МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА ВО НАУКАТА

На 11 февруари во општина Гази Баба со пригодна манифестација беше одбележан меѓународниот ден на жената и девојчињата со цел да се даде поттик за постигнување целосен и еднаков пристап и учество во науката на жените и девојчињата, со цел нивна целосна инклузија во општеството.
Градоначалникот г. Борис Георгиевски им порача на девојчињата од основните училишта во општината, никогаш да не се откажуваат од науката. Секогаш да бидат посветени, истрајни и упорни за она што сакаат  да бидат и да не потклекнуваат на дискриминацијата. Затоа што само така ќе успеат да стасаат онаму каде што сакаат. Исто така им честиташе што уште од мала возраст влегуваат во научните води и бележат добри резултати.

На манифестацјата беа присутни  професорката по билологија, Валентина Славевска – Стаменковиќ и професроката по математика, Слаѓања Брсаковска, од Природно – математичкиот факултет, кои на присутните  ученички им ги презентираа нивните приказни, за тоа што нив ги натерало да се посветат на науката.