2 Април – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ!

Специјалниот едукатор и рехабилитатор Катерина Банџо и одделенските раководители на V-3 Христина Петровска и на V-4 Весна Димовска, реализираа работилници за подигање

на свеста за аутизмот.

Беа споделени пораки од страна на учениците со цел поголемо прифаќање, поддршка и почитување на различностите.

Да создадеме подобар инклузивен свет за овие лица!