Прием на првачињата во Детска организација

Денес нашите првачиња станаа членови на Детската организација. По тој повод нивните другарчиња им приредија кратка приредба. Првачињата го кажаа своето свечено ветување.

ВЕТУВАЊЕ

Во овој момент, ветувам на сиот глас

Дека моите наставници ќе ги почитувам јас !

Секоја задача ќе се обидам со леснотија да ја решам,

но Ве молам простете ако некогаш згрешам !

Во овој момент давам чесен татковински збор,

ќе се дружам со другарчињата, во училишниот двор !

Честитки до сите првачиња! Им посакуваме секој ден да стекнуваат нови знаења, да стекнат другари за цел живот, деновите во училиштето да им минуваат во радост и среќа!

 

Европскиот ден на јазиците

На  25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно  беше вклучено  и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.

На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава   во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.

Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.

Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.

Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.

ВЕРА , ЉУБОВ И НАДЕЖ

На  29.09.2017 г. учениците од II одделение симболично го одбележаа Денот на љубовта – празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж (30 септември). Дарувајќи мали, прекрасно спакувани колачиња, зачинети со искрена детска насмевка и топла прегратка, подарија многу љубов и пренесоа силни пораки до сите вработени и ученици во нашето училиште. Не потсетија на трите најважни пориви кои ги држат луѓето исправени и во најтешките моменти во животот. Не потсетија дека:

ВЕРБАТА ги прави сите нешта возможни,

ЉУБОВТА ги прави сите нешта лесни,

НАДЕЖТА ги прави сите нешта достижни.

Честит празник и имајте секогаш вера, љубов и надеж во животот!

Актив на II одделение

22 Септември – Ден без автомобили

По повод 22-09 –Меѓународниот ден без автомобили учениците од нашето училиште се потрудија достојно да го одбележат. По овој повод тие изработија постери кои ги изложија во училишниот хол, а целта на изложбата беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина. Учениците преку своите изработки истакнаа дека постојат алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина . Исто така учениците се обидоа да ја анимираат и локалната средина да се намали употребата на автомобилите . Нашите еко патроли излегоа на терен и преку флаери кои ги делеа на локалните жители се обидоа да ја потикнат свеста за потребата од намалена употреба на автомобилот како превозно средство. За сите оние кои не беа во можност да ја посетат нашата изложбата нека ја погледаат галеријата со слики.

XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература

На 19.06.2017г. во просториите на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ во Скопје се одржа свеченост по повод доделувањето на
наградите од XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература за
основно образование за 2017г.
          Нашата ученичка Марија Спасовска од IX-4 одд.  учествуваше на
овој натпревар кој се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп и освои III
место.
          И честитаме за постигнатиот успех и и посакуваме понатамошни успеси.
    Одговорен наставник – Катица Стојчевска

38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“

Од 26 до 28. Мај 2017 во Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД се  одржа 38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“.На фестивалот учествуваше нашиот ученикот Владимир Грујовски од VIII – 4 одд. со наградената творба од книжевната манифестација „Есен во Гази Баба “- Конкурс: „Есеј во есен“.

На манифестацијата се претставија и ученици со своите наградени лирски песни како и наградените творби од конкурсот „Недовршен расказ – 2017“. Литературната дружба беше возбудлива, младите поети, раскажувачи, есеисти успешно се претставија, стекнаа нови другарства и разменија свои мислења.

Сите творби се издадени во зборник на песни Крај езерски бранувања – 38 Детски лирски треперења.

Наставник: Катица Стојчевска

I место на државен натпревар

ЧЕСТИТКИ за мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ – општина Гази Баба – Скопје, за освоеното ПРВО место на РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари /Смотри со 100 бодови,….. и на ДРЖАВНИОТ натпревар што се одржа на ден 20.05.2017  во Кавадарци за освоеното ПРВО МЕСТО и 100 бодови. Чест и задоволство е да се работи со вака млади почитувачи и љубители на музичката уметност. БРАВО!

Професор – Ванчо Јовчев

Спот за промоција на училишната клима

 

ООУ ,,Дане Крапчев,,-Скопје, Република Македонија

Автор : Елизабета Георгиевска

Координатори на активностите: Марија Н. Наневска и  Бојана М. Личева

Снимател: Влатко Венов

Монтажа: ученик – Леонид Велковски

Автор на музика- ЕКО химна на училиштето:  Ванчо Јовчев

Исполнувач на песната: ученик –  Дина Јашари

Соработници: ученици – Мирна Мемиќ и Лора Ристовска

Во видеото земаа учество учениците и вработените  во училиштето

Литературно – ликовен конкурс

Ученици од ООУ „Дане Крапчев“ од деветто одделение учествуваа на наградниот конкурсот за избор на најдобри ученички, ликовни, литературни творби  (цртеж, поетска творба, есеј) кој беше распишан од страна на СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“

За поетскиа творба на тема „Пролет“ твореа учениците:

1.Ева Коцевска 9-4одд.

2.Дамјан Ѓорѓиевски 9-2одд.

3.Јована Станковска 9-4одд.

За есеј на тема „Мојата идна професија“ твореа учениците:

1.Тамара Велковска 9-4одд.

2.Софија Јовановиќ 9-4одд.

3.Теодора Трендевска 9-1одд

За ликопвна творба-цртеж твореа:

1.Ева Алексовска 9-1одд.

2.Александар Недев 9-1одд.

3.Адиса Хоџиќ 9-3одд.

4.Анастасија Стојановска 9-4одд.

5.Кристијан Стамчвски 9-4одд

 

На 10.05.2017г. свечено беа  доделени наградите за најдобри творби

       Дамјан Ѓеорѓиевски  освои III место за  поетска творба

                     Тамара  Велковска  освои I место за есеј

Останатите ученици добија благодарници за учество.

Воедно учениците имаа можност да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето, со дел од раководниот и наставниот кадар, се информираат за профилите/струките коишто се изучуваат во училиштето, за наставните планови и програми, за условите и критериумите за упис на ученици во учебната 2017/2018 година.

Одговорни наставници ментори:

Марија Наневска Николоска

Катица Стојчевска