Голема Еко акција во училишниот двор на ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

Оваа седмица на инцијатива од  нашиот  Еко-тим во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „ Гази Баба 2007” се спроведе  голема Еко-акција. Акцијата опфати  расчистување на отпадот расфрлен во задниот дел на училишниот двор  од страна на несовесни граѓани.

Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба 2007“ се расчисти оргомна количина на отпад на кој местото не му е во нашиот училишен двор.

Сакаме да апелираме до сите граѓани кои гравитираат низ нашиот двор дека тој е место за рекреација и дружење на нашите ученици , а не депонија !!! Несоодветно одложениот отпад е опасен за здравјето на сите нас!

Во иднина се надеваме дека нема да има потреба од ваков тип на акции , а вооедно сакаме да искажеме јавна благодарност за помошта од ЈКП “Гази Баба 2007”.

И за крај една убава вест – Пред училишниот влез засадени се четири зимзелени садници од видот Туја-смарагд кои ќе придонесат за разубавување на амбиентот.

Грижата и негата за садниците е заедничка одговорност!

ЕКО – тим

Активности на Eко – тимот за месец ноември

Во месец ноември ЕКО тимот на нашето училиште ги реализраше следните активности:

Продажна акција за здрава храна – Активот на IX одд. oдржа продажна акција на мандарини, jаболки и други есенски плодови со која се обиде да ја потикне свеста на учениците за конзумирање на повеќе овошје во есенскиот период.

Тековно одржување на саксиските цвеќиња во училиштето и нивно полевање со дождовница,чистење на училишните простории .

Во два наврати во овој месец се спорведе  еко акција за средување на училишниот двор . Во акцијата беа вклучени членовите на еко тимот, учениците од еколошката секција и членови од тимот “Црвен Крст “.

Акцијата имаше за цел да се расчисти училишниот двор од листови и отпад .

Исчистени беа жардињерите и отстранета беше сета вегетација која беше исушена, а сезонските и зимзелените садници беа окопани и потхранети.

Континуирано се спорведуваат акции за собирање на пластична амбалажа, стара хартија и е-отпад кои се доставуваат до “Пакомак “ и др. компании кои ја вршат оваа дејност.

Сакаме да Ве потсетиме и охрабриме доколку имате отпад од овој тип, стара хартија, пластична амбалажа и нефункционални електронски уреди да ги донесете во нашето училиште за истите да завршат на соодветно место без да и нашететат на околината. Акциите се одвиваат секојдневно!

ЕКО – тимот

Прва награда од областа биологија на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

По повод Ноември-Месец на науката 2018,  во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) се одржа саем на науката на кој учествуваше и нашето училиште.

Настанот беше наменет за учениците од основните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика и,a имаше натпреварувачки карактер .

Натпреварот   се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје на ден 17-11-2018.

Претставник на нашето училиште беше ученикот Павел Наневски од VIII одд. кој се натпреваруваше во областа билогија со изработка на експеримент на тема Вода-Прочистување на вода (Модел).

Ментор на ученикот беше наставничката по биологија Бојана М.Личева.

Ученикот демонстрираше постапка за прочистување на вода преку модел на прочистителна станица кој сам ја изработи врз основа на сопствено истражување на оваа тема .

Ученикот Павел Наневски  и менторот Бојана М. Личева со својот експеримент  ја освоија  првата награда на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ во областа Биологија.

Повеќе информации за настанот може да проследите на: https://biologija.yolasite.com/

Ликовни награди

Во изминатиов период учениците од VI од IX одделение учествуваа на неколку ликовни конкурси и покажаа солидни резултати. На конкурсот “Јас и мојата земја” од проектот “Цртам и објаснувам” на НВО “Џунџуле” награди освоија Бојана Петровска VI3 и Давид Цветковски VII3. На кокурсот “Мојата општина” Љубица Стаменковска VII4 освои  I награда. А Теодора Стефановска IX2 освои I награда на конкурсот “И јас умеам да штедам”. Исто така учениците од ликовната секција Теодора Стефановска, Павел Наневски, Дина Шабановиќ, Михаела Стојменовиќ, Марио Илиевски, Лорина Јакимовска, Мартин Атанасов и Христина Јовановска успешно го претставија училиштето на ТВемисијата Ѕвон и на Еко модната ревија во рамки на проектот “Градиме заедничка иднина”. Честитки за наградените и благодарност до сите за успешниот ангажман.

Марија Николоска – Наневска

Општински натпревар за противпожарна заштита

На 7.11.2018 тимот од ООУ „Дане Крапчев“ на 34 општински натпревар за противпожарна заштита, одржан во ООУ „Крум Тошев“ го освои првото место на ниво на општина Гази Баба со што се пласира на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 14.11.2018.

Тимот го предводеше наставник ментор- Јулија Јанкуловска со учениците од VIII одделение: Марко Смилевски, Иван Гочевски – Иваноски, Јане Ѓорѓиевски и Стефани Угриновска.

Промотивен настан на активности за меѓуетничка интеграција на Денот на Општината

Ве очекуваме на 03.11.2018 во 17:00 во спортската сала „Крсте Мисирков“ да ги проследите заедничките активности на учениците од 11 основни училишта во општина Гази Баба.

44948651_2234829983254898_5425486770881953792_o

Меѓународен ден на храната

„Меѓународниот ден на храната” 16.10.2018 год.  и оваа година беше одбележан во нашето училиште.  Традиционално се одржа предавање и куса дебатна сесија  на тема “Здрава храна” кое го реализираа  учениците од 9. одделение под менторство на наставници по биологија.

Нашата кампања за здрава исхрана има цел да допринесе за подигање на свеста за здравата храна и  важноста на правилната исхрана во периодот на раст и развој кај децата.

Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” ученичките Мила Филиповска и Марија Николова ги потсетија соучениците со неопходните материи за здраво тело, во која  храна се наоѓаат, која храна треба да ја избегнуваат , а која да ја преферираат.

Од активноста која ја споведовме произлезе заклучок за точноста на изреката   “Здравјето преку уста се внесува”.

Меѓународен ден на пешаците – 15 октомври

Реалирано на 15-10-2018

Цел на активноста : –  

  • Да се подигне јавната свест за  придобивките од пешачењето
  • Да се подигне свеста на пешаците како учесници во сообраќајот
  • Да се подигне свеста за безбедноста на пешакот во сообраќајот

Целна група: ученици, наставници, вработени во нашето училиште и локалното население

 Опис:

Учениците се јавија во улога на  носители на оваа кампања преку изработка на репрезентативни материјали во вид на флаери преку кои  апелираа подигнување на  нивото на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот , како и истакнување на придобивките за здравјето од пешачењето.

Тие изработија пано на кое ги истакнаа безбедносните проблеми со кои се соочуваат пешаците, но и придобиките од оваа активност.Исто така тие поделија флаери на паркираните возила во околината  и локалното население околу училиштето со цел да ја подигнат јавната свест за пешачењето.

Септемвриски активности на еко тимот

Во месец септември успешно ги реазлизиравме планираните активности согласно еко-календарот.

Одбележани беа следните денови:

 Светски ден за заштита на озонската обвивка (16 Септември)

Активност: Изработка на пано за важноста на озонската обвивка и читање текст за важноста на озонот кои го изготвија учениците од 9 одд. кои се дел од еко тимот.

Рефератот го изработија ученичките Ивана Додевска, Теодора Стефановска и Моника Блаќевска од 9 одд.

Рефератот за озонската обвивка можете да го превземете тука

   Меѓународен ден без автомобили (22 Септември)

Активност: Изработка  плакати и пано  со апел за разумно користење на автомобилите.

Кампања  “Здрава храна за детство без мана “ традиционално ја реализираме и оваа учебна година.

Почетокот на кампањата го означи продажна акција за здрава храна на активот

7 одд.,кои вo училишниот хол на своите ученици за ужинка им понудија овошни плодови.

Исто така во месец септември се спроведоа активности по повод Светски ден на акцијата. Нашето училиште ООУ “Дане Крачев”, Гази Баба спроведе акција за чистење на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните граѓани. Собрани беа околу 10 црни вреќи мешовит отпад.

Тековно се одржува цветниот фонд во училишната зграда и двор. Во месец септември спроведовме голема собирна акција за стара хартија и обезбедивме 12 картонски кутии за селекција на употребената хартија од компанијата ДС Смит.

Во училиштето во тек е обнова на фасадата и поставување на излоација што оди во прилог на заштеда на енергија.

Одбележана Детската недела во ООУ ”Дане Крапчев”

 

               На 05.10.2018 со културно – уметничка програма беше одбележан приемот на првачињата во Детската организација. Приредбата беше организирана од страна на постарите другарчиња и наставниците од училиштето.
               Истата беше проследена и од родителите на првачињата.
               Првооделенците дадоа свечено ветување.
ВЕТУВАЊЕ
Во овој момент, ветувам на сиот глас
Дека моите наставници ќе ги почитувам јас !
Секоја задача ќе се обидам со леснотија да ја решам,
но Ве молам простете ако некогаш згрешам !
Во овој момент давам чесен татковински збор,
ќе се дружам со другарчињата, во училишниот двор