На 14 март, на плоштадот „Шандор Петефи“ во Драчево, се одржа свечена манифестација по повод 15 Март – симболот на унгарската револуција и борбата за слобода.
Во присуство на амбасадорот на Унгарија, претставници од здружението „ТЕЛЕДОМ“, градоначалникот на Општина Кисела Вода и бројни гости, нашите ученици уште еднаш покажаа дека креативноста не познава граници.
Наградени за своите творби посветени на Лајош Кошут:
Илина Нестороска (6-2) – Прва награда
Леона Арсова (6-2) – Трета награда
Ања Мицевска (6-2) – Пофалница
Поетските творби пред присутните емотивно ги пренесе ученичката Бојана Филипова (6-2).
Упатуваме искрени честитки до вредните ученички и нивниот ментор, Катица Стојчевска, за одличното претставување на нашето училиште!

