Бирото за развој на образованието го објави одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година.
Список со лектири од второ до деветто одделение на македонски јазик
Бирото за развој на образованието го објави одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година.
Список со лектири од второ до деветто одделение на македонски јазик
На 02.09.2019 година во нашето ООУ„ Дане Крапчев “- Скопје беше организиран свечен прием на првачињата. Со мала пригодна програма го одбележавме најубавиот, најочекуваниот и најпосакуваниот ден на секое дете, денот кога за прв пат ќе го пречекори училишниот праг, ден кога во нивните животи започнува едно ново поглавје, нов долг пат по кој храбро треба да чекорат!
Координатор на тимот
за културно забавен живот
Даниела Торковска
На 29.08.2019 година,сите наставници од ООУ „Дане Крапчев” – Скопје следеа обука на тема: „Ученичко учество и заштита на детските права“. Реализатор на обуката беше Магдалена Павлеска- наставник по предметот граѓанско образование. Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со современите методи на учество на учениците во демократското делување во училиштето преку формирање Ученички парламент и одредување Ученик-правобранител.
Социоекономскиот статус на учениците има значајно влијание врз нивните постигнувања во училиштето. Проектот BRAVEdu „Улогата на образованието во рушење на табуата за сиромаштија“, кој го реализира Мрежата на центрите за образовни политики од Загреб, NEPC (Network for education policy centers) заедно со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Форумот за слобода во образованието од Хрватска (Forum for freedom in Education), Институтот за образовни истражувања од Словенија (Educational Research Institute) и Praxis од Естонија, се темели на фактот дека сиромаштијата и социјалното исклучување ги ограничуваат можностите на поединците да ги постигнат своите целосни потенцијали и влијаат врз нивната добросостојба и нивните резултати во образованието.
Во продолжение, погледнете го извештајот за состојбата во Естонија, каде беа анализирани политиките и практиките што се спроведуваат во врска со ова прашање.
…Радост, гордост, возбуда, насмевки, неизвесност, мала трема, измешани емоции и по некоја солза радосница беше се она што се случуваше денеска во нашето ООУ „Дане Крапчев„
Учениците со кратка пригодна програма го одбележаа крајот на учебната година и заминувањето на деветтооделенците од нашиот заеднички дом – училиштето Дане Крапчев.
Оваа пригода како училиште ја искористивме да ги прогласиме и најуспешните ученици кои во учебната 2018/2019 година го претставуваа нашето училиште на општинските, регионалните и државните натпревари и освоија прво, второ или трето место, а пак училиштето им додели признанија за нивните постигнати резултати.
На овој свечен настан му дадовме и еден посебен белег со тоа што успеваме да ја вратиме традицијата која со години се негуваше во нашето училиште и да ги прогласиме учениците кои го завршија овој циклус на образование со континуиран одличен успех, а исто така беше прогласен и првенецот на генерацијата.
За сите ученици кои беа со континуиран одличен успех во нивното образование како и за првенецот на генерацијата беа обезбедени симболични подароци.
Денеска нашите деветтоделенци го напуштаат нашиот заеднички дом и заминуваат кон освојување на нови повисоки цели.
Сигурни сме дека од ова училиште во животот ќе носат преубави спомени, но и знаења кои понатаму ќе ги надоградуваат, знаења со кои ќе го освојуваат светот но и ќе градат подобра и поубава иднина за оваа земја.
Среќно!!!
Подготвил:
Даниела Торковска – Координатор за културно забавен живот во училиштето
Со цел учениците од петто одделение да се запознаат со францускиот јазик, како еден од најмногу зборуваните јазици ширум светот освен англискиот, во текот на второто полугодие од учебната 2018/19 година во нашето училиште се спроведуваше проект за сензибилизација на јазикот. Учениците имаа можност да се запознаат со основите на јазикот преку игри и песни. На 3 мај учениците имаа и работилница со французинката Силвен Ајаш,која работи во Центарот за универзитетски успех на франкофоните при Филолошкиот факултет.
На 28.05.2019 година се одржа приредба насловена како “J’aime le francais” – Го сакам францускиот на која учениците го презентираа тоа што го научиле. Покрај нив, на приредбата со драматизации, игри и песни се претставија и учениците од VI до IX одд. Учениците со голема возбуда и ентузијазам успешно се претставија, што можеше да се забележи по задоволните лица како на учесниците така и на присутните гости
На приредбата присуствуваа амбасадорот на Франција г. Кристиан Тимоние, градоначалникот на општина Гази Баба г.Борис Георгиевски, г-ѓа Љупка Димова од Францускиот институт и претседателката на Здружението на професори по француски јазик г-ѓа Јулијана Јозиќ. Амбасадорот и градоначалникот им се обратија на присутните и ги охрабрија учениците да продолжат и понатаму да го изучуваат францускиот јазик и да приредуваат вакви манифестации.
Довидување до следната година!
Одговорен наставник – Анета Митевска
На 15.05.2019 год во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ реализираше франкофонска вечер, организирана по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата под мотото « En francais s’il vous plait » / « На француски, ве молам ».
Манифестацијата беше поддржана од Францускиот Институт во Скопје и на истата покрај домаќините настапија ученици од пет основни училишта: ООУ „ Живко Брајковски “ , ООУ „ Панајот Гиновски, ООУ „ Дане Крапчев “, ООУ „ Крсте Мисирков “, ООУ „ Наум Охридски “
Од нашето училиште настапи ученичката Јана Стоилевска која ја испеа популарната песна од Заз “Je veux”
Почесни гости беа: Господинот Кристиан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Скопје, Господин Филип Темелковски, Градоначалник на Општина Кисела Вода, Госпоѓа Љупка Димова, јазичен аташе за развој на француски јазик при Францускиот институт во Скопје.
На 11.05.2019 на Природно математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по Биологија . Ученичката Анастасија Тодевска од VII одд. освои 85 бодови и освои II награда. И честитаме за освоената награда и посакуваме успех во следните натпреварувања.
Ментор – Душанка Китановска.