ФЕВРУАРИ-МЕСЕЦ НА УЧИЛИШНИ НАТПРЕВАРИ

Во учебната 2023/24 година училишните натпревари ќе се реализираат според следниот распоред:

25.01.2024- Математика

29.01.2024 –Биологија

30.01.2024 – Хемија

31.01.2024- Природни науки (за 6 одд.)

31.01.2024 – Географија

01.02.2024- Природни науки (за 5 одд.)

01.02.2024- Физика

05.02.2024 – Англиски јазик

20.02.2024 – Историја

29.02.2024 – Македонски јазик

04.03.2024 – Информатика

07.03.2024 – Француски јазик

Многу успех на сите натпреварувачи!

Со натпреварот по математика на 25 јануари, го ,,Скршивме мразот” и ја отворивме сезоната на училишни натпревари за учебната 2023/24 година.

Започнавме со освојување места за пласман на општински, регионални и државни натпревари.

eTwinning проектот Let’s take climate action! со најпрестижни признанија за квалитет

eTwinning проектот Let’s take climate action! ги доби најпрестижните признанија за квалитет

National Quality Label и European Quality Label.

Основач на проектот е наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, а во него учествуваа ученици од нашето училиште како и 16 наставници и 110 ученици од повеќе држави Италија, Португалија, Шпанија, Турција, Романија и Полска.

Во рамките на проектот беа реализирани најразлични активности преку кои учениците го подобруваа Англискиот јазик, своите комуникациски вештини, тимскиот и натпрварувачкиот дух, мултикултурализмот и толеранцијата.

Учеството во проектот е од непроценливо значење за сите, а задоволството од добиените признанија уште поголемо.

НИЕ ГОЛЕМИТЕ – ЗА НАЈМАЛИТЕ

Старата година ја испраќаме со добро дело, напрвено по иницијатива на ученици од VIII одд.

ГОЛЕМИТЕ изработуваа и продаваа новогодишни украси.

МАЛИТЕ купуваа и се радуваа.

Со собраните средства се купија сложувалки, друштвени игри и реквизити за учениците од ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ.

Учиме за ѕвезди и соѕвездија

Крајот на ова полугодие го заокружуваме со гости. Имено учениците од ООУ “25 Мај” и нашите од 6-4 се дружеа и учеа за ѕвезди и соѕвездија. Во парови учениците ги исцртаа најпознатите соѕвездија со помош на точкести мапи, а потоа ги пронајдоа виртуелно благодарение на апликацијата Stellarium. Дефинитивно оваа година ќе ја паметиме по природни науки, но и по новите пријателства

УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ создаде СЛАТКА ПРИКАЗНА во ФАБРИКАТА ,,ВИНЧИНИ”!

Денес бевме гости на срдечни домаќини. Низ игри се едуциравме, се забавувавме и се наградувавме. Имавме исклучителна можност да влеземе во ,,Срцето на Винчини” и да видиме како се создаваат Винчини производите.

Новогодишните пакетчиња беа неизбежен подарок за секој од нас!

Голема благодарност до срдечниот тим на ,, Винчини” кои не воодушеви со гостопримството, условите за работа, едукативните работилници и подароците.

Благодарност до нашите наставнички Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска кои ни ги организираат овие интересни патувања.

Благодарност до нашата директорка Адријана Младеновска која секоја наша идеја ја поддржува и ни овозможува да ја реализираме онака како што сме ја замислиле.

Нашиот Ученички парламент и во 2024 година ќе продолжи да патува и да создава несекојдневни спомени!!!

Прво место за нашите кошаркари од V одделение

ДЕНЕС ГОРДИ СМЕ НА ПРВОТО МЕСТО на НИВО на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ОСВОЕНО од НАШИТЕ КОШАРКАРИ од V одделение, предводени од наставникот по физичко и здравствено образование ТОМИ СПАСОВСКИ.

На ден 21.12.2023 г. во ООУ ,,Кирил и Методиј”- Стајковци, се организираа натпревари во кошарка за учениците од 5-то одделение под мотото: ,,Кошарката моја игра” каде учество земаа ученици од сите основни училишта од Општината.

Целта на оваа активност е промоција на кошарката како спорт и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари.

Во прилог првопласираните три екипи:

1 место ООУ ,,Дане Крапчев”

2 место ООУ ,,Вера Јоциќ”

3 место ООУ ,,Крсте Мисирков”

Учиме за вселената и Млечниот пат

На крајот од работната недела одржавме заеднички час по природни науки со другарчињата од ООУ,, 25-ти Мај ,,. Овој пат зборувавме за вселената и Млечниот пат. Училницата за кратко ја претворивме во кино и преку едукативни видео материјали патувавме низ вселената. Видовме како изгледа нашата галаксија и се запознавме со теоријата на големата експлозија. Ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку фотографии.

КАМПАЊА: ,,КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО”

Оваа кампања е во организација на општествено одговорната компанија ,,МАКПЕТРОЛ”.

На 19.12.2023 год. беа реализирани едукативни работилници за учениците од VI до IX одделение.

Работилниците беа реализирани од страна на психотерапевт и специјален едукатор и рехабилитатор.

Учениците се запознаа со начините за превенција на ситуации со врсничко насилство, нивно решавање и надминување на последиците од нив.

Беше поделен и печатен едукативен материјал наменет за учениците и нивните родители.

ДЕНЕС ПРИМИВМЕ НАГРАДА И ПРИЗНАНИЈА НА ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

🔸️Наши ученици од VIII и IX одд. и нивните ментори Елена Малинова и Марија Н.Наневска присуствуваа на свечен настан кој се одржа во СГГУ на ГС “Здравко Цветковски”- Скопје со цел доделување награди за учество на Конкурсот за најдобра литературна, ликовна и истражувачка творба.

👉 II место за есеј на тема: “Божиќниот чај со моите најблиски” освои ученичката Јована Србиноска од IX-1 одд., ментор Елена Малинова, а другите учесници добија пофалници за учество.

🔸 ️Честитки за сите учесници, многу успеси во иднина!