Тимот на Црвен крст во нашето училиште изминатата недела го одбележа Светски ден на дијабетесот .
Учениците изработија едукативно пано,презентација и реферат со корисни информации за оваа заболување,со цел да допринесат за превенција и подигање на свеста кај јавноста за дијабетесот.
Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.
Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.
Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.
Во прилог ги споделуваме изработките на нашите ученици: Ева Стојмановска, Марија Трајковска, Калина Павлевска и Мила Николова.
Одговорен наставник за активноста – Бојана М. Личева.