Работилница „Контрола на импулсивноста во услови на изолираност поради КОВИД 19“

Анксиозност, депресија, страв, агресивно однесување, тешкотии во самоорганизирање и саморегулација на емоциите кај децата и учениците во услови на пандемија, беа темите за кои се дискутираше на двете работилници, за наставници и родители, кои се реализираа денес, 21.05.2021 г., во рамки на проектот ,, И јас имам глас,, со прим. д-р Мери Бошкоска. Целта на работилницата беше да им се помогне на наставниците и родителите полесно да ги согледаат причините за одредени однесувања кај учениците и им беа дадени насоки како, на кој начин и кои стратегии да ги применат со цел навремено да им помогнат. Обуката, покрај наставниците и стручните соработници од нашето училиште, ја следеа и наставници, стручни соработници и родители на нашето партнер училиште во овој проект ,,ООУ Кирил и Методиј,, – Стајковци