Интензивно се подготувуваме за почетокот на новата учебна година во согласност со протоколите за работа на основните училишта. Вчера во нашето училиште беа означени со соодветни лепенки влезовите и излезите, како и училниците на паралелките од I до III одделение. Покрај тоа беа поставени диспанзери за хартија пред тоалетите, диспанзери за безконтактна дезинфекција, корпи за отпадоци со капак, упатства за однесување и држење растојание.
На 26 Август 2020 се одржа регионалниот натпревар по Природни науки и Биологија ,кој се реализираше со online тест на ClassMaker. На натпреварот земаа учество Алексеј Стојановиќ од 7 одд кој освои прва награда и Анастасија Тодевска од 8 одд. која освои втора награда. Ментор на учениците е Душанка Китановска.
Според остварениот резултат (бодови од општински+регионален натпревар до 73%) за учество на државниот натпревар се пласираше Алексеј Стојановиќ.
Му посакуваме успех и многу среќа во понатамошното натпреварување
Наставниот кадар и стручните соработници при ООУ„Дане Крапчев“ интензивно се подготвуваат за on-line наставата во новата учебна година. И оваа година на веб страната на нашето училиште, се изработува платформа “Учи од дома 2020/21”.
Од 18 до 21 август преку апликацијата Zoom се одржаа повеќе обуки со цел да се споделат искуства и знаења и сите наставници подготвени да ја почнат новата учебна година.
На 18 и 19 август се спроведе обука за користење на Google drive, за потребите на платформата– “Учи од дома 2020/21” на нашата веб страница. Обуката се состоше од насоки како секој наставник да направи папки, да прикачува материјали за учениците и истите да ги организира и споделува.
На 20 август се спроведе обука за користење на Edmodo. Беа дадени насоки како секој наставник да креира профил на Edmodo и групи за секоја паралелка. Потоа беше објаснето како учениците со кодовите кои ги добиваат од наставниците, да креираат профил и да се приклучат кон нивната група. На оваа платформа учениците ќе ги праќаат одговорите на зададените задачи. Откако наставникот ја прегледува задачата, ја бодува и на тој начин автоматски се прави портфолио на секој ученик. И наставникот и ученикот може да го следат напредокот. Со симулација сето тоа беше практично покажано.
На 21 август се одржа обука за користиње на апликацијата Zoom, како да се се отвори сметка, да се закаже и одржи час, како да се снима час со помош на оваа апликација.
Во таа насока, како дополнителна поддршка на мејл на наставниците им беа испратени кратки туторијали за користење на овие апликации. Исто така на платформата “Учи од дома 2020/21” се поставија туторијали наменети за учениците.
Обуките за Google drive и Edmodo ги водеа Анета Митевска, наставник по француски јазик и администратор на нашата веб страна и директорот Виолета Стоилевска, а обуката за Zoom ја реализираа одделенските наставници Тања Метикош и Елизабета Георгиевска.
На 4 јули, сабота, се одржа овогодинешниот регионален натпревар по математика. Големо браво за нашите натпреварувачи кои го прифатија предизвикот да учествуваат на првиот електронски натпревар и тоа за време на летен распуст 😊 Честитки 👏 за освоените награди, нека бидат мотивација за следни успеси! 4одд.- трета награда Христијан Гочевски Иваноски (ментор Билјана Трајановска) Дамјан Петровиќ (ментор Вилдана Суљовиќ) Александар Маџовски (ментор Даниела Салтирова) 6 одд. ментор Билјана Стојановска втора награда – Никола Милоскоски трета награда – Јана Саздовска и Михаела Димчова 7 одд. ментор Лиле Сарваноска втора награда – Алексеј Стојановиќ 8 одд. ментор Лиле Сарваноска втора награда – Јана Благојевиќ трета награда – Анастасија Тодевска
до почетокот на нормално функционирање на училишната библиотека, дел од лектирните изданија и друга литература може да прочитате или да слушате на некој од поставените линкови.
Творбата на ученикот Горазд Стојановски од 6-4 одд. под менторство на наставничката Јагода Филиповска е избрана меѓу наградените творби кои ќе бидат учесници на 41. Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ кој се одржува од 1969 година во Детското одморалиште РАДОСТИ – Охрид.
Учесниците со одбраните трудови ќе учествуваат три дена на завршната манифестација која што ќе се одржува Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД. За датумот на одржување учесниците ќе бидат дополнително информирани. Сојузот очекува дека состојбите со пандемијата ќе бидат значително подобрени во периодот што следува, па ќе бидат сосздадени услови за безбедно одржување на фестивалот, за што ќе бидат известени и учесниците и сите заинтересирани страни.
За Фестивалот ќе биде издаден и зборник на песни Крајезерски бранувања-41 Детски лирски треперења во кој ќе бидат застапени наградените песни, наградените творби.
Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа нѐ задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Кон нив треба да се однесуваме со должно внимание, ним треба да им овозможиме образование, со цел натамошен просперитет на човештвото.Треба свесно да сфатиме дека она што ќе се случува со општеството во иднина, во голема мера зависи од мудроста која ја пренесуваме на нашите деца.Упорноста, посветеноста, желбата и љубовта се основен двигател за успехот на нашите ученици. Еве и денес горди сме токму на нив, она што тие го создадоа, а се однедува подеднакво на сите е тоа кон што ние неуморно целиме преку учеството во проектот,, и јас имам глас” во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,, Чекор по чекор”. Голема благодарност до Дени кој трпеливо, онака како што навистина прилега на работата со деца, придонесе нашите ученици да создадат продукт кој искрено извира од нивните детски срца!
Уживајте во она што учениците на ,,Дане Крапчев” ви го подготвија!
Согласно препораките од МОН, со оглед на моменталната состојба со пандемијата, Ве известуваме дека свидетелствата за учениците од I – VIII одд. ќе се поделат на стартот на следната учебна година. Учениците кои имаат потреба да го подигнат свидетелството во овој период може да го исконтактираат одделенскиот раководител и да се договорат за термин.