Иницијатива од ученици-Подобрување на менталното здравје на учениците за време на пандемија со КОВИД-19

Пандемијата со КОВИД-19 , нова и досега непозната опасност , ги погоди сите области од нашите животи.Изолацијата, недостатокот од контакти со врсниците и нарушеното секојдневие влијаат негативно на менталното здравје на децата и младите. По предлог на учениците членови на Ученичкиот парламент беше спроведена иницијатива за подобрување на менталното здравје на учениците во училиштето. Најнапред беше спроведено истражување меѓу учениците IV до IX одделение, со цел да се идентификуваат промените во нивното ментално здравје. Преку спроведениот анонимен прашалник ги воочивме чувствата на учениците кои ги предизвика пандемијата, што им е најстресно во оваа состојба, што најмногу им недостига, што најмногу им помага за надминување на состојбата и дали имаат потреба од некаква помош од страна на училишниот психолог. Врз основа на резултатите добиени од истражувањето, а со цел подобрување на менталното здравје на учениците беше спроведена работилница – Справување со стрес за време на пандемија со КОВИД-19, со членовите на Ученичкиот парламент. Работилницата беше реализирана од страна на психологот во нашето училиште. По предлог на учениците од парламентот вакви работилници, дискусии и дебати за подобрување на менталното здравје ќе бидат спроведени во сите паралелки во училиштето. Предлози, пораки и совети до учениците за успешно справување со стресот споделија и учениците на Ученичкиот парламент!