Регионален натпревар по македонски јазик
На 08-05-2017 во нашето училиште се одржа акција за задување на семе од ела . Активноста беше во соработка со МОН и е дел од проектот “Садница +”. Во активностите беа вклучени сите ученици кои заедно со своите наставници ги засадија семињата и се обврзаа да се грижат за нив со цел да одгледаат садници од ела кои во иднина ќе го разубавуваат училишниот двор.
На ден 26.04.2017 ученици од ООУ “Дане Крапчев” беа учесници на традиционалната ликовна колонија во с. Кучково. Колонијата ја организира општина Ѓорче Петров. Оваа година претставник од опшина Гази Баба беше нашето училиште, а не претставуваа учениците Ева Алексоска IX-1 и Павел Наневски VI – 3. Изработените слики од сите учесници беа изложени на Првомајскиот хепенинг што исто така, го организираше општина Ѓорче Петров на платото пред крстот во с. Кучково.
Предметен наставник
по Ликовно образование
Марија Н. Наневска
НАСТАВА ВО ПРИРОДА V одд.
Во период од 09.04.2017 до 13.04.2017 учениците од петтите одделенија од нашето ООУ ” Дане Крапчев“ – Скопје , беа на петдневна настава во природа во Западна Македонија.
Воспитно образовите цели на наставата во природа беа :
– Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и односите во општествениот живот , – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со културните споменици и знаменитости, – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со релјефот, – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со видовите населби , археолошки ископини , – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со нашето подалечно и поблиско минато, – учениците да се запознаат со животинскиот и растителниот свет во и околу Охридското Езеро , – запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви , – развивање на другарство и социјализација на учениците.
Кон патот за Охрид , попатно ги посетивме :
1 ДЕН– 09.04.2017
Во попладневните часови се сместивме во хотелот Конгресен центар во Охрид.
2 ДЕН – 10.04.2017
Следуваа низа посети на културни знаменитости во градот Охрид:
Активности во попладневните часови, во хотелот: цртање на манастир и негова околина, литературно творење, истражување на животински и растителен свет покрај вода и пишување извештај од истото. А во вечерните часови имавме забава со аниматор.
3 ДЕН – 11.04.2017
По појадокот се упативме кон Струга. Во Струга ги посетивме следните локации:
Активности во попладневните часови, покрај брегот на езерото: работа во групи – пишување извештај од посетата на градот Струга , литературно творење , цртање на езерото , разгледување на релјефот во околината.
4 ДЕН – 12.04.2017
По појадокот се упативме кон Заливот на коските ( музејот на вода) , а потоа кон Св. Наум.
Учениците имаа и незаборавно доживување со возење со кајче со цел да ги видат изворите на Црн Дрим кај Св. Наум.
5 ДЕН – 13.04.2017
Последниот ден од незаборавната настава во природа се упативме кон :
Сите среќни , задоволни со голем број на впечатоци и доживувања пристигнавме во Скопје во попладневните часови.
На 11.04.2017 на Советот на родители се одржа предавање на тема “Инклузивно образование”, подготвено од стручните соработници во училиштето. Презентацијата ја имаше следната содржина:
-Концептуална рамка за човекови права која се темели на образование за сите (Право на квалитетно образование, право на пристап до образование, Право на почитување во рамките на средината за учење , Конвенција за правата на лицата со инвалидност, член 24.
– Дефинирање на инклузивното образование во поширока и потесна смисла
-Бариери во инклузивното образование (психосоцијални, физички и комуникациски и институционални)
-Дефинирање на инклузивниот тим во училиштето
-Бенефити од инклузивното образование
-Целта на инклузивното образование

Учениците на II-1 одд. денес,среда 12.04.2017 цртаа, боеја, креираа, декорираа, пееја се информираа и рецитираа – во чест на големиот ден – Велигден! Искрени желби за среќни празнични денови за сите наши големи и мали другарчиња и вработени во нашето училиште од нас-учениците на II-1 одд. и нашата наставничка Данче Костовска-Јаким
Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.
Одделенски наставник
Даниела Торковска