Финале на на ,,Ученичката квизотека 2024/25”

Кога имате ученици кои постојано ве радуваат и ви носат највисоки резултати каде и да се појават , мора да сте горди наставници, мора да сте гордо училиште!!!

Овој пат убави вести од Детскиот културен центар-,,Карпош“, каде се одржа финалниот натпревар на ,,Ученичката квизотека 2024/25”.

Учениците:

Тара Спасиќ 9-2 одд.

Александар Маџовски 9-2 одд.

и Дамјан Петровиќ 9-3 одд.

се натпреваруваа со екипи од:

ООУ „Киро Глигоров“ – Центар ,

ООУ „Кирил и Методиј“ – Центар,

ООУ „Мирче Ацев“ -Ѓорче Петров,

ООУ„ Живко Брајковски “- Бутел,

ООУ „Кузман Шапкарев“- Кисела Вода

и го освоија III место.

На ова натпреварување учествуваа вкупно 48 училишта од градот Скопје.

Токму затоа третото место е голем успех за нашето училиште.

Браво за нашиот тим ученици кои неуморно работеше под водство на наставничката Маја Богојевска Величковска.

Колективот се гордее со вашиот успех!

ЈУНИ Е…..КРАЈ Е…. НО, СЕУШТЕ СОБИРАМЕ НАГРАДИ

На 5.06.2025 г. беа доделени плакетите на ученици кои со своите креативни дела учествуваа на Еколошкиот конкурс “Денови на пролетта – Денови на Екологијата” кој Општина Гази Баба традиционално ги спроведува од 21 март до 23 мај.

Нашиот ученик Христијан Гочевски Иваноски 9-1одд. со својата лична творба “Екологија” освои II место.

Наградите беа доделени на настанот ВЕЛО РОДЕО организиран по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој за прв пат се организира во нашата општина.

На Христијан му честитаме за освоеното место и неговиот придонес за истакнување на важноста на екологијата и му посакуваме понатамошни успеси.

КРАЛИЦАТА на СПОРТОВИТЕ – АТЛЕТИКАТА  предизвик за учениците од нашата општина

На ден, 03.06.2025 г. во ООУ,, Наум Наумовски Борче” се оддржаа атлетски натпревари помеѓу учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

Нашите ученици настапија во тркачките дисциплини, скок во далечина, скок во височина

и фрлање ѓуле и ги освоија следните места:

1 место Марко Ѓорѓиевски 9 одд.  – 100 метри

1 место Ива Станојовска 8 одд. – фрлање на ѓуле

1 место Матеј Стојановски 7 одд. – фрлање на ѓуле

1 место Горазд Захариев 6 одд. – скок во далечина

2 место Матеј Трајановски 9 одд.  – скок во далечина

2 место Анес Џеладини 9 одд. – фрлање на ѓуле

3 место Сандра Милосковска 8 одд. – 100 метри

3 место Катја Карчев 9 одд. – фрлање на ѓуле

3 место Ведран Вељковиќ 8 одд. – скок во височина

КОГА СПОРТОТ е ЉУБОВ  РЕЗУЛТАТИТЕ се ВИСОКИ.

Честитки за сите наши успешни ученици !!! Одговорен наставник за активноста:  Ивица Петрушевски

Градскиот натпревар по прва помош

Нашиот училиштен тим на ЦРВЕНИОТ КРСТ учествуваше на Градскиот натпревар по прва помош, каде што го освои петтото место на ниво на Град Скопје и покажа дека е подготвен за укажување на прва помош на високо ниво.

Браво за учениците на нашиот тим:

1 Анастасија Ивановска-капитен

2 Вероника Златковска

3 Jaсна Филeвска

4 Тео Бојанчев

5 Jана Ангелова

6 Христијан Десподовски

Благодарност до нашата волонтерка Адриана Стоилевска за соработката.

Одговорен наставник за подготовки на тимот – Бојана М. Личева

„Мултикултурализмот во образованието“ – 4

Четврта работилница во ООУ „Дане Крапчев“ финализирање на книга (26.05.2025) и посета на издавачка куќа (27-31 Мај).

Претпоследна заедничка работилница предвидена со активностите од проектот: „Мултикултурализмот во образованието“

Овој пат изработивме насловна страна за нашата заедничка книга: „Книга од соништата“ под наслов „ПРИЈАТЕЛСТВО“ за која беа задолжени нашите  другарчиња Никола Тргачевски Владевски и Петар Стефановски од VII-2 под менторство на наставничката по информатика Марина Пејковска.

Останатите ученици ги уредуваа, преведуваа личните творби со поддршка на наствничките

по македонски јазик Елена Малинова, албански јазик наставничката Дитурие Сејфедини и наставничката по историја Роза Јаневска.

Огромно задоволство и позитивно искуство е за сите нас што ќе оставиме белег во нашите животи и траен спомен за нашите училишта и идните генерации.

Се надеваме дека сите вас ве поттикнавме да бите креативни, сплотени, иновативни и во иднина и вие да превземете вакви ученички иницијативи.

Финалниот потег е печатење на нашата заедничка книга која ќе се реализира во печатницата

ФОКУС ПРИНТ во Скопје.

Голема благодарност до генералниот директор Имер, генералниот менаџер Јусуф Гоѓуфи и останатиот тим кои ќе се погрижат за изработката и издавање на Книга од соништата.

Не примија со широко отворени раце, разбирање и почит. Им благодариме.

Голема благодарност и до МОН кое ги доделува овие грантови на училиштата кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Преку овие проекти се промовираат добри практики во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, соживот, заедништво, трајни пријателства, трајни вредности, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи.

За крај Ве ПОКАНУВАМЕ сите вас драги ученици, родители, пријатели, вработени, локална заедница, претставници на општина Гази Баба и МОН да дојдете на нашата заедничка промоција на книга која ќе се реализира на свечената приредба на 04.06.2025 година во просториите на нашето партнер училиште ООУ „25 Мај“ во 17:00 часот.

Одговорен наставник за активноста: Роза Јаневска- наставник по историја.

УБАВИ ВЕСТИ и од ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!!!

Анастасиа Пислевиќ 6-1 – II место ментор Елена Малинова.

АнгелинаТрпковска 7-1 одд. II местo  ментор Марија Шереметкоска.

Калина Караџоска 8-1 одд. II место , ментор Елена Малинова.

Тара Спасиќ 9-2 -III место. ментор Катица Стојчевска.

ПОФАЛНИЦИ:

Стефанија Спасовска 8-4 – ментор Елена Малинова.

Јана Србиновска 7-1 – ментор Марија Шереметкоска.

Им честитаме на учениците и менторите за посветеноста, трудот и постигнатиот успех.

Овој резултат е поттик и инспирација за сите наши ученици да ја негуваат љубовта кон македонскиот јазик.

УБАВИ ВЕСТИ од ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по БИОЛОГИЈА!!!

На 31.05.2025 учениците од нашето училиште на државниот натпревар по биологија ги остварија следните резултати:

9 одд.

Тара Спасиќ -I награда

Александар Маџовски-II награда

-ментор Душанка Китановска

8 одд.

Калина Караџоска-III награда

-ментор Бојана М.Личева

7 одд.

Ангелина Трпковска-II награда

-ментор Бојана М.Личева

Честитки од целиот колектив за вложениот труд  на учениците и наставниците !

ГОРДОСТ СТЕ НИ !!!

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

На 18 Мај на ПМФ се одржа Државниот натпревар по Природни науки.

Нашите ученички:

Бисера Митровска од 5-3 одд. освои III награда

и Леона Арсова од 5-2 одд. освои пофалница.

Ментор :Душанка Китановска.

Честитки за двете наши ученички