Наша гордост – музичарите од Дане Крапчев

🎶🏆 Иии… уште една убава вест овој викенд за нашето училиште 🏆🎶 Овој пат наша гордост е МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР кој ни донесе ПРВО МЕСТО на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР со освоени 99 бода.

🎶🎖Наша гордост е и ХОРОТ кој го освои ВТОРОТО МЕСТО на државниот натпревар 🎶🎖 Трудот на нашите ученици заедно со трудот и ентузијазмот на нашиот наставник Ванчо Јовчев секогаш го носат нашето училиште на самиот врв кога е музиката во прашање. Гордост сте ни 👏👏👏

ПРВО МЕСТО за нашата екипа на ЦРВЕНИОТ КРСТ

🏆🎖 Денес сме горди на ПРВОТО МЕСТО за нашата екипа на ЦРВЕНИОТ КРСТ, на ниво на општина 🏆🎖 Нашиот училишен тим на Црвениот Крст учествуваше на 43-от општински натпревар по прва помош. Екипата составена од Теона Јовева – капитен, Адриана Стоилевска, Горазд Стојановски, Бисера Стојменовиќ, Антонија Владевска и Теодора Јосевска го освоија првото место. Раководител на екипата е наставничката по биологија Бојана М.Личева. Голема благодарност до волонтерката Ангела Ангелковска, наша поранешна ученичка која несебично ни помогна во подготовките 🥇🏆