14 Ноември како Светски ден на дијабетесот

Светската здравствена организација (СЗО) вo 1991г. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот, чиј број на заболени денес изнесува 382 милиони лица ширум светот.

За да ја подигнеме јавната севест за ова заболување, но и да дадеме подршка за луѓето кои водат битка со дијабетесот ,учениците од тимот на Црвен крст изработија едукативно пано и реферат на оваа тема.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови. Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Кои се најчестите последици од дијабетес?

Со текот на времето, дијабетес може да биде причина за оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите.

Превенција

Едноставни мерки  може да бидат ефикасни во спречување или одложување на почетокот на дијабетес и компликациите предизвикани од него потребно е:

  • постигнување и одржување на здрава телесна тежина;
  • физичка активност со умерен интензитет најмалку 30 минути дневно.
  • консумирање три до пет порции дневно овошје и зеленчук и да се намали внесот на шеќери и заситени масти;
  • да се избегнува употребата на тутун – пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести

Паното го изработија и уредија  ученичките Мила Донева и Луна Јакимовска од IX-2 одд..

Изразуваме благодарност до родителот Г-ѓа Јакимовска за обезбедените едукативни материјали на оваа тема.