ДЕЦА-ВОЛОНТЕРИ

Денес волонтираме, донираме и со хуманост на дело го одбележуваме 5 Декември-ДЕНОТ на ВОЛОНТЕРСТВОТО.

Членовите на Ученичкиот парламент денес помошници во НАРОДНАТА КУЈНА ,,Св.СПАС”каде благодарение на главниот готвач чичко Благојче и неговите вредни раце се подготвија 205 топли оброци за најзагрозените граѓани во нашиот град.

БЛАГОДАРНОСТ до Хуманитарна организација “Свети Спас” за можноста ова утро да поминеме неколку часа во нивната кујна и да вршиме општествено корисна работа.

Волонтерството е работа од љубов, работа за стекнување искуство, работа за инвестирање во себе! Тоа е животна филозофија, која треба да ја практикуваме сите.

НАШ ПРЕДЛОГ: Волонтирајте и Вие во Хуманитарната организација,,Свети Спас”.

За нашите впечатоци од овој настан , нека говорат фотографиите кои може да ги погледнете на нашата фб страна…

Активност подготвена од одговорните наставници на Ученичкиот парламент: Магдалена Павлеска и Данче Костовска-Јакимовска

СЕКОЈ ДЕН-ДЕН ЗА СИТЕ

По повод 3ти ДЕКЕМВРИ интернационалниот ден на лицата со попреченост учениците од I-1 и V-3 одд. реализираа работилница со цел поголемо прифаќање, поддршка и почитување на различностите.

Учениците на сликовит начин истакнаа дека сите деца се исти и испратија порака:

,,Да ги почитуваме различностите, секој ден е ден за сите во целиот свет”!

Активноста ја реализираа:

Во I-1 наставник:Катерина Димовска и образовен асистент Милена Алексовска

Во V-3 наставник: Анета Менчова и образовен асистент Жаклина Владимирова со поддршка од специјалниот едукатор и рехабилитатор од нашето училиште – Катерина Банџо.

Фотографиите од активностите погледнете ги на нашата фб страница

Меѓународен ден на професорите по француски јазик

Денес, во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа настан организиран по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, каде присуствуваа наставници и директори од училиштата кои се дел од мрежата J’aime le français. Од нашето училиште претставник беше наставничката Анета Митевска. Беше потпишан Анекс на Меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Република Франција во интерес на учениците кои го изучуваат францускиот јазик.

Работилница – Кажи НЕ на дрогата

Оваа недела тимот на Црвениот крст од нашето училиште ја посвети на борба против болестите на зависност.

Фокус на работилницата беше горчливиот проблем -употребата на дрога.

Учениците Аника Велковска, Тео Бојанчев, Мила Велковска и Тамара Костовска споделија информации за штетните последици од употреба на дрога.

Акцент ставивме на превенцијата, на знаците кои укажуваат на наркоманија и како да му помогнеме на некој кој се бори со зависности.

Одговорен наставник на Тимот на Црвен крст – Бојана М.Личева.

ПОЧИТ за ДЕЦАТА – СЕКАДЕ, СЕКОГАШ од СИТЕ!

Децата се украсот на светот- а ние возрасните сме пример за нив!

Децата од Ученичкиот парламент со свои активности на 20 НОЕМВРИ- СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО.

Ученикот правобранител, неговиот заменик и Претседателот на Ученичкиот парламент на организирана дебата со учениците од 4, 5 и 6 одделение на тема:,, Правата на децата”.

Сите ученици членови на Ученичкиот парламент од 4 до 9 одделение изработија плакати со детските права.

Само сакано и почитувано дете ќе израсне во човек кои ги сака и почитува другите луѓе!

Одговорни наставници на Ученичкиот парламент: Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска.

Кошарка – турнир за учениците од петто одделение

ДЕН ЗА КОШАРКА во кој главната улога ја имаа учениците од V одд. кои не израдуваа  со II место на ниво на општина.

Во првиот дел од турнирот се натпреваруваа ученици од V одд. од сите основни училишта од општина Гази Баба под мотото ,,Кошарката – моја игра” во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба

Во прилог првопласираните екипи:

1.место ОУ ,,Крсте Мисирков”

2.место ООУ ,,Дане Крапчев”

3.место ООУ ,,Наум Н.Борче”.

Честитки за нашите кошаркари и наставникот Филип Петровски!

Очекуваме убави вести и од вториот дел од турнирот кој ќе се одржи на пролет!

ДЕН за КРЕАТИВНОСТ,СОРАБОТКА и ДОНАЦИЈА

Младите екологисти денес беа дел од текстилна работилница преку која се запознаа со последиците од текстилните отпад.

На гости ни беа претставници од компанијата “Тексмак” кои преку предавање не запознаа со последиците врз животната средина од текстилен отпад.

Заеднички на работилницата стариот текстил го реупотребивме и креиравме од старо ново.

Од оваа соработка произлезе и донација на контејнер за текстилен отпад кој наскоро ќе биде поставен во нашето училиште.

Во прилог фотографии од работилницата.

Одговорни за активноста: Бојана М.Личева и Душанка Китановска – наставници по биологија.

Одржан прв полигон – игри од натпреварувачки карактер

Денес за ученици од III одделение од 11 училишта во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба се реализираше прв полигон, игри од натпреварувачки карактер.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ,,Вера Јоциќ”.

Честитки за нашите ученици и наставници кои и овој пат се меѓу најдобрите три екипи во општината.

1 место -ООУ,,Вера Јоциќ”.

2 место ,,Крсте Мисирков”.

3 место,,ООУ Дане Крапчев”.

Целта на активноста е подобрување на психомоторните вештини и рано вклучување на учениците во спортските натпревари.

Одговорни за активноста:

Филип Петровски и Јовица Димески- наставници по физичко и здравствено образование.

4 Ноември – Светски ден на дијабетесот

Тимот на Црвен крст во нашето училиште изминатата недела го одбележа Светски ден на дијабетесот .

Учениците изработија едукативно пано,презентација и реферат со корисни информации за оваа заболување,со цел да допринесат за превенција и подигање на свеста кај јавноста за дијабетесот.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.

Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.

Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Во прилог ги споделуваме изработките на нашите ученици: Ева Стојмановска, Марија Трајковска, Калина Павлевска и Мила Николова.

Одговорен наставник за активноста – Бојана М. Личева.

НАГРАДА на ЛИКОВЕН КОНКУРС!

На ликовниот конкурс организиран од страна на НЛБ Банка на тема:

„Штедиме и правиме добри дела“ нашата ученичка Мариела Арсова

од III-1 одделение под менсторство на својата наставничка Даниела Торковска

за својата ликовна творба освои награда од стручното уметничко жири.

Мариела-честитки за успехот!