Заеднички час со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај”

На 22.09.2023 година одржавме уште еден заеднички час со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај”. Овој пат ние бевме домаќини. Редовниот наставен час го одржавме во кабинетот по Природни науки и Биологија, а учесници беа учениците од 6-4 одделение заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева и учениците од 6-2 одделение со нивната наставничка Анида Адеми. Учениците со голем интерес го проследија предавањето на двете наставнички, а потоа поделени во групи истражуваа за физичките промени на материите. Секоја група имаше за задача да промени физичко својство на дадена супстанца. Тие успешно и на многу креативен начин успеаа да ги променат физичките својства на хартијата, пластелинот, алуминиумската фолија и жица. Убави импресии и впечатоци, заедничка дружба, заедничко поучување, креации на вештите рачиња на сите дечиња. П.С. Со нетрпение ги

очекуваме следните наши заеднички активности и дружење. Се гледаме наскоро!

22 Септември – ,,Меѓународeн ден без автомобили “

Tрадиционално и оваа година ЕКО ТИМОТ на ООУ,,Дане Крапчев ” го одбележи 22 Септември – ,,Меѓународниот ден без автомобили “.

Учениците од одделенска настава, од II до V одделение со своите наставнички изработија цртежи и постери чија цел е да ја потикнат свеста за разумно користење на автомобилите, како и користење на алтернативни превозни средства.

Изработките од учениците се изложени на заедничко пано кое го составија учениците од IX-1 одд. и го поставија на видно место во училиштето со цел да се промовира помала употреба на превозни сретства кои користат фосилни горива.

Учениците во дневен престој заедно со својата наставничка Ј. Грујовска исто така спроведоа низа активности во соработка со ЕКО тимот: учениците од 1-во одд. боеа велосипедисти , а учениците од 3-то одд пишуваа пароли за важноста на користење на велосипедот.

Паролите беа поделени на граѓани надвор од училишниот двор. Задоволството на граѓаните и учениците од спроведената активност беше големо.

Наставичката С.Алексиќ, пак , со својата група подели флаери на локалното население околу школскиот двор.

Иако мали, овие активности се од големо значење за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на природата! Во продолжение фотографии во прилог.

Еразмус+ мобилност во градот Мерсин, Турција

Во периодот од 14 до 19 септември 2023г. тим од осум наши наставници беа дел од Еразмус+ мобилноста во градот Мерсин, Турција со цел размена на искуства и стекнување нови практики во рамки на интернет безбедноста.

Име на проектот: „Влијанието на семејните ставови врз поврзувањето на Интернет и безбедното користење на интернетот”.

Координатор на проектот: ООУ,,Дане Крапчев”- Скопје, С.Македонија 🇲🇰

Партнерска организација: Aydinlikevler Ilkokulu, Mersin, Türkiye 🇹🇷

ARDA Beratung & Bildung, Germany 🇩🇪

НОВ ПОЧЕТОК! НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ! НОВИ МОСТОВИ!

На 15.09.2023 г.заеднички започнавме да ги имплементираме активностите на Првиот Проект „Градиме нови мостови“ поддржан од ОБСЕ и МОН. Го реализиравме и првиот наставен час по предметот Природни науки заедно со наставничките Бојана М. Личева и учениците од 6-4 одделение и Анида Адеми и учениците од 6-2 одделение од партнер училиштето ООУ „25 Мај“. Ние бевме гости кај нашите пријатели, во нивното училиште. Следната средба е кај нас и со нетрпение чекаме да ве известиме за активностите што заеднички ќе ги реализираме.

П.С. Научивме за хемиските својства, за боја, мирис, вкус, форма и идентификувавме физички својства на супстанците со помош на своите сетила. А, најинтересно изведувавме експеримент со кој ја истраживме растворливоста на различни супстанци во вода. Погледнете дел од атмосферата !

Одбележување на Европската Недела на Мобилност. 

На 18. 09. 2023 г. , во паралелката 5 – 2 од ООУ „Дане Крапчев“ беше одржан еколошки час во организација на  Општината Гази Баба во соработка со Македонски Зелен Центар за одбележување на Европската Недела на Мобилност. 

Линк од видео – презентација

Првиот училишен ден

Прв училишен ден за нашите првачиња – џагор, убави фустанчиња, свечени кошулчиња, насмевки, подароци, возбуда, збунети погледи и по некоја солза – имаше од се’ по нешто. Првиот училишен ден сигурно ви создаде убави спомени. 🍀Драги наши првачиња од понеделник среќно во училишните клупи !!! 🍀

Конференција за отпочнување на проектот: „Едукација за демократска култура – од политика до практика“

Повеќе од 100 учесници од Северна Македонија и од регионот на Балканот, вклучувајќи креатори на политики, директори на училишта, наставници, граѓански организации, експерти и други релевантни чинители, се сретнаа во Охрид од 22-23 јуни на конференцијата за отпочнување на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа, а финансиран од Германија, со цел промовирање на демократијата и човековите права преку образованието. Конференцијата служеше како платформа за споделување искуства каде учесниците можеа да се вклучат во значајни дискусии за промоција на демократските вредности и човековите права во рамките на образованието.

Министерот за образование, г-дин Јетон Шаќири, изрази сесрдна поддршка за активностите на проектот. Препознавајќи ја важноста на образованието во промовирањето на демократските вредности и човековите права, тој ја истакна посветеноста на Владата за унапредување на образовните практики кои го негуваат активното граѓанство и граѓанскиот ангажман.

Еден од главните моменти на конференцијата беа презентации за залагањата на Советот на Европа во областа на образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права. Водечкиот проект на Советот, Референтната рамка за компетенции за демократска култура (РФЦДЦ), беше претставен како алатка за опремување на младите луѓе со потребните вештини за одбрана и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Тој, исто така, се фокусира на овозможување активно учество во демократските средини и поттикнување мирен соживот во мултикултурните општества.

Во текот на конференцијата, учесниците имаа можност да споделат и дискутираат за националните и регионалните искуства, иновациите и научените лекции од имплементацијата на референтната рамка во останати региони. Овие вредни размени имаа за цел да дадат увид во успешните практики и да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат едукаторите во регионот.

Се очекува влијанието на конференцијата да се прошири надвор од самиот настан. Со поврзување на креаторите на политиките, едукаторите и засегнатите страни од Балканскиот регион, се поттикна мрежа за соработка за тековен развој и промоција на демократските образовни практики. Преку овие колективни напори, Северна Македонија и нејзините соседни земји имаат за цел да создадат средина за поддршка која ги поддржува демократските вредности, свеста за човековите права и активен граѓански ангажман кај помладата генерација.

Конференцијата „Едукација за демократска култура – од политика до пракса“ означи значајна пресвртница во стремежот кон квалитетно образование и унапредување на демократските принципи во Северна Македонија. Со посветеноста на учесниците, оваа иницијатива се стреми да обликува една посветла и поинклузивна иднина за регионот.

На конференцијата, претставници од нашето училиште беа дефектологот Катерина Банџо и предметен наставник Роза Јаневска.

Се радуваме на награди и за време на летниот распуст!

На ученичката Луна Сиљаноска од 4-3 одделение под менторство на одд.наставник Христина Џајкова Петровска и беше доделена награда -ваучер и благодарница за цртеж со кој учествуваше во проектот ,,Инвестираме во нашата планета” организиран од компанијата ,,Макстил”.

За учество во проектот благодарница од компанијата доби и нашето училиште.

Второ место на градски натпревар по прва помош

Денес со гордост соопштуваме дека нашите ученици учествуваа на градскиот натпревар по прва помош освоија II место. Благодарност до нашата поранешна ученичка Ангела Ангелкоска за подршката во подготовките. Раководител на екипата нас. Бојана М. Личева.