Прва награда од областа биологија на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

По повод Ноември-Месец на науката 2018,  во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) се одржа саем на науката на кој учествуваше и нашето училиште.

Настанот беше наменет за учениците од основните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика и,a имаше натпреварувачки карактер .

Натпреварот   се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје на ден 17-11-2018.

Претставник на нашето училиште беше ученикот Павел Наневски од VIII одд. кој се натпреваруваше во областа билогија со изработка на експеримент на тема Вода-Прочистување на вода (Модел).

Ментор на ученикот беше наставничката по биологија Бојана М.Личева.

Ученикот демонстрираше постапка за прочистување на вода преку модел на прочистителна станица кој сам ја изработи врз основа на сопствено истражување на оваа тема .

Ученикот Павел Наневски  и менторот Бојана М. Личева со својот експеримент  ја освоија  првата награда на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ во областа Биологија.

Повеќе информации за настанот може да проследите на: https://biologija.yolasite.com/