РЕЗУЛТАТИ ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 67 поени – Христина Јовановска  VIII-2 одд. и Борјан Давковски VIII-4

ВТОРО МЕСТО со освоени 63 поени – Ема Димитровска 8/1   

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 62 поени- Јана Благојевиќ

 ДЕВЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 69,5 поени – Павел Наневски 9/3            

ВТОРО МЕСТО со освоени 67 поени – Методија Тасевски  9/4    

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 64 поени- Јане Ѓоргиевски 9/4    

ЧЕСТИТКИ за победниците и сите учесници!

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ И БИОЛОГИЈА

  ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 37 поени – Јована Спасевска 5/4         

ВТОРО МЕСТО со освоени 34 поени – Јована Павлова 5/2    

ВТОРО МЕСТО со освоени 34 поени – Дора Николова  5/ 4      

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 32 поени- Андреј Јордановски 5/1   

ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 100 поени – Петар Ристовски  6/3         

ВТОРО МЕСТО со освоени 95 поени – Михаела Димчова 6/2            

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 88 поени- Јована Ивановска 6/3  

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО  со освоени  49 поени –  Алексеј Стојановиќ 7/3                    

ВТОРО МЕСТО  со освоени 46 поени – Теона Димишковска 7/2      

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 45 поени- Андреј Крстевски  7/4       

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 48 поени – Анастасија Тодевска 8/4         

ВТОРО МЕСТО со освоени 47 поени – Нина Ристиќ 8/3           

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 41 поени- Ема Димитровска 8/1   

ДЕВЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

ПРВО МЕСТО со освоени 50 поени – Андријана Антовска 9/2            

ВТОРО МЕСТО со освоени 49 поени – Методија Тасевски 9/4    

ТРЕТО МЕСТО  со освоени 45 поени- Ема Котевска 9/2 

ЧЕСТИТКИ за победниците и сите учесници!

Државен рецитаторски натпревар

Поезијата е огледало на душата, таа е магија која станува волшебна во моментот кога некој толку искрено, доживеано од дното на душата ќе ја пренесе и ќе направи волшепството да заживее во душата на секој што ја слуша. Нашите, Тамара Вељковиќ од VII-3 и Давид Цветковски од VIII-3 одд. на рецитаторскиот натпревар што се одржа на Филолошкиот факултет,,Блаже Конески” на 28.12.2019 г. беа токму тие кои беше задоволство да слушаш како на зададените творби им дадоа дух, а присутните уживаа во магијата што тие им ја пренесоа со нивните рецитаторски вештини. Им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Регионален натпревар по француски јазик за седмо одделение

На 15.11.2019г во нашето училиште се одржа регионален натпревар во спелување по француски јазик за седмо одделение на кој што зедоа учество и ученици од нашето училиште : Алексеј  Стојановиќ од 7-3 одд, Јована Деановска од 7-4 и Стефан Јанковски од 7-4. Тие постигнаа голем успех и тоа:

Алексеј се пласираше на 2 место,

Јована 3 место

и Стефан 4 место.

Сите тројца продолжуваат на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 30 ноември 2019г.

Браво ученици и многу успех понатаму!

Ментор: Јасмина Ѓоргиева

Државен натпревар по Биологија

На 11.05.2019  на Природно математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по Биологија . Ученичката Анастасија Тодевска од VII одд. освои 85 бодови и  освои II награда.  И честитаме за освоената награда  и посакуваме успех во следните натпреварувања.

Ментор – Душанка Китановска.







Резултати од регионален натпревар по Математика

На 13.04.2019 се одржа регионалниот натпревар по математика во ООУ“Кочо Рацин“- Петровец. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици и ги постигнаа следниве резултати

 

Давид Арнаудов  IV одд – ПРВА НАГРАДА

 

Алексеј Стојановиќ VI одд ВТОРА НАГРАДА

 

Јана Благојевиќ VII одд ПОФАЛНИЦА

 

Јане Ѓоргиевски VIII одд ПОФАЛНИЦА

 

Честитки за сите учесници!







Прво место на ликовен конкурс

На ликовниот конкурс „Априлилили“ кој го организира ДКЦ „Карпош“ по повод 1 Април – Денот на шегата, од нашето училиште учествуваа ученици од 6 до 9 одделение, а ученичката Теодора Стефановска освои прва награда. Доделувањето на наградите беше на 1 Април на плоштадот „Македонија“ каде што беа и изложени дел од маските.







Општински натпревар по англиски јазик

На 23.03.2019 се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од 5 до 9 одд.

Од нашето училиште учествуваа следниве ученици и ги освоија следниве места:

5 одд.  Дарија Саравинов  5-3 – III место

Горазд Стјановски 5-4

6 одд.  Алексеј Стојановиќ  6-3  – I место

Тамара Вељковиќ 6-3

7 одд.  Јана Кметовска 7-3

Мартин Атанасовски 7-4

8 одд.  Вероника Неделковска 8-4 – II место

9 одд. Лука Карагунов  9-1 – II место

Петар Здравевски  9-4







Резултати од општинскиот натпревар по биологија и природни науки 2018/2019

На 23.02.2019 во ООУ   „25 Мај ֞ се одржа Општинскиот натпревар по Природни науки и Биологија на кој земаа учество и ученици од нашето училиште од V до  IX одделение.

Учениците ги  постигнаа следниве резултати:

 

 

 Име и презиме Одделение Ментор Освоена награда
Петар Ристовски V Душанка Китановска III награда
Лука Сиљаноски V Душанка Китановска III награда
Ања Јовановска V Душанка Китановска III награда
Михаела Димчева V Сашка Крстевски III награда
Антонија Владевска V Сашка Крстевски Пофалница
Јована Ивановска V Душанка Китановска Пофалница
Стефан Јанковски VI Душанка Китановска III награда
Марија Стојановска VI Душанка Китановска III награда
Алексеј Стојановиќ VI Душанка Китановска Пофалница
Јована Деаноска VI Душанка Китановска Пофалница
Анастасија Тодевска VII Душанка Китановска II награда
 Лука Ристиќ VII Душанка Китановска Учество
Павел Наневски VIII Бојана М. Личева III награда
Методија Тасевски VIII Бојана М. Личева III награда
Јане Ѓеоргиевски VIII Бојана М. Личева Пофалница
Ивана Додевска IX Бојана М. Личева I награда
Маја Стојановска IX Бојана М. Личева II награда

 

 

Честитки за постигнатите резултати!

Наградените и пофалените ученици продолжуваат на регионалниот натпревар по Природни науки и биологија кој ќе се одржи на 23.03.2019 год

Многу успех и понатаму!







ЗА ЖЕНИТЕ

Сте чуле ли некогаш за упорност до крај,

за борење до последен здив,

за очи полни сјај?

 

Сте чуле ли за плешки како карпи,

За срце кое сака да пукне, а не смее,

За срце кое душа нема, а од љубов тлее?

 

Сте чуле ли за ноќи кои се потемни и од ноќ,

За утра кои се чини нема да разденат,

За колена кои клекнуваат и губат моќ?

 

Сте чуле за глас кој од бол трепери,

за глас кој и тогаш утеха ќе ти пружи,

за глас кој не се предава, а се гуши?

 

Сте чуле ли за пожртвуваност и љубов,

за откажување од последно парче леб,

за посветување некому живот сет?

 

Сте чуле ли за срце кое повеќе сила нема,

за истото тоа кое и тогаш замав зема,

за срце кое за друг од себе се збогува?

 

Сте чуле ли за време бреме кое седата коса го носи,

за приказни во линиите околу изморените очи,

за солзите позади насмевките сочни?

 

А сте чуле ли за жена,

за борец, непокор, моќ?

 

Сето ова е жена,

онаа како гранка која ја виткаат,

а не се крши.

 

Ова сме ти и јас,

ова сме сите жени на овој свет,

ова сме ние кои се слушаме и кога немаме глас.

 

Илина Тодева IX 1 одд.

 

I награда на литературниот конкурс

по повод 8 Март – Ден на жената