На 30.10.2024 , учениците од VI до XI одд,учествуваа на работилница во рамките на проектот кој се реализира во соработка со Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) , Општина Гази Баба и нашето училиште OOУ “Дане Крапчев”.
На работилницата учениците се запознаа со поимот еколошки отпечаток.
Еколошки отпечаток е мерило за степенот на човековата побарувачка и искористување на екосистемите на планетата Земја. Тоа е стандардизирана мерка за експлоатацијата на природниот капитал наспроти еколошкиот капацитет на планетата за регенерација. Така што го претставува неопходното количество на биопродуктивно земјиште и море што е нужно за да се задоволат потребите на човештвото за секојдневната потрошувачка на ресурси и асимилација на произведениот отпад.
Учениците имаа прилика да одговорат на прашалник кој ќе им даде слика за тоа каков еколошки отпечаток прават како индивидуи, а добија и едукативни материјали со совети кои доколку ги применат во секојдневието ќе допринесат за одржувањето на еколошкиот капацитет на нашата планета.
Немаме резервна планета, секој од нас има одговорност за животната средина !
Благодарност до едукаторите кои ја реазлизраа ова интересна работилница
Реализирал-Еко тимот на училиштето.
Одговорни наставници: Бојана Личева, Душанка Китановска и Билјана Јовчева.