,,Квиз за пари,,

На 24.03.3021, по трет пат, се одржа Националниот натпревар ,,Квиз за пари,, во кој земаа учество наши ученици од VIII и IX одд. организирани во седум тима по два ученика. Овој квиз годинава се одржа под мотото: ,, Грижи се за себе, грижи се за своите пари,, Целта на овој квиз е да ги поттикне и мотивира децата на возраст од 13 до 15 години да се едуцираат во поглед на финансиите и финансиското работење, да умеат да се грижат за своите финансии и се разбира правилно да ги трошат. На овој квиз учествуваа основни и средни училишта од целата држава, а нашите ученици се пласираа меѓу подобрите. Им посакуваме повеќе успеси следната година.

Англиски јазик – Успеси на општинскиот натпревар

На 20.03.2021, Сабота се одржа општинскиот натпревар по Англиски јазик за учениците од 5 до 9 одд. Учениците од нашето училиште кои освоија први места и продолжуваат на регионелаен натпревар се:

Алексеј Стоjановиќ 8-3

Дона Тасева 8-3

Ема Димитровска од 9-1

Андреј Јордановски 6-1

Дора Николова 6-4

Даријан Саравинов 7-3

ЧЕСТИТКИ!!!

21 Март – Ден на Екологијата

21 март се одбележува како Ден на екологијата. Нашите ученици активно се вклучија во нејзиното одбележување преку изработка на еко пораки,изработка на скулптури од рециклирани материјали и литературни творби на тема Екологија.

Преку нивните одлични креативни изработки потсетуваат на сите оние работи кои несмееме да ги заборавиме:

-да ја чуваме природата, отворено да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно сите да делуваме како би ја прекинале истата

 -да се грижиме за околината и природата значи сметот да го фрламе на точно одредено место

-повеќе да се возат велосипеди,  да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство, 

-да засадуваме нови садници и да ја развиваме нашата еколошка свест неопходна за да се придонесе за почиста околина и поздрава средина.                                                  

Погледнете ги дел од ликовните и литературните творби на нашите вредни ученици!!!!              

Дендро парк во нашиот училишен двор

Овој месец во нашето училиште започна уредување на мини дендро парк , активност во рамки на прoектот “Редовно на часови”.Во тек се подготвителни активности на теренот за засадување на различни дрвја кои дополнително ќе го оплеменат училишниот двор. Хортикултурно уредување со дендро паркот ќе се користи во образовни цели, поврзани со реализација на наставната програма и воннаставни активности. Во рамките на овој проект се планирани повеќе едукативни активности кои имаат задача да потикнатат редовност на училиште. Овој потфат е овозможен благодарение на добиениот грант финансиран од Европската унија, проект инплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија со поддршка од нашата Општина Гази Баба .

17 март ден на формирањето на Црвениот крст на РСМ и ден на крводарителството во РСМ

17 –ти Март е денот на кој Црвениот крст и крводарителите  на Република С.Македонија  одбележуваат значајни 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина .

Ние како членови на училишната организација сакаме да потсетиме на важноста на крводарителството и дејноста на Црвениот крст со текстот кој го изготвија наштите членови.

Крвта е лек за која што нема соодветна замена…  да се дарува крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните….Крв се дарува само со големо човекољубие и желба да се помогне.. Оние што даруваат крв се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво!

Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест  за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти. Крв може да дарува секое здраво лице на возраст од 18-65 години.Крвта ќе помине низ многу лабараториски испитувања пред да стигне до лицето на кое му е потребна.Но ако во резултатите од лабараториските испитувања покажат некои отстапувања, трансфузиолошката служба ќе го информира крводарителот.

Некои факти што треба да ги знаеме пред да даруваме крв

  • Пред дарувањето на крв можеме да јадеме и пиеме  вообичаено како секој ден.
  • Препорачливо е да се конзумира лесна храна.
  • НЕ се препорачува да се јаде изразито мрсна храна или да се пие алкохол 8 часа пред  дарувањето  крв.
  • Низок хемоглобин, висок или низок крвен притисок, жените за време на менструален циклус, бременост или доење , лесни акутни боленсти (кивање, настинка), тетоважа и пирсинг,алкохолизирана состојба,земање антибиотици,по примање на трансфузија, по оперативни зафати и сл. Ова неколку причини за привремено одбивање на крводарителите.

СЕКОЈ КРВОДАРИТЕЛ Е ХЕРОЈ!

Изработено од членовите тимот на Црвен крст при ООУ “Дане Крапчев” Ева Серафимовска и Ања Јовановска.