Ученички секции во „Дане Крапчев“

Секциите се долготрајни воннаставни активности коишто се реализираат еднаш неделно (со 1 или 2 часа), во текот на едно цело полугодие или на цела учебна година.

         Општите цели на секциите се:

– Да се одговори на потребите и интересите на учениците за разни активности,

– Дa сe поттикнува и негува детската љубопитност и сознајните способности,

– Да се развива интерес, фантазија и детската креативност,

– Да се прошируваат и продабочуваат знаењата по одредена област,

– Да развива логичко и критичко мислење и изнаоѓање решенија на проблемите,

– Да се развива чувство на припадност и задоволство во извршувањето на активностите.

Секции за одделенска настава:

Секции за предметна настава

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) реализиран од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), ја продолжува соработката со општините со развиени и донесени стратегии за меѓуетничка интеграција и младинско учество и спроведува Младински акции на ниво на општина. 

Врз основа на горенаведеното на 24 август 2021 година од 10:30 часот во салата на Советот на општина Гази Баба се одржа средба со Дејан Ризински, одговорен на Тимот на МЦГО, Besa Reçi – Quality Assurance Coordinator, USAID Youth Ethnic Integration Project, Macedonian Civic Education Center (MCEC) и одговорно лице од општината – м-р Валентина Ангеловска- Ќиевска, педагог, гешталт терапевт и Анчевска Елизабета и по три одговорни лица (директорот, претставник од стручната служба и координаторот на Тимот за училишна интеграција од училиштата ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с.Стајковци за да ја поддржат реализацијата на активностите со учениците од различни средини и сите наставни јазици, со забелешка дека во активностите би вклучиле ученици од 7-9 одделение. Целта на овој проектот е младите да иницираат идеи и да одберат приоритети, кои во иднина ќе прејдат во акции кои ќе се реализира во соработка и поддршка на општината,  а со поддршка и на приватниот сектор.

 Согласно заклучоците од состанокот, во прилог беа испратени следните документи: Формулар за контакти – кој ќе послужи за доставување на контактите од назначените ученици и нивните родители и Изјава за согласност – која треба да ја доставиме засега во електронска форма (скенирана или фотографирана) со цел да се запазат правилата и протоколите. Дополнително, во продолжение беа испратени и неколку линкови со промотивните видеа од младинската кампања #ЈасПридонесов од младинските акции кои веќе се спроведено во Струга и Пробиштип.

На ден 09.09.2021 (четврток) со почеток од 10:00 на платформата Zoom, се одржа и првата онлајн работилница со учениците од ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“, за мапирање на младинските приоритети во општина Гази Баба. Сите ученици од 3-те училишта како и дел од одговорните наставници беа присутни на работилницата која ја водеше одговорниот на Тимот на МОФ, Фари Хисени. Од нашето училиште учествуваа учениците: Катарина Пислевиќ 7-2, Михаела Димчова 8-2, Клара Караџоска 8-2, Јана Саздовска 8-2, Петар Ристовски 8-3, Никола МИлосковски 8-4 и Алексеј Стојановиќ 9-3 одделение.

Учениците во текот на работилницата се претставуваа самите себеси преку игровни активности, потоа разговараа и споделуваа свои идеи со другарчињата од другите училишта за тоа што сакаат да променат во својата средина со цел поквалитетен, посигурен живот на младите, поставуваа нејасни прашања во врска со проектот, а одговорниот ги појаснуваше. Им се објаснија и активностите кои се предвидени и треба да се реализраат. На крајот на средбите на учениците повторно им се кажа денот и времето на реализација се следната средба и активноста која треба да се реализира.

Награден конкурс на ТЕМА :„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Драги ученици 

Здруженито на Економски новинари Скопје распишува награден конкурс на ТЕМА :„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Право на учество имаат  сите учениците од 5 до 8 одделение.

Сите потребни информации ги имате на дадениот флаер.

Добредојдовте првачиња!

Овој први септември ни донесе многу џагор во училишниот двор.

  Значаен ден, ден во кој нашите првачиња го направија првиот чекор кон новиот пат на знаењето. Возбуда, радост, исчекување и запознавање со наставничките и новите другарчиња имаше и кај нашите најмали првачиња.

Добредојдовте најмали во нашето големо семејство Дане Крапчев!

НАЦИОНАЛНА ЕТВИНИНГ ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ

И во оваа чудна година, во услови на пандемија и онлајн настава, бевме креативни, љубопитни и работевме. Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, заедно со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, работеа на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“. Како резултат на успешно спроведените активности Националната агенција за европски образовни програми ни додели Национална етвининг ознака за квалитет.

Браво за седмоодделенците – франкофони кои работеа на овој проект: Сара Ангелова, Јована Ивановска, Теа Наунова, Стефанија Спировска, Драгана Милковска, Клара Караџоска, Луна Јакимовска, Адриана Стоилевска, Ања Јовановска, Теона Марковиќ, Бисера Стојменовиќ и Горазд Стојановски. Браво за нивната желба, посветеност, љубопитност и за храброста да комуницираат на француски јазик со французи.

Оглас за пријавување на наставници за реализирање на активностите за КА 229 Еразмус проектот „BARCODE“

Сите заинтересирани наставници ќе имаат можност да се пријават за понудените активности/мобилности. За наставниците кои ќе сакаат да се пријават како кандидати ќе мора да ги пополнат Еуропас  ( Еуропас документите ќе ги најдете на следниот линк https://europass.cedefop.europa.eu/mk/documents)

Врз база на поднесените документи Тимот за проектот  заедно со раководниот кадар во училиштето ќе ги избере наставниците кои најдобро ги исполнуваат наведените критериуми.

Потпишување на договор

Договори за мобилност (дефинирање на условите за мобилноста, идентификување на исходите од учење кои треба да се постигнат за време на проектот и за време на мобилноста , одредување на начинот на евалуација и начинот на документирањена стекнатите знаења и вештини ).

Потпишување на Договори со избраните наставници ( пред секоја мобилност) – подготовка на договорите (информации за очекуваните исходи кои ќе треба да се постигнат за време на мобилноста и со кои вештини ќе се стекнат наставниците за време на мобилноста, како ќе се документираат стекнатите знаења и вештини, нивните обврски по завршување на мобилноста и во текот на проектот и одржување на дисеминација на останатите наставници и ученици во училиштето)

Поддршка на избраните наставници

Обезбедување на соодветна поддршка на избраниите наставници (понуда на материјали за подготовка, кратка презентација за партнерите на проектот и целите на проектот и за земјите каде ќе се организираат мобилностите),

Обврски на наставникот

  • Секој наставник кој е избран за реализација на проектот и реализирање на мобилноста по завршување на секоја активност треба  да подготви детален и печатен ( Со докази ) извештај од посетата на мобилноста  за стекнатите  знаења и вештини и истите активности треба да продолжи да ги имплементира во текот на наставата
  • Изработка на план за десиминација од страна на наставниците   – прецизно изработени акциски планови за дисеминација со предвидени активности за реализација;
  • дисеминација во училиштето: работилници, отворени часови, помош на наставници за имплементација на новостекнатите знаења и вештини
  • Еваулација на реализираниот проект

Критериуми за избор на наставници и стручни соработници

Критериуми кои ќе се користат при изборот на наставници и  стручен соработник се:

  • напредно/средно ниво на познавање на англискиот /германски јазик;
  • соработка со ученици, родители и локална средина;
  • претходно држени дисеминации од други обуки.
  • употреба и креирање на ресурси во секојдневната настава;
  • употреба на модерни техники и стратегии на подучување во секојдневната настава;
  • интегрирано користење дигитална технологија и ИКТ алатки во своите училници;
  • Активна работа на E-Twininng порталот и успешно реализирани проекти

Врз база на поднесените документи, кон крајот на август 2021 година, Тимот за проектите од ООУ „Дане Крапчев“ Карпош Скопје  заедно со раководниот кадар во училиштето ќе ги избере наставниците кои најдобро ги исполнуваат наведените критериуми.

Избраните кандидати ќе бидат јавно известени на првиот Наставнички совет по направената селекција.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. 

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК  за изразување на интерес  на услугата образовна асистенција за учебната 2021/2022 година .
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Државeн натпревар по хемија

На 16.06.2021 година се  одржа Државниот натпревар по хемија  на кој учествуваше ученикот Алексеј Стојановиќ од VIII-3 одделение и освои трета награда.

   Честитки Алексеј  за постигнатиот успех и ти посакуваме  уште многу успеси во иднина!!!

Ментор-Елена Томевска

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА И ПРИРОДНИ НАУКИ

Државниот натпревар по Биологија и Природни науки се одржа на 12 и 13.06.2021 на Природно математичкиот факултет. Постигнатиот успех на нашите ученици е :

IV одд -Ведран Вељковиќ  III награда

ментор Наташа Јосимовска Георгиевска

V одд-Тара Спасиќ III награда

V одд –Матеј Китановски Пофалница 

Ментор Душанка Китановска 

VIII одд Алексеј Стојановиќ III награда

Ментор Душанка Китановска 

Се гордееме со нашите ученици и им честитаме за постигнатиот успех !!!!

Виртуелна средба во рамките на е-твининг проектот – Виртуелни пријатели

Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, денес повторно имаа средба со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, во рамките на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“.

Тие подготвија презентација за нашето училиште и зборуваа за плановите за време на распустот. Бидејќи учебната година завршува, а со тоа и нашиот проект, учениците си разменија контакти на социјалните мрежи за да продолжат и понатаму да комуницираат. Сите ученици изразија желба соработката да продолжи и понатаму, па можеби и лично да се запознаат.

Наставничката по француски јазик која го водеше овој проект, Анета Митевска, е задоволна и среќна што учениците успеваат со своите скромни познавање на јазикот, да комуницираат и да се разберат со своите пријатели од Франција. Уште поголем поттик за работа и нови проекти е што се гледа задоволството кај учениците и нивната желба за нови авантури.

Ние како училиште, ќе се трудиме да им овозможиме на учениците да ги применуваат стекнатите знаења и да почувствуваат лично задоволство од тоа.