Ученици од нашето училиште денес присуствуваа на несекојдневен настан поврзан со современата технологија и роботика.
Тимот кој за прв пат ќе учествува на престижниот интернационален натпревар FIRST LEGO League Challenge го доби најсовремениот Spike Prime LEGO Education робот. Како училиште изразуваме огромна благодарност до Bechtel Corporation и Robotics & Innovation Academy – Академија за роботика и иновации. Оваа донација нуди уникатна можност учениците да се запознаат со програмирањето, роботиката и иновативноста. Со учеството во FIRST LEGO League кај учениците се поттикнува љубопитноста, креативноста, иновативноста, тимскиот дух и им помага да се развиваат пред сè, како идни лидери во науката и технологијата.
Одговорни наставници за активноста: Марина Пејковска, Билјана Стојановска и Лиле Сарваноска.
















