Започнаа натпреварите!

Изминатава седмица беа одржани Училишните натпревари по Математика  и Општинскиот натпревар по предметот Физика за VIII и IX одд.

На училишниот натпревар по Математика за V одд. беа освоени следните места

Алексеј Стојновиќ V- 3 одд.  I место со освоени 85 поени
Тамара Вељковиќ V -3 одд.  
I место  со освоени 85 поени                                                            Димишковска Теона V -2 одд.  II место со освоени 80 поени

На општинскиот натпревар по Физика за VIII и IX одд. беа освоени следните места:

Општински натпревар по Физика за VIII одд.

Ивана Додевска I место со освоени 100 поени

Катерина Илиевска I место со освоени 96 поени

Петар Здравевски III место со освоени 70 поени

Симона Петровска III место со освоени 68 поени

Општински натпревар по Физика за IX  одд.

Лука Алексоски II место со освоени 86 поени

Матеј Трајчевски и Јован Јанковски III место со освоени 79 поени

Дамјан Атанасовски III место со освоени 77 поени

Петар Стефановски III место со освоени 72 поени

Влатко Ристески III место со освоени 67 поени

Владимир Грујовски III место со освоени 65 поени

 

 

 

 

 

Нашето училиште е добитник на грантот за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.

Со гордост Ве информираме дека нашето училиште е меѓу 38-те училишта во Република Македонија кои добиваат средства за средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Списокот на избраните училишта можете да го видите тука

http://www.mon.gov.mk/Листа на основни училишта кои добиле грант

 

 

106 години од раѓањето на нашиот патрон Дане Крапчев

Во 1912 година во едно студено и магливо утро на 2 февруари во семејството Крапчеви се роди уште едно машко дете кое го доби името Дамјан-Дане.

Неговиот татко беше роден во Прилеп, а работеше како чиновник во Шумадија и повеќе градови во Македонија, најдолго во Скопје. Па така своето образование Дане го стекна на разни места. По завршување на гимназијата се запиша на Правниот факултет во Белград.

Наскоро умираат мајка му и најстариот брат. По оваа случка се одделува од родителскиот дом се населува во Дебар Маало (Скопје) каде живее под кирија доста скромно и бедно. Поради немање материјални средства принуден е да се вработи и вонредно да ги продолжи студиите. Болката се надополнува со длабокиот револт во душата од злосторничкиот режим. Потресен од суровите сцени Дане си даде завет дека ќе ја види сопствената татковина и сопствениот народ слободни.

Почетните месеци од 1941 година беа обележани со крупни настани. Дане сметаше дека тогаш може да покаже сé што дотогаш научи. Тоа и го стори. Истата година застана под знамето на тогашната КПЈ и неуморно се подготвуваше за долгоочекуваната офанзива што требаше да се случи во 1944 година. Со формирање на Првиот скопски партизански одред Дане беше одреден за политички комесар и со својата чета дејствуваше на Скопска Црна Гора.

Се случи и тој очекуван пролетен настан кога се вклучи кон партизанските единици назначен како политички комесар. Поседуваше високи квалитети и способност истите да ги пренесе и на другите борци. Неговото учество во НОБ беше од огромно значење за подигањето на борбениот дух кај сите партизански сили и секогаш живееше со мотото дека по бурата ќе се појави светлината.

Но за жал тој беше еден од оние борци кој не успеа да и се восхити на светлината. Токму во таа 1944 година на 24 Мај кога батаљонот тргнуваше во еден од последните јуриши во бујната, шумовита Плачковица залутан куршум го најде своето место токму во телото на Дане. Во тој миг згасна еден млад живот, храбар борец и смел син на нашата татковина. Згасна во најубавото годишно време –пролетта, во најубавиот месец мај и овој месец го закити со уште една значајна дата.

Тешка беше загубата. Остана закопан во пазувите на планината, со себе ја закопа војната, а ни ја подари слободота.

Како ученици во ова училиште горди сме што учиме во училиштето коe го носи името на човек кој целиот свој живот го посвети на татковината. Чувствуваме должност гордо да се поклониме пред бистата на Дане Крапчев, да положиме свежо цвеќе, затоа што тој со својот боречки револуционерен и неуморен дух стана причина за нашата гордост.

Иако тој не е веќе меѓу нас , не може да се заборави еден таков човек кој служи како пример на секој млад човек, за тоа како треба да се сака татковината.

Награда – „Големата мајка“

Годината ја зпочнуваме со убава вест! Имено, пред новогодишните празници  градоначалникот Борис Георгиевски, ја додели наградата „Големата Мајка“  за посебни достигнувања и афирмација на општина Гази Баба за 2017 година, кое е највисоко признание на општината.

Наградата за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието ја доби  Елизабета Георгиевска, одделенски наставник, во нашето училиште . Таа е автор на краткиот  видео спот „Спот за промоција на училишната клима“ со кој го освои првото место на Меѓународниот едукативен филмски фестивал КРЕФ , со што придонесе за промоција на училиштето, нашата општина и образованието на Република Македонија.

Со желба за успешна работа и понатамошно постигнување на врвни резултати им ја честитаме Новата година на сите ученици, вработени, родители и соработници!

Нека ни е среќна и успешна Новата 2018 година!

This slideshow requires JavaScript.

Новогодишен базар

На 26.12.2017 год. во холот на нашето училиште во празнично расположение и пријатна атмосфера се одржа Новогодишен базар во рамките на програмата за соработка со родителите. Во организацијата и реализацијата на овој настан се вклучија голем број родители. На сите родители кои се вклучија во оваа активност  неизмерно им  благодариме за нивното залагање, одвоеното време и средства.  Собраните парични средства од базарот ќе се искористат за подобрување на условите за работа и учење во нашето училиште.

Тим за соработка со родителите

 

 

КАКО ОД СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА ПРАВИМЕ ИНВАЛИДИ БЕЗ ИНВАЛИДИТЕТ

– Сине, еве ти бурек покрај креветот.
– Остави ме, тато, спијам.
– Сине, ти оставив ручек на масата. Ќе ти се олади.
– Добро, мамо, гњавиш. Не сум гладен.
– Душо, еве ти пари. Стигна пензијата. Те сака дедо.
– Е, остави ги таму…
– Брат, ај да излеземе, убаво е времето…
– Ме мрзи…

Навечер, кога мајката се враќа дома од работа.

– Сине, уште не си ручал? Ќе си го расипеш стомакот.
– Е, не сум гладен, остави ме веќе, гледаш дека сум зафатен.
– Сине, ќе се уништиш така.
– Слушај ти, немој така да разговараш со мене. Јасно?!

И така во круг.

Таткото плашливо му носи бурек на синот в кревет – да не се мачи детето и да ги „троши“ нозете до продавница.
Мајката сè му поставува, му приготвува, му ја средува собата додека синот прави „големи“ работи… игра видеоигри и живее во својот виртуелен свет.

– Буууум, трас, уууу, аааа, ок, фак, бате, екстра, значи, лудило…

Ова е опис на еден мој познаник, кој, подоцна стана наркоман.
Класична зависничка структура на личноста, неспособна и неподготвена за самостоен живот…
Ништо не убива како „љубовта“ на родителите и тоталната попустливост.
Кога ќе се постават кон детето како тоа да знае сè однапред, а тие не знаат ништо.
Во меѓувреме, тоа дете ќе наврши триесет години и понатаму ќе добива појадок во креветот за што никогаш не вели ни „фала“, а згора на тоа полудува кога ќе го разбудат.

Знам преку десетина вакви примери како од сопствените деца, во поголема или во помала мера, создаваат инвалиди без инвалидитет.
Или ги корумпираат со пари како врв на нивната љубов или им ги скратуваат рацете и нозете со својата попустливост.
Аргументот на родителите е дека тие во младоста немале ништо, дека многу се мачеле – па барем нивните деца да не се мачат.
Што повеќе му даваш некому, го навикнуваш на нешто до кое не дошол самиот.
Му ги врзуваш рацете со сопствени сили да се избори за тоа што му треба.

Се создаваат навики „лесно ќе го направиме тоа“ и кога тоа ќе се примени во животот надвор од домот, настануваат проблеми.
Наместо потешкиот пат, секогаш се избира полесниот со што се убива љубопитноста и можноста за создавање самостојна личност.
Таткото наместо да биде човек од волја и со карактер, подготвен да повлече и да пресече, станува предмет на потсмев и трчкало. И мајката исто. За бабата и дедото да не правиме муабет – што знаат тие, глупи старци, досадувачи, будали, фосили.
И така со години, сите се глупи, лоши, вакви, онакви, додека господинот или госпоѓицата не се „надуваат“ па барем малку да им биде полесно.
За нив сè е гнило, пропаднато, бесмислено, сè заморува, не сфаќајќи дека така е пред сè во нивните глави.
И дека тие се оние чие однесување најмногу заморува и ја убива волјата за живот.

Автор: Стефан Симиќ

http://www.fakulteti.mk
Објавено на 17.12.2017 во категорија Живот 
Подготвил: Б.Б.

Посета на кино претстава

На 07.12.2017 год. учениците од V одделение со нивните одделенски наставници според планот за воннаставните активности ја реализираа планираната посета на кино. Учениците беа во кино „Милениум“ и го следеа детскиот игран филм  „Мечето Падингтон 2“.

Омилениот лик на култната англиска серија сликовници, мечето Падингтон се враќа на големото платно со нови авантури. Сега, кога мечето Падингтон среќно се сместило кај семејството Браун, како рамноправен член на заедницата, шири радост и љубов каде и да оди. Во потрага за совршен роденденски подарок за стотиот роденден на својата сакана тетка Луси, Падингтон налетува на една совршена книга во антикварница, но ќе мора да заврши неколку работи за да може да ја купи. Но, кога ќе открие дека книгата е украдена, Падингтон и Браунси ќе мора да тргнат во потрага по крадецот.

This slideshow requires JavaScript.

 

 

ЗНАЦИ ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ ИМА ОДЛИЧЕН НАСТАВНИК

Родителите понекогаш ги критикуваат наставниците за секакви работи, кои имаат или немаат врска. Некогаш, постои оправдана причина за тоа, но не секогаш. Бидете меѓу оние кои знаат да ги препознаат квалитетите на наставникот и родител кој ги почитува луѓето кои се одговорени за пренесување на знаењето на неговото дете. Ова се некои работи кои ќе ви помогнат да бидете сигурни дека вашето дете има добар наставник.

Детето е среќно 

Ако вашето дете оди среќно на училиште, дури и по лоши оцени или пред тест, може да бидете сигурни дека наставникот е одличен. Само добриот наставник може да ја пренесе желбата за учење на детето.

Наставникот има големи очeкувања од секого 

Добриот наставник сака секое дете во неговото одделение да постигне што подобар резултат и нема да се откаже од детето кое ќе се покаже како полош ученик, туку ќе му даде поттик и мотивација.

Знае да решава конфликти 

Наставникот кој знае рамноправно да се однесува кон децата кога учествуваат во кавга заслужува секаков почит. Таквиот наставник го почитува секое дете и се чувствува сигурно во неговото одделение бидејќи знае дека нема да биде неправедно казнето.

Издвојува време за пофалби 

Наставникот кој знае да пофали дете, а не само да наведе проблем, е личност која ги мотивира децата да се трудат за да добијат најдобри резултати. Ова е знак дека наставникот е присутен и знае што се случува со секое дете.

Му помага на секое дете посебно 

Наставниците поминуваат многу време со децата и може да забележа кога некое дете има потреба од дополнителна помош. Најдобрите наставници на детето и да родителите ќе им даде конкретен предлог како да ги совладаат потешкотиите.

Свесен е за важноста на комуникацијата 

Детето ќе има многу поголеми шанси за добар успех на училиште доколку наставникот соработува со родителите и обратно. Важна е честата и отворена комуникација, како родителските состаноци, отворените врати и писмените пораки. Добриот наставник ќе го повика родителот и на телефон доколку е загрижен.

Има јасни цели 

Ефикасноста на еден наставник се гледа во неговата организираност. Тој на учениците јасно ќе им покаже што треба да научат, кои се нивните задачи и од што зависи оцената. Нивниот час има структура и е јасен. Наставникот им дава можност за вежбање нови вештини на учениците и им поставува нови цели.

Ги ангажира учениците и ги поттикнува да размислуваат критички 

Добриот наставник ги стимулира децата константно да прашуваат „Зошто?“. Тој не дозволува доминација на еден ученик над сите.

Се интересира за детето како личност 

Добриот наставник е топла личност која се грижи за своите ученици. Редовно е тука за разговор, учествува во активностите во училиштето.

Добро го познава материјалот 

Добриот наставник е експерт во предметот кој го предава и константно учи за да биде во тек. Знае да ја претстави лекцијата со ентузијазам.

http://www.fakulteti.mk
Објавено на 29.12.2015 во категорија Образование
Подготвил: Драгана Петрушевска

Промоција на нашето училиште

Во ноемврискиот број на новото списание за ученици „Либи“ во издание на „Арс Ламина – публикации“  http://literatura.mk/   во рубриката „Брависимо“ пишува за успехот на нашето училиште постигнат на Филмскиот фестивал КРЕФ.

 

ЕКО ПАКЕТ-Македонија

На 21-11-2017 во нашето училиште се одржа работилница за наставници  во рамките на проектот ЕКО ПАКЕТ-Македонија со што официјално го означуваме стартот на овој еко проект. Проектот  се реализира во соработка со НВО „ОХО” и компанијата „Пакомак”, а оваа година целна група се учениците од I до  V одд..

Целта на проектот е запознавање на учениците, наставниците , родителите  и локалната средина за употребната важност на тетрапак амбалажата. Тетрапак амбалажата доколку се селектира од останатиот отпад е погодна за рециклирање. За да ја постигнеме таа цел во училиштето ќе бидат поставени соодветни корпи за селектирање на тетрапак амбалажа, со што ја означуваме првата фаза од проектот. Еден дел од собраниот амбалажен отпад ќе се искористи за изработка на уметнички дела од учениците под менторство на одделенските наставници, а останиот дел ќе се предаде на компанијата “Пакомак” со цел истиот да се одложи соодветно. Најуспешните дела ќе се ипратат на национален награден конкурс во организација на НВО  „ОХО” и компанијата „Пакомак” кој е планиран за месец мај.

За сите подробности во врска со конкурсот   тековно ќе Ве информираме.

 Ве повикуваме да го направме првиот чекор од проектот   и заеднички да отпочнеме со собирната акција на ТЕТРАПАК амбалажа!!!!

This slideshow requires JavaScript.