1 МАРТ – ДЕН НА НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Ден посветен на почитувањето на еднаквоста, достоинството и човековите права на секој поединец.

Учениците од Ученичкиот парламент изработија креативни плакати со пораки за:

толеранција и еднаквост

почитување на различностите

осуда на дискриминацијата

прифаќање и другарство СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, НО ПОДЕДНАКВО ВРЕДНИ !!!

Јазикот е единствената наша татковина.

Во нашето училиште го одбележавме 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Преку прекрасни литературни творби, инспиративни цртежи и едукативни реферати, нашите ученици покажаа дека јазикот е богатство што треба постојано да се негува.

​ Од преводи на познати мисли до креативни паноа – секој агол од училиштето зборуваше на најубавиот јазик, оној на знаењето и почитта кон традицијата.

​Со радост ја истакнуваме посветеноста на нашите ученици, кои покажаа дека јазикот е темелот на нашиот идентитет!

Го одбележуваме роденденот на Гоце Делчев

Денес Гоце Делчев беше дел од нашата училница 🤍

Преку стихотворби, портрети и детска креативност, учениците го запознаа како мило дете кое со добрина и знаење го градело својот пат .

Со мали чекори и големи срца, децата покажаа дека љубовта кон татковината се учи тивко – преку пример и човечност

Децата се грижат за птиците

Дворот на нашето училиште денес тивко се исполни со детски чекори и љубопитни погледи кон гранките.

Учениците од III-3 и III-4, заедно со наставничките Весна и Емилија, ги поставуваа хранилките за птици што сами ги изработија – со внимание и искрена грижа.

Разговорите од училницата денес добија смисла надвор.

Без големи зборови, во еден мал, тивок момент, децата покажаа што значи да се забележи, да се сочувствува и да се биде човек.