УЧЕНИЦИ СО КОНТИНУИРАН ОДЛИЧЕН УСПЕХ И ПРИМЕРНО ПОВЕДЕНИЕ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА 2011/2020 И УЧЕНИК-ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ВО ООУ„ДАНЕ КРАПЧЕВ“ СКОПЈЕ

Генерација 2011/2020.

Генерација што долго време ќе се памети во историјата на ООУ “Дане Крапчев”. Генерација со ученици што постојано се залагаа да бидат секој ден се подобри и подобри. Генерација со ученици со огромен натпреварувачки дух, ученици со голема самодоверба и пожртвуваност за своето училиште-нивниот втор дом, ученици со желба да го промовираат своето училиште на најдобар начин. Благодарение на нив, на нивното учество на најразлични домашни и меѓународни манифестации, за нашето училиште се слушна насекаде во нашата татковина, а и надвор од неа. Благодарение на нив нашето училиште се вбројува меѓу најуспешните училишта.

Од сите ученици во оваа генерација посебно ги издвојуваме учениците со континуиран одличен успех и примерно поведени во текот на целокупното нивно осново образование. Тоа се учениците:

Тијана Антовска, Михаил Јневски и Леон Станчески од IX-1

Ема Котеска, Марија Колевска, Марио Илиевски и Марко Смилевски од IX-2

Аделина Ајваз, Михаела Стојменовиќ, Јана Стоилевска, НиколаСтојменовиќ и Павел Наневски од IX-3

Вероника Неделковска, Јане Ѓорѓиевски и Методија Тасевски од IX-4.

Од нив кандидати за титулата Првенец на генерација беа пријавени учениците Марија Колевска, Марко Смилевски, Методија Тасевски и Павел Наневски. Комисијата за прогласување на Првенец на генерација според однапред утврдени критериуми ги врднуваше постигањата на овие ученици и ја направи следната ранг листа:

          Истата беше дадена на усвојување на Наставнички Совет одржан на 04.06.2020 година и едногласно беше усвоена. Според тоа Пренец на генерацијата 2011-2020 е ученикот Павел Наневски од IX-3.

Честитки за Павел Наневски. Голема благодарност до останатите кандидати за првенец на генерација.

Честитики до учениците со континуиран одличен успех и примерно поведение и честитики до сите останати ученици од оваа генерација. Многу успех во понатамошното школување и во животот.