Обука – Изготвување личен план за професионалниот развој на наставниците
На 04.07.2017 год. се одржа обука во организација на нашето училиште. Обуката ја одржаа предавачи од Едукативен центар „ Алгоритам центар“ на обуката присуствуваа 42 наставника
На 04.07.2017 год. се одржа обука во организација на нашето училиште. Обуката ја одржаа предавачи од Едукативен центар „ Алгоритам центар“ на обуката присуствуваа 42 наставника
На 04.07.2017 во хотелот „Дрим“, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот инстут во Скопје, свечено го отвори 19-тиот Летен универзитет во Струга.
На отворањето збор зедоа и: г-ѓа Флоранс Коз од Францускиот институт во Србија, г-ѓа Соња Радкова од Франкофонскиот центар за обуки во Софија (CREFECO) и г-ѓа Марија Николова, одговорна за #Франкофонија при Министерство за образование и наука на РМ.
На универзитетот учествуваат 90 професори по #францускијазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик во двојазичните #франкофонски паралеки, и тоа од 9 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Македонија, но и од Романија, Молдавија и Ерменија.
На универзитетот присуствуваат и наставниците по француски јазик од нашето училиште
Јасмина Ѓоргиева Анета Митевска
Летниот универзитет се затвора на 7 јули
На 17.06.2017година, во соработка помеѓу Специјалната олимпијада и УНИЦЕФ, се одржа конференција на тема ,, Обезбедување на можности за личен развој и интеграција во заедницата на лицата со интелектуална попреченост преку спортот,,. На оваа конференција и присуствуваа Јорданчо Тодосиев – наставник по физичко и здравствено образование и Елизабета Георгиевска -одделенски наставник.
Специјалната олимпијада за „Млади атлети“ е програма за спортување и игра за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години. Целта на програмата на „Млади атлети“ е да ги запознае децата со основните спортски вештини, начините како децата заедно да играат и да се дружат.
По воведот кој го дадоа претставниците на Специјалната олимпијада и УНИЦЕФ, Младите атлети – деца и волонтери, прикажаа практични примери, вежби и игри кои можат да се користат на часовите по физичко и здравствено образование. Потоа следуваше работилница на која волонтерите, наставниците, стручните соработници и водителите на конференцијата работеа во групи и меѓусебно си ги разменуваа своите искуства околу потешкотиите со кои се среќаваат во секојдневната работа и како истите да се надминат.
Одделенски наставник:
Елизабета Георгиевска
Ателјето за Дисеминација на обуката “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “ се одржа во сабота, 13 мај 2017 на Филолошкиот факултет Блаже Конески во библиотеката на катедрата за романски јазици и литература од 10 до 17 часот . Ова атеље беше анимирано од учесничките од Скопје на обуката која се одржа во август,во Охрид – проф. д-р Снежана Петрова од Филолошкиот Факултет , Милена Касаповска Чадловска- виш лектор на правниот факултет во Кичево , Сузана Стојчевска- професор во СУГС Орце Николов, Анета Митевска и Јасмина Ѓоргиева наставнички по Француски јазик во ООУ Дане Крапчев .
Цели на обуката :
Програма на атељето:
Теоретските елементи за техниките на усно изразување претставени на почетокот на атељето брзо беа заменети со презентација и реализација на игри
Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу професори по француски јазик од различни нивоа (од основно до факултет)
Во вонредни услови, на температура далеку под нулата, без парно греење наставниците , стручните соработници и директорт на училиштето учествуваа на обука „Диференцирана настава во инклузивна училница“
Училиште/Објект: ООУ „ Дане Крапчев “
Место: Скопје
Обучувачи: Тања Метикош, Билјана Стојановска
Датум: 17 и 18.01.2017
Учесници: Одделенски и предметни наставници, стручни соработници, директор
Дневен ред:
| 17.01.2017 (понеделник) | |
| 09.00 – 10.00
|
Единица 1.2 Димензии на различноста.Интерподеленост. |
| 10.00 – 11.00
|
Единица 2.1 Клучни елементи на диференцирање. Пирамида на планирање |
| 11.00 – 11.30 | Пауза |
| 11.30 – 12.30
|
Единица 2.2 Организација на училницата. Атмосфера во училницата |
| 13.00 – 14.30 | Единица 1.1 Измени и прилагодувања на наставни планови, настава на повеќе нивоа |
| 14.30 – 16.00
|
Единица 1.2 Колаборативно учење |
| 18.01.2017 (вторник) | |
| 09.00 – 10.00
|
Единица 2.1 Различни видови на оценување Врсничко оценување и самооценување во училницата |
| 10.00 – 11.00
|
Единица 2.2 Повратни информации |
| 11.00 – 11.30 | Пауза |
| 11.30 – 12.30
|
Единица 1.1 Проблематично однесување Метод на група за поддршка без обвинување |
| 13.00 – 14.30 | Единица 1.2 Градење класна заедница |
| 14.30 – 15.30
|
Лекција 2.1 Соработка со семејствата |
| 15.30 – 16.00
|
Евалуација на модулот |



Од 08 до 10 ноември 2016 год. се одржа обука на тема „ Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“ во организација на
Македонски центар за граѓанско образование и УСАИД Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование. Предавач на обуката беше Д-р Едина Кромпак од Универзитетот за применети науки и уметности, Северозападна Швајцарија, Факултет за обрзование, Базел, Швајцарија.
На обуката беа разработени темите: Клучни елементи на диференцирање, Организација на училница, Измени и прилагодување на наставните планови, Колаборативно учење, Различни видови на оценување итн.
На обуката присуствуваа членовите на инклузивниот тим Тања Метикош – одделенски наставник и Билјана Стојановска наставник по математика. Во наредниот период ќе се реализира дисеминација на обуката за сите наставници од нашето училиште.


На 29.10.2016 год. во нашето училиште се одржа обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ што е во рамките на проектот „Со читање до лидерство “ а во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи – Чекор по чекор и УСАИД – Македонија. На обуката присуствуваа претставници од осум училишта. Од нашето училиште присуствуваа наставниците: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош, Даниела Торковска и педагогот на училиштето Габриела Пљачковска.
На обуката беа претставени техники за препознавање букви и зборови, читање текст и разбирање текст како и начини за вклучување на семејствата во процесот на описменување на децата. Во наредниот период ќе се изврши дисеминација на оваа обука пред сите наставници од одделенска настава во нашето училиште.



