Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 Мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква (фонетски правопис).
Нашите ученички Ева Серафимовска и Ања Јовановска од IX-4 oдд. организираа квиз со прашања за македонскиот правопис, учествуваа и останатите ученици.

Дводневна екскурзија на учениците од 6 одд.

На 3 и 4 мај со учениците од VI одделение беше реализирана дводневна екскурзија во Источна Македонија. Негувањето на културата и традицијата се составен дел од едно општество, па затоа ние со нашите ученици од шестите одделенија посетивме најразличните предели во источниот дел на нашата татковина, се запознавме со нивната архитектура, култура, традиција, посетивме голем број споменици, музеи, знаменитости, географски обележја, се дружевме, се забавувавме и градевме хумани вредности.