Освоено I и III место на 17-от Републички литературен детски фестивал ,,Ракатки-2021,,

На 17-от Републички литературен детски фестивал ,,Ракатки-2021,, во Категорија основно образование од седмо до деветто одделение нашиот ученик Алексеј Стојановиќ од VIII-3 одделение Ментор: Елена Малинова освои I место со литературната творба: ,,За сите деца во светот,,

Ученичката Лорина Јакимовска од IX-4 одделение Ментор: Катица Стојчевска освои III место со литературните творби: „Мојата општина“ и „Мојот татко“

Од избраните творби ќе се испечати книга-алманах. Секој награден учесник ќе добие диплома и алманах.

Фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец мај 2021 г.

Резултатите од избрани творбите за XVII- Републичкиот литературен детски фестивал „Ракатки –2021“, се објавени во дневниот весник Нова Македонија -Колибри на ден 23.2.2021 (вторник).

Честитки на учениците за освоените награди и им посакуваме уште многу успеси во иднина!