II МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Нашиот мандолински оркестар под диригентската палка на наставникот Ванчо Јовчев го освои I-то место со 99 бода на Државниот натпревар за оркестри во I категорија.
Натпреварот се одржа во Валандово на 13.05.2018 год. на истиот земаа учество 17 училишта од целата земја. Нашиот оркестар на натпеварот се претстави со композициите „Полонеза“ од М.К.Огински и „Бетовен“ од Гоце Коларовски.
Многу сме горди што се дел од нашато училиште и им честитаме на победата!
На ден 30-04-2018 во нашето училиште се одржа избор за за најдобри изработки од тетрапак амбалажа во рамките на проектот “ЕКО пакет-Македонија”.Teмата на која учениците твореа беше “Зелен тарнспорт”
Им честитаме на победниците кои одат на националниот конкурс во мај.
Сите изработки ќе бидат изложени во училишниот хол до крајот на утрешниот ден.
Благодарност до сите наставници,ученици и родители кои се влучија во активностите во рамките на проектот
Освоено ПРВО МЕСТО на училишен натпревар
Наслов на уметничко дело KAJAK

| Ментор: Данче Костовска-Јакимовска | |
| Име и презиме на ученикот | Одделение |
| 1. Максимилијан Стојчев | Трето одделение |
| 2. Давид Арнаудов | Трето одделение |
| 3. Мики Величковски | Трето одделение |
| 4. Стефани Настева | Трето одделение |
Освоено ВТОРО МЕСТО на училишен натпревар
Наслов на уметничко дело EKO-МЛЕКО

| Ментор:Гордана Павлова | |
| Име и презиме на ученикот | Одделение |
| 1.Марио Јовчевски | V |
| 2.Теодора Цветковска | V |
| 3.Јована Деаноска | V |
| 4.Стефан Јанкоски | V |
| 5.Кристина Тасева | V |
Освоено ТРЕТО МЕСТО на училишен натпревар
Наслов на уметничко дело СОЛАРЕН ВОЗ

| Билјана Трајановска | |
| Име и презиме на ученикот | Одделение |
| 1.Јана Павловска | II-4 |
| 2.Софија Мијалковска | II-3 |
| 3.Матеј Митрески | II-2 |
| 4.Марија Спасовска | II-1 |
| 5.Павел Доневски | II-1 |
На Регионалниот натпревар по Биологија и Природни науки одржана на 15.04.2018 учествуваа ученици од одделенска и предметна настава и ги постигнаа следните резултати:
V одд.
Мила Данева , Бојана Петровска, Алексеј Стојановиќ и Марија Стојановска – III награда
VI oдд.
Анастасија Тодевска –III награда
VII oдд.
Методија Тасевски –III награда
Ментор на учениците од V,VI и VII одд Бојана М. Личева
VII одд
Маја Стојановска – пофалница
Ивана Додевска – пофалница
IX одд.
Матеј Трајчевски – III награда
Ана Тасева – III награда
Ментор на учениците од V,VIII и IX одд Душанка Китановска
Целосните резултати се објавени на официјалните web страници
http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/
https://biologija.yolasite.com
Честитки за постигнувањата.
На 24.04.2018 год. во Радовиш се одржа Државното првенство во гимнастика за основните училишта. На ова првенство учествуваа 60 – тина учесници од 10 училишта во Република Македонија. Нашето училиште го претставуваа ученичките: Ана Марија Митреска VI одд, Ивана Смилевска VI одд, Адријана Стоилевска IV одд и Јана Димовска IV одд, предводени од наставничката Андријана Трповска.
Ученичката Јана Димовска го освои III- то место во категорија 4-5 одделение во партер и прескок. На нашите гимнастичарки им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Во период на награди и признанија ете и јас да ги пофалам моите ученици од мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ за постигнатиот успех Прво место на регионалните натпревари и освоени 100 бода.
❤. Горд сум што соработувам со вакви упорни, умни, емотивни, посветени млади уметници…. БРАВО!
❤
❤
❤
🎼
🎶
Наставник: Ванчо Јовчев
На ликовниот конкурс “Скопје се смее”, по повод 1 Април – Денот на шегата, а во организација на ДКЦ “Карпош”, учествуваа ученици од нашето училиште од V до IX одделение. Со свои изработки на тема “Првоаприлска маска” се претставија десетина ученици. Маската што ја изработија ученичките Јана Стоилевска и Михаела Стојменовиќ освои 2 награда и маската на Сара Јосевска 3 награда. Останатите учесници добија дипломи за учество. На доделувањето на наградите можеше да се види и изложбата од сите пристигнати маски од училиштата во Скопје.
Честитки за сите учесници, а посебно до наградените. Еве неколку фотографии од доделувањето на наградите и од приемот кај Директорката.
На 21.04.2018 г. во просториите на приватната гимназија ,,Алгоритам,, Центар – Скопје се одржа регионален натпревар по македонски јазик за VIII и IX одделение.
Ученичката Катерина Илиевска VIII одд. – ментор Јагода Филиповска освои ll место и ученикот Матеј Трајчевски IX одд. – ментор Елена Малинова , освои lll место.
Честитки и им посакуваме уште поголем успех на државниот натпревар што треба да се одржи во Охрид во месец мај 2018г.
На 14 април 2018 во просториите на ООУ “Димитар Миладинов” се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за девето одделение.
Ученикот Владимир Грујовски од 9/4 одделение го освои третото место а на државниот натпревар се пласираа и учениците Мартин Трајчевски од 9/1 и Сара Атанасовска од 9/4.
Им честитаме за овој успех и им посакуваме многу среќа и успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28.04.2018 на Филолошкиот факултет во Скопје
Наставник ментор – Анета Митевска

На 24-03-2018 г. во Институтот по хемија се одржа Регионалниот натпревар по хемија. На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение и ги постигнаа следните резултати:
VIII одд.
Петар Здравевски VIII-4 – III награда
Катерина Илиевска VIII-1 –Пофалница
IX одд
Сања Филиповска IX-3 – III награда
Матеј Трајчевски IX-1 – III награда
Пласман на Државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 06.Мај освоија Сања Филиповска и Петар Здравевски
Ментор на учениците Елена Томевска