Author: Дане Крапчев
Виртуелна средба во рамките на е-твининг проектот – Виртуелни пријатели
Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, денес повторно имаа средба со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, во рамките на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“.
Тие подготвија презентација за нашето училиште и зборуваа за плановите за време на распустот. Бидејќи учебната година завршува, а со тоа и нашиот проект, учениците си разменија контакти на социјалните мрежи за да продолжат и понатаму да комуницираат. Сите ученици изразија желба соработката да продолжи и понатаму, па можеби и лично да се запознаат.
Наставничката по француски јазик која го водеше овој проект, Анета Митевска, е задоволна и среќна што учениците успеваат со своите скромни познавање на јазикот, да комуницираат и да се разберат со своите пријатели од Франција. Уште поголем поттик за работа и нови проекти е што се гледа задоволството кај учениците и нивната желба за нови авантури.
Ние како училиште, ќе се трудиме да им овозможиме на учениците да ги применуваат стекнатите знаења и да почувствуваат лично задоволство од тоа.
Регионалeн натпревар по хемија
На Регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 28.05.2021 година , ученикот Алексеј Стојановиќ од VIII-3 освои II награда и се пласира на Државен натпревар.
Честитки и му посакуваме многу успех!
Ментор Елена Томевска
Награда на литературниот конкурс за противпожарна заштита 2021г.
II Награда на литературниот конкурс за противпожарна заштита 2021г. за нашата ученичка Марија Гичевска од VI-1 одд. – ментор Елена Малинова.Честитки Марија, уште многу освоени награди ти посакуваме во иднина!
31 Мај Светски ден против пушењето
Секоја година на 31 Мај, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Светски ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО во светот пушат 1,1 милијарда луѓе од кои 200 милиони се жени. 6 милиони луѓе годишно умираат од пушење,меѓу нив 600 000 пасивни пушачи.
Во одбележување на овој ден се вклучија и нашите учениците од Еко тимот.Тие ви подготвија презентација за пушењето и последиците од пушењето .
Патронат 2021 – „Дане Крапчев чекор напред кон иднината“
Денес го прославуваме 43 патронен празник на нашето училиште и одбележуваме 77 години од смртта на Дане Крапчев
На следниот линк е настанот кој се пренесуваше во живо од нашето училиште како и неколку фотографии од активностите
Градоначалникот на општина Гази Баба, господинот Борис Георгиевски, се обрати по повод патронатот
Исто така подготвивме и видео со пригодна програма по повод патронатот
Работилница „Контрола на импулсивноста во услови на изолираност поради КОВИД 19“
Анксиозност, депресија, страв, агресивно однесување, тешкотии во самоорганизирање и саморегулација на емоциите кај децата и учениците во услови на пандемија, беа темите за кои се дискутираше на двете работилници, за наставници и родители, кои се реализираа денес, 21.05.2021 г., во рамки на проектот ,, И јас имам глас,, со прим. д-р Мери Бошкоска. Целта на работилницата беше да им се помогне на наставниците и родителите полесно да ги согледаат причините за одредени однесувања кај учениците и им беа дадени насоки како, на кој начин и кои стратегии да ги применат со цел навремено да им помогнат. Обуката, покрај наставниците и стручните соработници од нашето училиште, ја следеа и наставници, стручни соработници и родители на нашето партнер училиште во овој проект ,,ООУ Кирил и Методиј,, – Стајковци
Климатски промени
15-ти мај е Светски ден на климатските промени кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на човековата активност.
Глобалното затоплување и екстремните промени во климата, претставуваат најголема глобална закана по здравјето во 21-виот век. По тој повод нашите учениците од 7 одделение истражуваа и изработуваа презентации за климатските промени (климатските промени и глобалното затоплување).Во продолжение ќе погледнеме дел од нивните изработки.
И да не заборавиме:
Одговорноста почнува од секој еден од нас!!!
Како можеме позитивно да влијаеме :
– со редуцирано возење со автомобил и користење на велосипедот
-да вршиме селекција на отпадот и негово рециклирање
– да купуваме енергетски ефикасни производи
– да развиваме навики за заштеда на електрична и топлинска енергија
-да ги чуваме и одржуваме зелените површини
ЕКО Тимот
Климатски промени – како да се справиме со нив
Резултати од Регионалниот натпревар по природни науки и биологија 2020/2021 год.
На ден 12 и 14 Мај 2021 год. се одржаа Регионалните натпреварите по природни науки и биологија .
Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
| Природни науки 4 одд. | ||
| Калина Караџоска | III НАГРАДА | |
| Ментор : Даниела Торковска | ||
| Дамјан Влинтовски | III НАГРАДА | |
| Ментор: Виолета Симоновска | ||
| Марко Крстевски | III НАГРАДА | |
| Ментор:Елизабета Ордева | ||
| Ведран Вељковиќ | II НАГРАДА | Учество на државниот натпревар |
| Емил Адемоски | пофалница | |
| Ментор :: Наташа Јосимовска Георгиевска |
| Природни науки 5 одд. | ||
| Тара Спасиќ | II НАГРАДА | Учество на државниот натпревар |
| Матеј Китановски | II НАГРАДА | Учество на државниот натпревар |
| Александар Маџовски | III НАГРАДА | |
| Христијан Гочевски Иваноски | пофалница | |
| Ментор : Душанка Китановска |
| Природни науки 6 одд. | ||
| Катарина Пислевиќ | пофалница | |
| Јована Србиновска | учество | |
| Андреј Јордановски | учество | |
| Ментор: Бојана М.Личева |
| Биологија 7 одд. | ||
| Михаела Димчова | III НАГРАДА | |
| Петар Ристовски | III НАГРАДА | |
| Ања Јовановска | III НАГРАДА | |
| Јована Ивановска | Пофалница | |
| Горазд Стојановски | Пофалница | |
| Ментор: Бојана М.Личева |
| Биологија 8 одд. | ||
| Алексеј Стојановиќ | II НАГРАДА | Учество на државниот натпревар |
| Теона Димишковска | Учество | |
| Ментор: Душанка Китановска |
| Биологија 9 одд. | ||
| Ангела Анѓелкоска | III НАГРАДА | |
| Анастасија Тодевска | Пофалница | |
| Христина Јовановска | Пофалница | |
| Ментор: Душанка Китановска |
Официјалните резултати се достапни на страницата https://biologija.yolasite.com/
Честитки до сите ученици и им посaкуваме успех на тие кои продолжуваат на Државниот натпревар !!! J
ЈКП „Гази Баба“ се грижи за нашиот двор
Во текот на вчерашниот и денешниот ден ЈКП „Гази Баба“ ги искоси тревниците во предниот и задниот двор на училиштето и изврши кастрење на сувите гранки. Исто така комплетно беше отстрането едно исушено дрво.
Ви благодариме ЈКП „Гази Баба“ !













