СВЕТОТ Е ПОУБАВ КОГА ГИ ПОЧИТУВАМЕ И ПОДДРЖУВАМЕ ДЕТСКИТЕ ПРАВА
Во рамките на активностите за Детската недела, нашите вредни ученици преку креативни работилници, цртежи и пораки ни покажаа колку се важни детските права и нивната среќна иднина!
Преку своите изработки, учениците не потсетија на:
Правото на глас и мислење
Правото на игра и дружење
Правото на образование и развој
Правото на љубов, грижа и безбедност
Преку бои, насмевки и заедничка работа, уште еднаш ги истакнавме вредностите кои секојдневно ги негуваме во нашата училишна заедница.
Секој глас на детето заслужува да се слушне!
