на дел од државните натпревари по француски јазик; на натпреварот за француска шансона како и добитници на награди од националната франкофонска вечер во Свети Николе.

Меѓу наградените учесници на кампот беше и Ивана Ивановска од VII оддление, која заедно со другарите уживаше на брегот на Охридското Езеро.

Исто така и Анстасија Пислевиќ од VI одделение требаше да учествува на кампот, но од лични причини го откажа присуството.

Во продолжение погледнете го видеото од активностите на кампот

Уште еден УСПЕШНО ЗАВРШЕН заеднички ПРОЕКТ ,,Мултикултурализмот во  oбразованието“ со училиштето ООУ „22 Ноември“

Успеавме да создадеме книга со наши лични литературни творби напишана на македонски и албански јазик.

Им благодариме на сите наши соученици, другарчиња и на нашите наставнички кои ни помогнаа да го реализираме овој предизвик.

Промоцијата на книгата се одржа на свечена приредба на 03.06.2025 година во просториите на ООУ „22 Ноември“ .

Голема благодарност до МОН, кое поддржува вакви проекти и дава грант за истите да се реализираат.

Благодарност до директорките на двете училишта Адријана Младеновска – ООУ „Дане Крапчев“ и Сузана Курбардовиќ“- ООУ „22 Ноември“ кои несебично се заложија и помогнаа да се реализираат сите предвидени активности.

НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до координаторот на овој проект од нашето училиште, наставничката Роза Јаневска и координаторот од другото училиште, Дитурие Сејфедини

кои цело време беа наша најголема поддршка, наша мотивација и наша движечка сила.

Голема благодарност и до Тимовите на МИО од двете училишта, наставничките Марина Пејковска -информатика, Елена Малинова-македонски јазик и Жаклина Атанасовска-

библиотекар.

ЗА КРАЈ!

Чест беше да се учествува во ваков проект.

Не само што ИЗДАДОВМЕ СОПСТВЕНА КНИГА, туку уште поважно, запознавме нови другарчиња, отворивме нови врати кон иднината, се стекнавме со трајни вредности како почитта, толеранцијата, тимската работа, сочуството и заедништвото.

Научивме и по некој збор од другиот јазик, како и дел од културата и обичаите на различната култура од нас. Разбравме дека различноста е многу убава, бесценета и треба да се негува.

Одговорен наставник и реализатор на проектот- Роза Јаневска наставник по историја.

Финале на на ,,Ученичката квизотека 2024/25”

Кога имате ученици кои постојано ве радуваат и ви носат највисоки резултати каде и да се појават , мора да сте горди наставници, мора да сте гордо училиште!!!

Овој пат убави вести од Детскиот културен центар-,,Карпош“, каде се одржа финалниот натпревар на ,,Ученичката квизотека 2024/25”.

Учениците:

Тара Спасиќ 9-2 одд.

Александар Маџовски 9-2 одд.

и Дамјан Петровиќ 9-3 одд.

се натпреваруваа со екипи од:

ООУ „Киро Глигоров“ – Центар ,

ООУ „Кирил и Методиј“ – Центар,

ООУ „Мирче Ацев“ -Ѓорче Петров,

ООУ„ Живко Брајковски “- Бутел,

ООУ „Кузман Шапкарев“- Кисела Вода

и го освоија III место.

На ова натпреварување учествуваа вкупно 48 училишта од градот Скопје.

Токму затоа третото место е голем успех за нашето училиште.

Браво за нашиот тим ученици кои неуморно работеше под водство на наставничката Маја Богојевска Величковска.

Колективот се гордее со вашиот успех!