ДЕНЕС е ден за ПЕХАР!!!

На 45-от Општински НАТПРЕВАР за ПРВА ПОМОШ нашиот тим докажа дека е спремен да укажува помош кога е потребно.

Тимот составен од: Јана Ангеловa, Христијан Деспотовски, Тео Бојанчев, Анастасија Ивановска Јасна Филевска и Вероника Златкова, го сместија нашето училиште помеѓу најспремните.

Тие го освоија III место на натпреварот.

Благодарност до Адриана Стоилевска која помогна  во подготовките.

Одговорни наставници на ,,Тимот за црвен крст”-

Бојана М.Личева и Весна Димитровска

„Вкусна“ и интерактивна работилница „Откријте ги вкусовите на франкофонскиот свет!“

Во вторник, 15 април 2025 година, во 11:15 часот, во библиотеката на Катедрата по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа „вкусната“ и интерактивна работилница „Откријте ги вкусовите на франкофонскиот свет!“ на која учество земат студенти по француски јазик, ученици од средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ и од основните училишта „Дане Крапчев“ и „Невена Георгиева Дуња“ од Скопје. Целта на работилницата е откривање на француските специјалитети, подготвени од самите учесници, преку размена на рецепти и разговор за вкусови и состојки, игри и гатанки.

Работилницата ја анимираа лекторките м-р Анита Кузманоска и Анита Иванова.

Од нашето училиште учествуваа ученици од 7 и 9 одделение кои подготвија и презентираа рецепти за палачинки, чоколаден мус, еклери, француски тост (благи пржени лепчиња), популарниот сендвич Croque monsieur, профитероли, киш, клафути но пробаа и многу други специјалитети

Одговорни наставници – Анета Митевска и Наташа Апостолова

МАТЕМАТИКА – Регионален натпревар

На 15 март 2025 се одржа Регионален натпревар по МАТЕМАТИКА во кој учество земаа 17 ученика од 5 до 9 одделение.

Ги споделуваме со радост конечните резултати:

1  прва награда

2 втори награди

2 трети награди

6 пофалници

ЧЕСТИТКИ за сите ученици и нивните ментори!!!

МНОГУ УСПЕХ на Ивана и Дамјан на претстојниот Државен натпревар !!!

Посета на ЗОО и Природонаучен музеј на Македонија

Слободен изборен предмет – „Истражување на родниот крај“,

Тема-Природни особености на родниот крај.

Содржина ,,Растителниот и животинскиот свет на родниот крај” со учениците од 7-4 одделение

Активности: посета;

-набљудување на околината; -запознавање со најстарата биолошка институција во земјата која го претставува богатството на македонската флора и фауна, -запознавање со растителниот и животинскиот свет во ЗОО,

-дискусија за застапеноста и територијалната разместеност на растителниот и животинскиот свет; -изработка на албум со животински свет.

Вештини: да објаснува за застапеноста и разместеност на растителниот и животинскиот свет;

– да ги именува и да ги разликува различните растителни и животински видови.

Вредности: развива одговорно однесување кон себе, кон другите и кон околината;

– познавањето на историјата и географијата овозможува подобро разбирање на светот во кој живееме.

Активноста ја реализира предметниот наставник: Роза Јаневска

Учество на Националната Франкофонска Вечер

На 9 април 2025 година, во Свети Николе се одржа Франкофонска вечер во рамките на проектот „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија“, организиран од фондацијата Бел Идеал во соработка со локалните училишта.

120 млади од 12 училишта во 6 градови го прославија францускиот јазик преку различни уметнички изрази, во присуство на Претседателката на Република Македонија и Амбасадорот на Франција во Македонија.

Нашето училиште го претставија Анастасиа од 6-1 и Михајло од 6-2 со скечот Фудбал.

Одговорен наставник – Анета Митевска