Државен рецитаторски натпревар

На 17 Мај 2025г.во киносалите на ,,Скопје Сити Мол” (Синеплекс) се одржа Државен рецитаторски натпревар во чест на поезијата.

На натпреварот учествуваа и нашите ученички Софија Мијалковска од 9-3 одд. под менторство на Катица Стојчевска и Ана Трајкоска од 6-3 одд. под менторство на Марија Шереметкоска.

За успешното интерпретирање добија благодарници.

Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во Инџиково

На 10.05.2025 година во Инџиково беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал кој традиционално се одржува во спомен на Горан Стојменовиќ, херој кој го загуби својот живот во одбраната на Македонија во настаните од Диво Насеље и младото момче Бојан Арсенов кој го загуби својот живот во несреќа!

Училишниот хор при ООУ „Дане Крапчев“ по 10-ти пат учествува на овој хуман настан како знак на длабока почит и сеќавање, кој денес одбележува 10 годишнина во чест на нашите бранители.

Нека се издигне нашето сеќавање – нека лета нивната храброст!

Хероите живеат вечно!

Активноста ја реализира наставник- Роза Јаневска.

ПЛАНИНАРСКА ТУРА „ПЕШАЧИМЕ ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА“

На 12 мај 2025 година нашите ученици учествуваа во планинарската тура на Скопска Црна Гора – с. Раштак, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба и Грин спорт.

Дополнително беше спроведена и еко – акција за расчистување на околината што беше одличен пример за подигнување на еколошката свест.

Настанот помина во позитивна атмосфера, исполнета со енергија, заедништво и прекрасна дружба во природата.

Одговорен наставник за активноста- Ивица Петрушевски.

Државна изложба на ,,Кинолошкиот клуб-македонски паничар”

ДВЕ НАГРАДИ за наши ученици на третата државна изложба на ,,Кинолошкиот клуб

македонски паничар” која се одржа на 11.5.2025 г. во паркот на општина Ѓорче Петров.

На оваа манифестација на литературниот и ликовен конкурс учество земаа ученици

од 41 училиште од државава.

Наши наградени ученици на литературниот конкурс се: Петар Стефановски од 7-2 одд.

освоено I место и Меланија Георгиевска од 7-2 одд. освоено III место.

Честитки за нашите ученици!

Активност организирана од наставник по македонски јазик – Марија Шереметкоска.

Награда и на квизот ,,КОЛКУ ЗНАЕШ за ЕВРОПА?”

…И ПОВТОРНО НАГРАДА !!!

Овој пат во рацете на нашите ,,Парламентарци” кои покажаа одлични знаења на квизот:

,, КОЛКУ ЗНАЕШ за ЕВРОПА?”

Во конкуренција на 24 училишта од град Скопје , по повод ,,ДЕНОТ на ЕВРОПА” нашите ученици го освоија високото II место.

Денешниов настан во градски парк беше во организација на ,, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност”.

Горди сме на нашите ученици кои секогаш достојно не претставуваат на сите натпревари.

Активност организирана од одговорните наставници на Ученичкиот парламент: Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска.

Игравме со срце за АЛЕК

 

На 07.05.2025г. ученици од III одд. од 11 училишта во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба реализираа втор полигон, игри од натпреварувачки карактер.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ,,Вера Јоциќ”.

Честитки за нашите ученици и наставници кои и овој пат се меѓу најдобрите во општината.

1 место -ООУ,,Вера Јоциќ”.

2 место ,,Крум Тошев”.

3 место,,ООУ Дане Крапчев”.

Aктивноста имаше меморијален карактер во чест на нашиот другар Алек.

Одговорен за активноста: Томи Спасовски- наставник по физичко и здравствено

образование.

На ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАТЕМАТИКА III место за нашата ИВАНА

На 03.05.2025 г.се одржа Државниот натпревар по математика за основно образование на

Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нашата ученичка Ивана Ивановска од 7 одд. освои трета награда

под менторство на наствник- Билјана Стојановска.

ЧЕСТИТКИ, нека следат успеси и во иднина !

5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука

Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нѐ оставил сами

и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.” Петре М. Андреевски.

Нека ни е честит 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и азбука!

Активност подготвена од ученици од 6 до 9 одд. со наставниците по македонски јазик- Елена Малинова, Катица Стојчевска и Марија Шереметковска.

Ученици од II-3 и II-4 одд. со наставниците-Емилија Блажевска и Весна Стојковска.

Мултикултурализмот во образованието 3

Уште една заедничка средба предвидена со Проектот „Мултикултурализмот во образованието“, овој пат во просториите на ООУ „25 Мај“, 28 април 2025.

Повторно ние децата заедно, но дружба на поинаков начин. Целта е да твориме за Другарството и со нашите креации да создадеме Фото книга од соништата, но овој пат решивме дека приоритет ни е да се дружиме преку игра.

Спортот е најубавата тимска игра преку која сакаме да покажеме колку многу можеме кога заеднички дејствуваме, учиме еден од друг, си помагаме, споделуваме, го зајакнуваме тимскиот дух, промовираме заеднички вредности, придонесуваме за развојот на својата заедница и со истрајност стигнуваме до остварување на поставената цел- „Градење и негување на трајни вредности“.

Голема благодарност до наставникот по Физичко и здравствено образование Фљорим Муртезани кој ни овозможи преку игри, вежби и пријателски натпревар да имаме убаво поминато време со нашите другарчиња.

Ова беше задоволство и позитивно искуство за сите нас.