ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ “ДАНЕ КРАПЧЕВ” – СКОПЈЕ

На 03.02.2017 година со почеток во 12 часот во просториите на ООУ Дане Крапчев , беше обележан патрониот празник на училиштето , односно 39 години од постоењето на училиштето. Беше организирана пригодна програма , во која учествуваа ученици од училиштето. Со ритмички точки се претставија учениците од I – V одд. Тие настапија со следната програма :

I – ритмичка точка на песната Чадот во градот – под раководство на наставничката Даниела Салтирова

II – ритмичка точка  на песната Во светот на приказните– под раководство на наставничката Лидија Ѓоргиева

III– ритмичка точка Зумба – под раководство на наставничката Лидија Велковска

IV – ритмичкa точка Танго , Валцер , Ча – ча –ча – под раководство на наставничката Елизабета Георгиевска

V – ритмичка точка Пасо добле – под раководство на наставничките Даниела Торковска и Елизабета Ордева

Училишниот хор под раководство на наставничката Роза Јаневска , настапи со две композиции , изведба на химната на училиштето и композицијата Пеперуга – од Ј.С.Бах.  Нашата колешка по музичко образование , во живо се претстави со песната Ој, Јано Јано “ , со која изведба предивика овации кај публиката.  Матрицата за песната ја изготви Ванчо Јовчев ( наставник по музичко  во нашето училиште).

Пријатната атмосферата беше надополнета и од страна на училишниот оркестар под раководтсво на наставникот Ванчо Јовчев , а тие изведоа исто така две композиции : Песните на Ана – од Хенри Манцини – за соло  обоа , виола и оркестар , и Море сокол пие која во живо ја испеа нашата поранешна ученичка Дина Јашари. А за сето тоа така да звучи помогнаа и Сара Трајановска и Ана Димовска исто така поранешни ученички во нашето училиште.

Овој патронат започна малку понеобично од сите други , кога на сцената беше изведена и монодрамата  за Дане Крапчев , напишана од страна на наставничката Јагода Филиповска , а во изведба на Лука Карагунов и Катерина Илиевска.

Изразите на лицата на посетителите , вработените , учениците ,  градоначалникот на општината и претставниците од различни институции и фирми со кои училиштето соработува , говореа за успешноста на приредбата и времето поминато во добра атмосфера. А за сето тоа да изгледа така се погрижи координаторот на тимот за културно забавен живот , во нашето училиште Даниела Торковска.

 

Координатор на тимот

за културно забавен живот

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.