22 Април – Ден на планетата Земја

По повод 22 Април – Денот на планетата Земја, учениците од нашето училиште реализираа низа креативни и едукативни активности посветени на зачувување на природата и подигање на еколошката свест.

Преку цртежи, пораки, еко-работилници и квизот „Колку ја познавам планетата Земја?“, учениците учеа за значењето на чистата животна средина и важноста од грижата за нашата планета.

Со својата креативност и ентузијазам, тие испратија силна порака дека секој мал чекор придонесува за почиста и поздрава иднина.

Да ја чуваме природата, да рециклираме, да садиме дрвја и да создаваме подобар свет за идните генерации.