Државен натпревар по математика

             Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 8.05.2021 година, сабота и 9.05.2021 година, недела.

         На Државниот натпревар се пласирани сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои освоиле прва награда и оние ученици од деветто одделение кои освоиле втора награда на Регионалниот натпревар. На овој список се додаваат и учениците кои имаат најдобар резултат во сопствениот регион на Регионалниот натпревар.

Постигнати резултати од регионалниот натпревар по математика на учениците од ООУ„Дане Крапчев“, Гази Баба- Скопје

УченикМенторОдделениеПоениНаграда
Марко КрстевскиЕлизабета ОрдеваIV94I
Сандра МилосковскаЕлизабета ОрдеваIV88I
Александар МаџовскиДаниела СалтироваV93I
Христијан Гочевски ИваноскиБилјана ТрајановскаV88I
Тара СпасиќДаниела СалтироваV74II
Матеј КитановскиДаниела СалтироваV74II
Петар ГеоргиевскиВилдана СуљовиќV69III
Дамјан ПетровиќВилдана СуљовиќV68III
Ива АндоваДаниела СалтироваV51П
Давид АрнаудовЈулија АтанасоваVI95I
Михаела ДимчоваБилјана СтојановскаVII45П
Алексеј СтојановиќЛиле СарваноскаVIII60III
Анастасија ТодевскаЛиле СарваноскаIX100I
Јана БлагојевиќЛиле СарваноскаIX40П

         Официјалниот почеток на Државниот натпревар е во 10 часот, во соодветниот ден, а сите ученици треба да се пред влезот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најдоцна до 9:30 часот.

         Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.