Прво место за песна на конкурсот „БЗР од мали нозе 2021“

      На конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021 година”, песната со наслов БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА  чиј автор е ученикот Христијан Гочевски Иваноски  со ментор – наставничката Билјана Трајановска, од ООУ„ Дане Крапчев “- Гази Баба   беше рангирана и освои награда:

 – Безбедност и здравје при работа , Христијан Гочевски Иваноски – V-1 одд – Прво место во Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа .

Честитки за ХРИСТИЈАН!

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Секој мора да знае

за утре да не се кае,

животот е еден

но, не секому е меден.

Во рудникот влегува рудар.

Тој мора да е мудар.

На главата да носи  шлем

со македонскиот амблем.

Катастрофа ко од шала,

ќе настане од грешка мала

со хемиски препарати и

електрични апарати.

Здравствениот работник

маска и ракавици да носи ,

неговите најмили

болест  да не ги покоси.

                                                                                                         Христијан Гочевски Иваноски  V-1

 Работното место                                                                       O.O.У:,,Дане Крапчев”-Скопје

 не секогаш е лесно.                                                                  Ментор:Билјана Трајановска

Биди информиран,                                                                    Конкурс за категорија:1

во униформа програмиран!                                

Прво место на конкурсот „Блаже Конески“

       По повод одбележувањето на 100- годишнината од раѓањето на Блаже Конески Министерството за образование и наука објави Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески. Согласно критериумите утврдени во Конкурсот, комисијата избра најдобра поетска творба и најдобар расказ.  Нашиот ученик ХРИСТИЈАН ГОЧЕВСКИ ИВАНОСКИ  од  V -1 освои прво место во категоријата за најдобри творби во расказ.

Честитки Христијан!

Прва GLOBE on-line обука

На 22 и 23 Април се спроведува обука за имплеметација проектот “GLOBE одржлива програма” ,кој ќе биде нашиот следен предизвик.„Прва GLOBE on-line обука – Северна Македонија, Хрватска и Словенија“ се спроведува преку онлајн платформата ZOOM , а учесници од нашето училиште се наставниците по биологија Б.М.Личева и Д. Китановска .Отпочнувањето на оваа програма го подржа министерката за образование М. Царовска, Г-ѓа Кејт Брнз, амбасадор на САД во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина, а целта е да се потикне учењето преку научно истражувачката работа во училиштата.Целта на проектот е да овозможи одржливост на Globe програмата преку нејзина практична имплементација во училиштата , со цел стекнување поголемо знаење за животната средина, како и зголемување на свеста за климатските промениПроектот е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, а реализиран од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест од Скопје. Со едукација го прославивме роденденот на нашата планета!

Известување за запишување во прво одделение во учебната 2021/22 година

ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗАПОЧНУВА ОД 01.05.2021 односно од 04.05.2021 ГОД.(поради празници и неработни денови) И ТРАЕ ДО 31.05.2021 ГОД.

Родителот е должен да го запише детето кое до крајот на каледнарската година односно до 31.12.2021 год. ќе наполни 6 години. Во прво одделение може да се запише и дете кое до 31.01.2022 год. ќе наполни шест години, но по претходно барање на родителот/старателот и по дадено мислење од страна на педагогот или психологот на училиштето.

Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата https://uslugi.gov.mk или со физичка пријава во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. Телефон за контакт 02525292.

При запишување на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа. За добивање на потврда од стоматолог во Поликлиника Ченто, според протоколите и укажувањата од МЗ, родителите треба претходно да се јават да закажат термин на тел. 02 2522-235 локал 120 за да се избегне групирање во чекална.

Имајќи ја во предвид светската пандемија предизвикана од вирусот COVID 19, Министерство за образование и наука укажува дека

– ДОКОЛКУ ПРИ ЗАПИШУВАЊЕТО ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ РОДИТЕЛОТ НЕ ДОСТАВИ ПОТВРДА ОД ИЗВРШЕН ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, ПОТРЕБНО Е ДА ПРИЛОЖИ УПАТ ЗА ВРШЕЊЕ ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД. Во тој случај училиштето условно ќе ги прими документите на ученикот по што родителот треба да ја донесе потврдата за извршен офталмолошки преглед веднаш по добивање добивање на истата, но не подоцна пред започнување на учебната 2021/2022 година.

– ДОКОЛКУ ПРИ ЗАПИШУВАЊЕТО ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ РОДИТЕЛОТ НЕ ДОСТАВИ ПОТВРДА ОД ИЗВРШЕН СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, се дава можност истата да ја достави пред започнување на учебната 2021/2022 година.
Подетални информациите за потребни документи можете да добиете од следното видео:

22 Април-Ден на планетата Земја

   22 Април е Меѓународниот ден на планетата Земја .  Се одбележува  со цел подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

 Денот на планетата Земја претстaвува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување кон  Земјата,  дали се однесуваме правилно и одговорно  и што можеме да направиме да биде почиста и поубава.

Бидејки само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.

Неопходно  е сите ние секојдневно да се трудиме правилно да ги чуваме природните убавини во својата најблиска околина.

Преку Еко пораките потсетуваме како сите ние можеме да и помогнеме на нашата планета Земја и да допринесеме за нејзиното зачувување :

Редуцирај го отпадот кој секојдневно го фрлаш !

Реупотребувај и потикнувај секогаш кога можеш !

-Рециклирај  и подржи го рециклирањето со тоа што ќе купуваш производи со рециклирана содржина !

Штедете ја колку можете електричната енергија !

-Штедете  ја водата!

-Користете  ги велосипедите а на автомобилите !

Да ги погледнеме изработките по повод 22 Април  од вредните рачиња на вашите ученици!!!!

                                                                        Подготвил  ЕКО Тимот

Ново катче на учениците- креативци

Драги наши,

Со голема радост сакаме да Ви соопштиме дека покрај нашата препознатлива веб страница, стартува и блогот на учениците наречен

„Дружината на Дане Крапчев“

Креатори се мотивираните ученици кои неуморно започнаа со истражување и пишување од различни области, за кои допрва ќе читате и дознавате. Тимот на блогот, на самиот почеток е составен од 30 ученици, кои избраа наслов на блогот, лого и 7 уредници.

Добредојдени се сите ученици кои имаат желба да ги изразат своите размислувања преточени во интересни објави за различни содржини: книги, спорт, музика, мода, здравје, наука, филм, хоби и што ли уште не!

Имињата на уредниците и нивните mail адреси се објавени на блогот, а сите вие кои ќе покажете интерес да бидете дел од ова наше креативно катче, имате можност вашите текстови да ги пратите кај нив, ќе бидат обајвени со ваше име и презиме.

Дојде време сите вие креативци да го добиете вашето заслужено место, токму на блогот – Дружината на Дане Крапчев

Читајте, споделувајте, уживајте заедно со ДРУЖИНАТА!!!

Резултати од општинскиот натпревар по природни науки и биологија 2020/2021 год.

На ден 15 и 16 април 2021 год.  се одржаа натпреварите по природни науки и биологија на општинско ниво.

Нашите млади  природници и биолози ги остварија следните резултати:

Природни науки 4 одд.
Емил АдемоскиII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ведран ВељковиќIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ментор: Наташа Јосимовска Георгиевска
Дамјан ВлинтовскиIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ментор: Виолета Симоновска
Марко КрстевскиIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ментор:Елизабета Ордева
Калина КараџоскаIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Давид ТрајановскиПофалница 
Ментор : Даниела Торковска
Природни науки 5 одд.
Тара Спасиќ II НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Матеј Китановски III НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Христијан Гочевски Иваноски III НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Александар Маџовски III НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ментор : Душанка Китановска
Маркијан ЈовчевПофалница 
Ментор : Елена  Томевска
Природни науки 6 одд.
Катарина ПислевиќII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Теона ЈовеваIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Јована СрбиновскаIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Андреј ЈордановскиIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Биологија 7 одд.
Михаела ДимчоваIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Горазд СтојановскиIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Ања ЈовановскаПофалницаУчество на регионален натпревар
Јована Ивановска  ПофалницаУчество на регионален натпревар
Петар РистовскиПофалницаУчество на регионален натпревар

Ментор на учениците од 6 и 7 одд. нас. Бојана М.Личева

Биологија 8 одд.
Теона ДимишковскаII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Алексеј СтојановиќIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Стефан ЈанковскиУчество 
Марија СтојановскаУчество 
Биологија 9 одд.
Ангела АнѓелкоскаII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Анастасија ТодевскаIII НАГРАДАУчество на регионален натпревар
Христина ЈовановскаПофалницаУчество на регионален натпревар

                                                           Ментор на учениците од 8 и 9 одд.  Душанка Китановска

Официјалните резултати се достапни на страницата  https://biologija.yolasite.com/

Честитки до учениците и им посaкуваме успех на регионалните натпревари !!! J

Регионален натпревар по англиски јазик – резултати

На 17.04.2021 година се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик. На истиот учество земаа и ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати:

Андреј Јордановски 6-1одд – I место

Дора Николова 6-4 одд – I место

Даријан Саравинов 7-3 одд, – I место

Дона Тасева 8-3одд – I место

Алексеј Стојановиќ 8-3 одд – I место

Ема Димитровска 9-1одд – II место

Честитки за сите ученици и за менторите Весна Трајковска и Катерина Лукарова, и многу успех на државниот натпревар!!!

Реализирана обука за справување со стресот во време на пандемија

Примариус д-р МЕРИ БОШКОВСКА – детски психијатар, во рамки на Проектот “И јас имам глас” преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи ЧЕКОР ПО ЧЕКОР реализира обука за наставниците и стручните соработници од двете партнерски училишта во Проектот: ООУ „Кирил и Методиј“ и ООУ ,,Дане Крапчев” Скопје. Темата на обуката повеќе од потребна: НЕПОСРЕДНИ И АКУТНИ СТРЕСНИ РЕАКЦИИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕНИЈА. Прекрасна атмосфера преку споделување искуства, емоции и личните и колективни перцепции и предизвици во време на КОВИД 19. Вечерва во 19:00 обука на истата тема со родителите. Ви благодариме од срце!!!

Сертификат за животна средина

Правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско право на секој поединец. Чест и задоволство ни е како училиште што се препознаваат нашите ангажмани и заложби во негување на нашата животна средина.